Ситуацијата сега во вториов круг е толку многу заебана и забегана што сакале-нејќеле мора да гласаме за Пендо (ова си е лично мое мислење како граѓанин кој нема парт.книшка од ниту една партија). Не дека оваа власт на З.З. е добра и ја заслужила нашата поддршка и глас туку од проста причина поради тоа што неизлегувањето и во втор круг на голем број на ај така да се изразам неопределени граѓани автоматски им дава поголем простор на ДПМНЕ за да извршат уште посилен удар врз СДСМ бидејќи факт е дека ДПМНЕ и покрај се има стабилно и забетонирано гласачко тело од 300 000 граѓани, па таму и магаре да им постават за лидер на партијата они пак ќе го гласаат и ќе му се клањаат, бог да чува и да брани, а од друга страна власта е значајно ослабена за нецели две години владеење така да и двете партии се изедначени во првиот круг гласање односно 300 илјади контра 300 илјади што буквално значи дека во вториот круг и двата кандидати имаат подеднакви шанси за триумф !
Сосема друга би била работата да на пр. власта беше во предност пред опозициската ДПМНЕ едно 100ина илјади гласови во првиот круг, но они имаат само незначајни 4500 гласови предност ![DOUBLEPOST=1556896314][/DOUBLEPOST]
Под неутралност подразбирам тоа што не сум член на ниту една партија, немам книшка од ниту еден штаб, никој не ме бара од никаде да лепам плакати по бандери и да веам знамиња по митинзи, ниту од СДСМовски штабови, ниту од ВМРОвски штабови, значи сум од онаа маса на неопределени граѓани што не се ни ваму ни таму и по своја воља ќе си одлучат како ќе постапат, а лично мислам дека концептот на Пендаровски е подобар од концептот на опозицискиот кандидат Сиљановска и како тоа по автоматизам ме прави СДСМовец тоа што себеси повеќе се пронаоѓам како личност со господинот Стево П. без разлика на неговата партиско-политичка припадност !