ГРУЕВСКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ
Темата на овие избори не е дали ќе избереме претседател или не. Темата на овие избори е дали ќе го вратиме Груевски на власт или не.
Авторот на текстов е Михајловски, еминентен „журналист“.
Нивото е на журналист од партиски весник.
Изнапишал текст со главна мисла и порака „Зарем Груевски ќе го вратиме?“ Јас би рекол, камо воопшто да не го тргнаа. Сега ни држава имаме, ни економија ќе имаме, ниту било што...
Се спомнуваат прислушуваните материјали. Ми изгледа имбецилно сами себе да се прислушуваат врвните луѓе од партијата на власт и на државата. Многу лесно го заборавивме Верушевски. Мислите дека е невин ако некој се откажал од гонење? Оние „шепкачи“ мислите дека самите делувале? Дека Верушевски нема замешано прсти? И дека истиот туку-така може непречено да си игра мајтап со државата и сите нас?
Се повикува Груевски да си лежи за пресудата за риминал. Да, и јас сум за тоа, ама Груевски има легитимно право да не го признае тенденциозното судство кои очигледно го осуди за непостоечко противзаконско дело. Заев ја имаше таа привилегија, па и неколку пати да е „амнестиран“. Од авион се гледа дека за Мерцедесот нема никакво дело, а и пресудата не е за криминал.
„Еминентниов журналист“ се плаши до 12 мај Иванов каква пакост ќе направел. Труп. Па Заев државава ја растури, уништи... и око не ти трепнува. Иванос се бори за македонското и те плаши. Дно од човек.
За 27 април се прашува „што ако успееше пучот“? Каков пуч бе неграмотен еден. Каков пуч имаше? Влегоа ли тие да направат пуч против Иванов, против техничката влада на ВМРО ДПМНЕ (во оставка), против Трајко Велјановски? Таа беше тогаш актуелна власт.
Дали да се врати Груевски на власт? Не, нема повеќе да се врати, ама ќе беше добро ако останеше, барем во тој период. Ама за власт, Заев се здружи со оние кои не и мислат добро на Македонија.