Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
И првоборците и спомениците од НОБ им сметаа. И Рацин бил кодош. Се исмеваа со Македонецот, неговите дејци, газеа, се исмеваа, загрижените за АСНОМ.
Човекот од Небрегово ја србизира нашата азбука. Неговата величина е огромна, ама за србизирањето нема величина.
http://www.mn.mk/kultura/492-blaze-konevski?format=pdf
Значи биле во заблуда оние кои направиле спот со дело од Конески.

https://www.facebook.com/NGruevski/videos/блаже-конески-молитва/10156501321292716/

Требало од Кнчев нешто да смислат. Спаси ме Боже
 
Последно уредено:
Човекот од Небрегово ја србизира нашата азбука. Неговата величина е огромна, ама за србизирањето нема величина.

Ти си огромно говно на пример, коа сме кај огромности веќе.

Нема да ти го пријавам тајно постот, туку јавно....и да се извиниш, смрдле необразувано!
 
Во контекст на овие константни децениски напади врз нашата јазична историја.

Исечоци од интервју од крајот на 90тите со г-ѓа Коробар-Белчева, директор на Институтот за македонски јазик

„Конески е напаѓан постојано, за жал, од многу одамна, од 1948 година, кога велеа дека литературниот македонски е „вештачка творба, т.е. јазик на скопските титовисти“, се до неговата смрт. Јасен е стремежот да се урне угледот што го имаат и нашата наука за јазикот и нејзиниот основоположник, Блаже Конески. Точно е дека во одреден период на развојот на македонскиот јазик, па и денес, србизмите се впечатливо присутни. Но, да се тврди дека тоа е дело на Конески во најмала рака е невкусно. Нападите врз нашата јазична норма се атакување врз столбот на Македонија - јазикот. А доаѓаат или од центри надвор од земјава, од чисто политички причини, или од поединци што со ништо не придонеле за неговиот развој и афирмација.“

„Обвинувањата дека Конески го србизирал македонскиот јазик се многу тешки и навредливи. Точно се знае од кој центар доаѓаат и каква им е целта. Не сум сретнала написи од македонисти на таа тема. Тие што го напаѓаат во нашата земја се главно луѓе со други професии што по секоја цена сакаат да бидат присутни во јавноста. Треба добро да се познава делото на Конески за да може да се напаѓа. Конески беше човек со големи доблести и извонредни лингвистички способности. Па, него со право го нарекуваат духовен творец на Македонија. Писателот Петре М. Андреевски по еден повод убаво рече: „Камо среќа на секои сто години да ни се раѓа по еден Конески“. Покрај тоа, македонскиот литературен, или уште поточно, стандарден јазик, е кодифициран пред сј на народна основа и сосема е видлива неговата блискост со народниот јазичен израз. Исто така, нашиот литературен јазик не се создаваше во 1945 година од Конески со група луѓе во Комисијата, ами се градеше и се оформуваше со векови. Зарем ќе ја заборавиме јазикотворечката дејност на Крсте Мисирков и на неговите претходници? Впрочем, сите образувани луѓе, не само во Македонија, убаво знаат дека Конески само ги реализирал визиите на Мисирков за македонскиот литературен јазик, а тој, Мисирков, сигурно не го србизирал македонскиот јазик.“

„Обвинувањата постојат речиси цело столетие. Тие особено зачестија во последните години, откако се зголеми афирмацијата на Република Македонија во светот. А Конески е напаѓан постојано, за жал, од многу одамна, од 1948., кога велеа дека литературниот македонски е „вештачка творба, т.е. јазик на скопските титовисти“, сј до неговата смрт. Јасен е стремежот да се урне угледот што го имаат и нашата наука за јазикот и нејзиниот основоположник, Блаже Конески.
Точно е дека во одреден период на развојот на македонскиот јазик, па и денес, србизмите се впечатливо присутни. Но, да се тврди дека тоа е дело на Конески во најмала рака е невкусно.“

„Ставот на Институтот е многу јасен. Нападите на нашата јазична норма и на делото на Конески се големо и тенденциозно атакување врз македонскиот јазик, врз столбот на нашата куќа што се вика Република Македонија. А го напаѓаат или одредени центри надвор од земјава, од чисто политички причини, или поединци што со ништо не придонеле за неговиот развој и афирмација.“
 
Последно уредено:
@Lurtz не е свесен колку е бос. Не се моча по нога, туку по фаца сам си моча и горд е на тоа. Не вреди наносекунда изгубена за ова ѓубре...учкарине не ме навредуваат вака како него. У штала е одгледан.
 
А нели е малку глупо да се дискутира за азбуката кога скоро пола држава не е по наша контрола многу Македонци имаат бугарски пасоши најголем дел од младите на кои родителите им се средна класа ја напуштиле или ќе ја напуштат државата и што e најважно веќе не сме ни граѓани од втор ред а на прво и второ место не се ниту Србите ниту Бугарите па за да ги обвинуваме нив и да ги гледаме како најголеми непријатели туку двете најголеми малцинства кои најверојатно ќе му пресудат на овој народ.
 
Воведувањето на нови букви во 1945, не е просто зашто комунистите сакале да не одалечат од Бугарите и да не приближат кон србите. Влече корени поназад во историјата, Крсте Мисирков(за македонцките работи), (а и Петар поп Арсов ги користи во „стамболовштината во Македонија“), воведува нови букви кои произлегуваат од потребата за адаптација на писмото кон говорот; i, к‘, г‘, н‘, л‘ се од него предложени букви соодветно подоцна ј, ќ, ѓ, њ, љ. Џ ја воведува Караџич но води потекло од романската кирилица од 15 век. Ѕ ја има единствено во македонската варијанта на кирилицата и води потекло од црковно-словенскиот писмо.Бугарите ја исфрлаат некаде 18 век, србите нешто подоцна..... Секој словенски јазик прави соодветни корекции во азбуката, сите словенски народи го направиле тоа, нема ниту една актуелна азбука кој 100% да е еднаква со првата кирилица на Св. Климент.
Јазикот е кодификација на централните говори (велешкиот дијалект) како говор со нај малку влијание од србизми и бугаризми, пак идеја предложена од Крсте Мисирков.
 
А нели е малку глупо да се дискутира за азбуката кога скоро пола држава не е по наша контрола многу Македонци имаат бугарски пасоши најголем дел од младите на кои родителите им се средна класа ја напуштиле или ќе ја напуштат државата и што e најважно веќе не сме ни граѓани од втор ред а на прво и второ место не се ниту Србите ниту Бугарите па за да ги обвинуваме нив и да ги гледаме како најголеми непријатели туку двете најголеми малцинства кои најверојатно ќе му пресудат на овој народ.
Pa glupo e, ama mora nesto da se meli, da se defokusira, za polesno da pomine ona sto zajkov resil da go turka po sekoja cena.
 
Многу Македонци имаат бугарски пасоши најголем дел од младите на кои родителите им се средна класа ја напуштиле или ќе ја напуштат државата.
А шо треба да значи тоа?
Дека политичарите си ја гледаат својата лична корист т.е криминалот, перењето на пари.Народ нека јади трошки, шо го е*ам. Во круг, денес едни, утре други и се така до без крај. Продавање празна слама, дека конечно ќе почнат да мислат на народот, се додека не седнат на фотеља. Е затоа сакам во ЕУ,шо побрзо тоа подобро.
 
Пријателче гледај ти да успееш некако да влезеш во ЕУ зошто нашата држава најверојатно никогаш нема да влезе зошто нема ни да постои.
 
Ок ова отиде во историја сега, еве само една работа, нема да пишувам за тоа повеќе во оваа Генерална дискусија.
Ако има една реченица која најдобро го опишува македонската историја, идентитет, јазик, азбука тоа е од автобиографијата на Прличев.
http://www.promacedonia.org/gp/avtob_16.html
Времето оште не беше сгодно; г'рцизма в Охрид от векове беше се вкоренил и досега все рас'л и рас'л; б'лгарин б'лгарина наричаше "шоп"; б'лгарската азбука само на трима беше известна и се наричаше с'рбска;
Ете - кирилицата била позната на тројца во Охрид. Во било која форма, дали со ћ и џ, дали со ' i ја, небитно. Второ, тогаш је викале српска азбука, за да покасно научат дека тоа всушност била бугарска (како што покасно стана македонска). Трето, не е арно да Бугарите од Македонија да ги нарекнуваат Бугарите од Бугарија за шопи. Демек, немало потреба за диференцијација.
Од Прличев до Коневски многу се имаат закрвавени односите помеѓу Србите и Бугарите, ама ние со тоа немаме ништо.
 
Пријателче гледај ти да успееш некако да влезеш во ЕУ зошто нашата држава најверојатно никогаш нема да влезе зошто нема ни да постои.
Па ако така размислуваш, и со ова темпо ако се продолжи шо ќе е поразлично?
 
Па ако така размислуваш, и со ова темпо ако се продолжи шо ќе е поразлично?
Не можеш поинаку да размислуваш кога иднината и е многу црна на државата.А малку ако ги разбираш работите ќе видиш дека е така.[DOUBLEPOST=1544478775][/DOUBLEPOST]
Ок ова отиде во историја сега, еве само една работа, нема да пишувам за тоа повеќе во оваа Генерална дискусија.
Ако има една реченица која најдобро го опишува македонската историја, идентитет, јазик, азбука тоа е од автобиографијата на Прличев.
http://www.promacedonia.org/gp/avtob_16.html
Времето оште не беше сгодно; г'рцизма в Охрид от векове беше се вкоренил и досега все рас'л и рас'л; б'лгарин б'лгарина наричаше "шоп"; б'лгарската азбука само на трима беше известна и се наричаше с'рбска;
Ете - кирилицата била позната на тројца во Охрид. Во било која форма, дали со ћ и џ, дали со ' i ја, небитно. Второ, тогаш је викале српска азбука, за да покасно научат дека тоа всушност била бугарска (како што покасно стана македонска). Трето, не е арно да Бугарите од Македонија да ги нарекнуваат Бугарите од Бугарија за шопи. Демек, немало потреба за диференцијација.
Од Прличев до Коневски многу се имаат закрвавени односите помеѓу Србите и Бугарите, ама ние со тоа немаме ништо.
Ние имавме шанса од 91 до 01 да направиме силна национална и економска држава и не успеавме.Се е џабе после војната веќе кога Македонија не е веќе држава.
 
.......[DOUBLEPOST=1544478775][/DOUBLEPOST]
Друже, среќен пат утре, и убаво да се прилагодиш каде и да одиш, многу пари да спечалиш. :) Се надевам нема да не заборавиш на форумов. (y)
 
Друже, среќен пат утре, и убаво да се прилагодиш каде и да одиш, многу пари да спечалиш. :) Се надевам нема да не заборавиш на форумов. (y)
Ајде фала брат да ти се враќа.И запамети што ти кажувам иако сум многу млад верувај дека никогаш нема да биде подобро така да ако има некаков план пробај зошто туку секако е лошо.А и за нас Македонците секако нема место повеќе во државата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom