Во контекст на овие константни децениски напади врз нашата јазична историја.
Исечоци од интервју од крајот на 90тите со г-ѓа Коробар-Белчева, директор на Институтот за македонски јазик
„Конески е напаѓан постојано, за жал, од многу одамна, од 1948 година, кога велеа дека литературниот македонски е „вештачка творба, т.е. јазик на скопските титовисти“, се до неговата смрт. Јасен е стремежот да се урне угледот што го имаат и нашата наука за јазикот и нејзиниот основоположник, Блаже Конески. Точно е дека во одреден период на развојот на македонскиот јазик, па и денес, србизмите се впечатливо присутни. Но, да се тврди дека тоа е дело на Конески во најмала рака е невкусно. Нападите врз нашата јазична норма се атакување врз столбот на Македонија - јазикот. А доаѓаат или од центри надвор од земјава, од чисто политички причини, или од поединци што со ништо не придонеле за неговиот развој и афирмација.“
„Обвинувањата дека Конески го србизирал македонскиот јазик се многу тешки и навредливи. Точно се знае од кој центар доаѓаат и каква им е целта. Не сум сретнала написи од македонисти на таа тема. Тие што го напаѓаат во нашата земја се главно луѓе со други професии што по секоја цена сакаат да бидат присутни во јавноста. Треба добро да се познава делото на Конески за да може да се напаѓа. Конески беше човек со големи доблести и извонредни лингвистички способности. Па, него со право го нарекуваат духовен творец на Македонија. Писателот Петре М. Андреевски по еден повод убаво рече: „Камо среќа на секои сто години да ни се раѓа по еден Конески“. Покрај тоа, македонскиот литературен, или уште поточно, стандарден јазик, е кодифициран пред сј на народна основа и сосема е видлива неговата блискост со народниот јазичен израз. Исто така, нашиот литературен јазик не се создаваше во 1945 година од Конески со група луѓе во Комисијата, ами се градеше и се оформуваше со векови. Зарем ќе ја заборавиме јазикотворечката дејност на Крсте Мисирков и на неговите претходници? Впрочем, сите образувани луѓе, не само во Македонија, убаво знаат дека Конески само ги реализирал визиите на Мисирков за македонскиот литературен јазик, а тој, Мисирков, сигурно не го србизирал македонскиот јазик.“
„Обвинувањата постојат речиси цело столетие. Тие особено зачестија во последните години, откако се зголеми афирмацијата на Република Македонија во светот. А Конески е напаѓан постојано, за жал, од многу одамна, од 1948., кога велеа дека литературниот македонски е „вештачка творба, т.е. јазик на скопските титовисти“, сј до неговата смрт. Јасен е стремежот да се урне угледот што го имаат и нашата наука за јазикот и нејзиниот основоположник, Блаже Конески.
Точно е дека во одреден период на развојот на македонскиот јазик, па и денес, србизмите се впечатливо присутни. Но, да се тврди дека тоа е дело на Конески во најмала рака е невкусно.“
„Ставот на Институтот е многу јасен. Нападите на нашата јазична норма и на делото на Конески се големо и тенденциозно атакување врз македонскиот јазик, врз столбот на нашата куќа што се вика Република Македонија. А го напаѓаат или одредени центри надвор од земјава, од чисто политички причини, или поединци што со ништо не придонеле за неговиот развој и афирмација.“