Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Шекеринска апелира на прекин на дневно политичките игри на опозицијата во интерес на иднината на државата, а ваму предреферендумски најавуваат зголемување на платите од пет посто во образованието, градинките и здравството. Во тек е забрзано партиско вработување во државни јасли на партиски членови, повторно предреферендумски. И ајде сега најдете му НЗС.

Не можат ли да го почекаат 1 октомври, денот кога улиците ќе се преплават со мед и млеко. Што ќе му е државно вработување? Па нели ЕУ НАТО, странски фондови и инвестиции. Не можат да се стрпат уште недела дена до 500те евра плата?
 
Северна Македонија е подобар предлог од сите до сега изнесени.
Ерга омнес е полошо решение од сите досега изнесени. Тоа е проблемот кај предлогот, не самото име.
 
Северна Македонија е подобар предлог од сите до сега изнесени.
Се сложувам со тоа. Не се сложувам со пазарот, Хелласс, по потпишувањето доби пари и отпис на 15% долг. Тоа сите го знаеме. Ние требаше да се испазариме за нешто, дали влез во еу, дали пари, инвестиции… според сегашната ситуација може да се дојде до заклучок дека само овие од владата ќе се офајдат, а народот пак ќе извиси.
 
Ерга омнес е полошо решение од сите досега изнесени. Тоа е проблемот кај предлогот, не самото име.
Можеби е така.
Јас за само името зборев, иако треба да се разгледува целиот пакет.
 
Можеби е така.
Јас за само името зборев, иако треба да се разгледува целиот пакет.
Ако збориме само за името, мене Северна ми се допаѓа повеќе од бугарскиот предлог Илинденска.

И исто како што сега се тврди дека не може да испреговараме подобар предлог од овој, затоа што Грција веќе никогаш нема да се откаже од стекнатото право на ерга омнес, исто така ние не требаше никогаш да се откажуваме од веќе стекнатото право јазикот и нацијата да ги нарекуваме македонски. Затоа целиот пакет е срање.
 
Очаен потег на СДС да се искупат некако за лошиот постигнат договор. Не е ова 2016 па на секое да се вадат со Бомбите и народов да им прегледува низ прсти.

Едноставно е, тие го водеа цел процес на преговарање, тие избрзаа и се избрукаа со Илинденска Македонија, тие по нецела недела од тој настан прифатија Северна Македонија. Тие беа во Преспа да стават потпис на глупиот договор...Нема потреба сега од плачење и покажување на прст кон некој друг :toe:

Глуп начин да се искупат пред граѓаните...
 
Излитени се веќе фразите на Заев од типот: нема федерализација, само конфискација. Уште чекаме на конфискацијата, еве веќе скоро две години и единствено што ќе стои на бројчаникот на Заев на триумфална по се изгледа се парите на Ивона за гаќите, ако воопшто и ги врати.
 
Сите белосветски гомнари се навртиле против Македонија. Најголем престиж во историјата ќе е да ги победиме сега на референдумов со бојкот, да ги измочаме. После ако сакаат и нека не нападнат воено, само да остане запишано дека биле помочани од малата Македонија :D
 
Сите против нас! Затоа што сме центар на светот и лулка на белата раса. Блиски Исток и Венецуела се небитни.

Можете вие и уште поголеми глупости да напишете. Ајде, слободно. Sky is the limit.
 
Излитени се веќе фразите на Заев од типот: нема федерализација, само конфискација. Уште чекаме на конфискацијата, еве веќе скоро две години и единствено што ќе стои на бројчаникот на Заев на триумфална по се изгледа се парите на Ивона за гаќите, ако воопшто и ги врати.
врати 400к евра ехех сељоначалникот на Скопје
( всушност ја префрли на град Скопје банкарската гаранција за доцнење на мостот) од Конструктор Сплит во стечај, но не знам дали тоа се брои, дали е од прислушкуваните разговори или обичен предмет од ОЈО.... ( е сега може утре во Хрватска да ни удрат реванш, да не начекаат кога ќе гради таму Гранит или Бетон, па ќе биде сечи дупе крпи муда)[DOUBLEPOST=1537626406][/DOUBLEPOST]
Северна Македонија е подобар предлог од сите до сега изнесени.
имаше и подобро, Вардарска Македонија, со континуитет од кралевина схс, од Вардарска Бановина, границите се слични а и од тогаш во СХС, иако неформално, имаше македонски јазик, па Кочо Рацин печатеше во Хрватска творби ...а беше познат и ширум светот, најквалитетниот македонски опиум...

да не наведувам и предлог што од страна го даваа грчки историчари па и некој политичари, континуитет од античка Пајонија, а можеше да се искомбинира предлог н.пр. Пајонска Македонија...ама на никој не му текна; или пак можеше преку Италија да се оди и да се бара да лобира за Macedonia Secunda or Salutaris која е далеку по блиска со границите на сегашната држава одколку Upper Macedonia или Горна Македонија а кое беше еден од официалните предлози..
 
Последно уредено:
врати 400к евра ехех сељоначалникот на Скопје
( всушност ја префрли на град Скопје банкарската гаранција за доцнење на мостот) од Конструктор Сплит во стечај, но не знам дали тоа се брои, дали е од прислушкуваните разговори или обичен предмет од ОЈО.... ( е сега може утре во Хрватска да ни удрат реванш, да не начекаат кога ќе гради таму Гранит или Бетон, па ќе биде сечи дупе крпи муда)

Тамам за школувањето на ќерката на Димитров и синот на Локвенец. Ќе се најдат за џепарлак а богами ќе остане и нешто и за патни трошоци.
 
За да се задоволат апетитите на поединици, во иднина ќе го кркаат сите оние кои се потпишале и издале документација за да се изгради и упише објектов .... а петре и понатака ќе биде невин како солза !!!!

Па НЕВИН е во овој случај. Тој што дозволил, тој што потпишал е виновен. Од која причина го направиле сето тоа ... Тоа доказ дека не се криви Б.Ц и Грујо, туку 90% од администрација е корумпирано до коска. Шилегов сам не можел да одобри, потпише, дозволи ова она. Тоа што барал си не е криминал, исто на девојка кога и бараш, таа одлучува. Затоа девојките треба да купуваат презервативи :D .

Само што администрација не иде во затвор, тие работеле по наредба ова она. Таа од ДБК што бришела незаконски, си ја вработија во ВИП :cool:[DOUBLEPOST=1537627757][/DOUBLEPOST]
Да бидеме поточни : "Трамп потсеќа на Заеф :D "
Да не омаловажуваме...он секогаш - што каже тоа прави...а не ко овие другиве..да прават трето, четврто или петто...:D

Па нормално, мислам дека првин Заев стана премиер, па после Трамп. Затоа пишав, се од нас почнува :cool:
 
Едно прашање до тебе и остала писмена каста: Сте се запрашале ли зошто мешетариве од странство што доаѓаат секој ден апелираат да се излезе и да се гласа?
Со оглед на изкуството од минатото не ќе да е за арно.
 
Па НЕВИН е во овој случај. Тој што дозволил, тој што потпишал е виновен. Од која причина го направиле сето тоа ... Тоа доказ дека не се криви Б.Ц и Грујо, туку 90% од администрација е корумпирано до коска. Шилегов сам не можел да одобри, потпише, дозволи ова она. Тоа што барал си не е криминал, исто на девојка кога и бараш, таа одлучува. Затоа девојките треба да купуваат презервативи :D .

Само што администрација не иде во затвор, тие работеле по наредба ова она. Таа од ДБК што бришела незаконски, си ја вработија во ВИП :cool:[DOUBLEPOST=1537627757][/DOUBLEPOST]

Па нормално, мислам дека првин Заев стана премиер, па после Трамп. Затоа пишав, се од нас почнува :cool:
Заеф е парадигма, сам по себе, не го споредувај со небитни политичари...пр. како со Трамп - анонимус од Америка...мољам ти се !! :cool:
 
Интересно е ова со пратенициве од дпмне што се изјаснуваат дека што и да се случи на референдумот нема да гласаат за уставни измени. Досега 25 се на број. Можеби сакаат да проверат кој е со партијата, а кој не.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom