Се сомневам оти локалните беа одржани пред сето ова да се случи, интензивирањто на преговорите за името и законот за јазиците. Локалните беа така речи затишје пред бура. Заев намерно чекаше да поминат за го изваде валканиот веш на виделина.
Народот во тоа време, во целата таа еуфорија сеуште имаше малку надеж дека работите ќе тргнат на подобро.
Јас искрено не влегов со преголем оптимизам. Реков и порано, Заев со оваа гарнитура нема потенцијал за големи промени. Човек треба да е нетокму ако поверува на ветувањето од 500 евра плата. Ете, имаше и такви кои што наседнаа.
Надежта повеќе беше насочена кон СЈО. Луѓето се понадеваа дека конечно некоја крупна риба од власта и кај нас ќе одговара за криминалиите. На крајот излезе дека сдсм го изигра сопственото гласачко тело и народот во целина пред се. Ретко кој се надеваше дека Заев ќе се претвори во Грујо 2.0. Сите викаа, колку да е лошо од Грујо бетер не можи. Еве изгледа дека можело.
Поентата ми е дека народот не е толку виновен за доаѓањето на власт на Заев. Такви беа условите тогаш. Ако гледаме реално Заев не ни победи на парламентарните. Народот не гласаше за Заев затоа што веруваше дека е толку способен. Па мислам...Шекеринска во влада треба доволно да кажува. Гласаше во услови кога требаше да се избере условно кажано помалото зло. Грујо сите го знаеја, беше веќе истрошен политичар, 11 години беше на власт и природно беше да си оди. Така да може да се каже дека Заев дојде на власт силом прилике, не дека беше нешто многу кадерен.