Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Конфискацијата е особено важна. Македонија има добра правна рамка, но во пракса недостасува или храброст или докази за институциите да ја спроведат – вели професорката Гордана Бужаровска, на конференцијата за конфискација на имот. Според експертите, една од позначајните законски одредби е тоа што оваа мерка не застарува.

„Кај овие постапки нема застареност, дури и не само за извршување на мерката откако е изречена, туку и за поведување на постапка. Ако застари гонењето на кривичното дело, нема пречка после неколку години дабиде спроведена оваа постапка.“ - вели академик Владо Камбовски

Најголемиот дел од истрагите на Специјалното јавно обвинителство се поврзани токму со финансиски криминал, за кој се товарат функционери од поранешната власт. Обвинителите од тимот на Јанева се пожалија на опструкции од неколку институции, поради што не можат навремено да ги обезбедат потребните наредби за обезбедување на имотот на лицата опфатени во истрагите.
АКО НЕМА застареност тогаш НЕМА за сите, значи може се од 1991 навака што НЕ е процесуирано, па и струмички Глобал
 
СДСМ како најголем адут сеуште ги држи снимките. Но, тука има сериозен проблем како адут за гласање за нив на локални избори. Прво не се локална тема освен таму кај што се инволвирани лица од локалната самоуправа. Додуше тоа е најголемо чудо...Кај е Коце например во снимките нема воопшто градоначалници. Ај тоа е минорна работа.
Најголем недостаток на овој аргумент е што снимките се селективни и за лица и за време. Нема лица од СДСМ и ДУИ например нема лица од временски период од пред например 2010 или 2006-8 итн. Значи како компарација за корупција и гласање на за една и друга партија се ирелевантни дури и адут за ВМРО се бидејќи се занимаваат толку со една илегална работа.
Ај тоа што не се осудени за објавување ај тоа што сеуште тупат за тоа. Ај што кај што има селективна правда тоа не е правда Ај што не е легално да се гони човек на основа на илегална снимка. Ај што СЈО е партиска институција туку и судите и судовите ги партизира.
Хаос е ова и страмота за Македонија што го прави СДСМ.
 
Да не имаш желба да бидеш сопственик на плавиот КУРИР ??
Со пишуваново такви амбиции ми имаш.Пиши и дека дедо ти што умрел на 95години овај е крив.
Мислев по реални сте малце плавиве,ама вие ќе бидете само плавата варијанта сендвичарска.
Кажи што од тоа што го напишал не е точно!
А јас можам да ти кажам колку битни зла он не наброил.
 
АКО НЕМА застареност тогаш НЕМА за сите, значи може се од 1991 навака што НЕ е процесуирано, па и струмички Глобал
Ова не му текна на зврле и ВМРО последни 11 години?
 
абеТРОЛУ папагалски, Зврле не е 11 години обвинител, дпмне не го смени предходниот Шврго (а кој ја заташка аферата Надеж на председателот Бранко)
ете од 21 јануари 2013 - 17:08
Собранието попладнево го избра за државен јавен обвинител Марко Зврлевски, досегашен скопски обвинител. На Љупчо Шврговски, досегашен јавен обвинител му истекува мандатот деновиве.
 
Денес во Кичево имаше второ полувреме од пукањето и смрта на носителот на независната листа Алит Абази....
Имено на градскиот плоштад денес се снимал спот за актуелниот градоначалник Фатмир Дехари, а еден од ``соборнците`` на Алит Абази револтиран зошто на денот кога почина Алит овие пуштиле музика, го скршил од тепање тој пејачот од спотот.

овде тролањето е што е обвинета ВМРо дека тепала, а фактички се работи за внатрешен судир во ДУИ , бидејќи Алит Абази е во тесна фамилијарна врска со градоначалникот Дехари, а овој ``тепачот`` Енес Палазоски е све освен ВМРО...

Нападнат пејачот Шкодран Толај додека снимал спот за Фатмир Дехари
shkodran.jpg

ктивисти на ВМРО-ДПМНЕ сред бел ден на плоштадот во Кичево, денеска го претепаа пејачот Шкодран Тојал, додека снимаше промотивен спот за кандидатот за градоначалник, Фатмир Дехари од ДУИ, јавува мониторинг тимот на ЦИВИЛ во оваа општина.

Според извештајот од теренот, пејачот завршил во болница и врз него се извршени хируршки зафати.

Д.М.
36807340164_8582a133ce_b.jpg
 
Еј, вие двајцата...си знаете што.

Дедо ми има 94, мрсул еден. Учесник во НОВ е. Да збориш со должна почит за него.

Оди земи сендвич за постот што го напиша погоре.Денес има, утре нема.
 
абеТРОЛУ папагалски, Зврле не е 11 години обвинител, дпмне не го смени предходниот Шврго (а кој ја заташка аферата Надеж на председателот Бранко)
ете од 21 јануари 2013 - 17:08
Собранието попладнево го избра за државен јавен обвинител Марко Зврлевски, досегашен скопски обвинител. На Љупчо Шврговски, досегашен јавен обвинител му истекува мандатот деновиве.
Секој ден се апсат и приведуваат криминалци кои ја оштетија државата за стотици милијарди евра, секој ден на виделина излегуваат невидени незаконитости и злоупотреби.
На целата Македонска и светска јавност и стана јасно и докажано каква корумпираност имаше во највисоките државни институции.
 
Се aпси ситнa бoрaнијa.Кaде се снимките штo требaше дa ги слушнеме?Инaку зa уaпсени пoртири,мaгaциoнери пo некoј службеник бaш и не е битнo дa се кoментирa.
 
Секој ден се апсат и приведуваат криминалци кои ја оштетија државата за стотици милијарди евра, секој ден на виделина излегуваат невидени незаконитости и злоупотреби.
На целата Македонска и светска јавност и стана јасно и докажано каква корумпираност имаше во највисоките државни институции.
Ако гледаме према мое Кичево....не се согласувам..и тоа со факти..
 
Група членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од партијата уште од основањето денеска дадoa целосна поддршка на реформаторите кои бараат оставка од лидерот, Никола Груевски.

Ѓулистана Марковска, која беше пратеничка во првиот парламентарен состав ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека демократските промени на реформаторите се вистинските промени.

„Оваа група реформатори, заедно со нас ветераните, гледа дека постои незадоволство во партијата. Можеби е добро ВМРО-ДПМНЕ да биде одреден период во опозиција за да сфати каде греши, во кој момент ги направило грешките и на тие грешки да се научи да биде добра партија“- вели Марковска.

Таа смета дека за доброто на партијата и за Македонија, некои луѓе треба да ја напуштат ВМРО-ДПМНЕ.
 
Некои луѓе?:pos:
Ау, жити све немој толку директна да биде, требаше оваа изјава посуптилно да ја осмисли.
 
Група членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од партијата уште од основањето денеска дадoa целосна поддршка на реформаторите кои бараат оставка од лидерот, Никола Груевски.

Ѓулистана Марковска, која беше пратеничка во првиот парламентарен состав ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека демократските промени на реформаторите се вистинските промени.

„Оваа група реформатори, заедно со нас ветераните, гледа дека постои незадоволство во партијата. Можеби е добро ВМРО-ДПМНЕ да биде одреден период во опозиција за да сфати каде греши, во кој момент ги направило грешките и на тие грешки да се научи да биде добра партија“- вели Марковска.

Таа смета дека за доброто на партијата и за Македонија, некои луѓе треба да ја напуштат ВМРО-ДПМНЕ.
А овој главниов дилер на дрога во Кичево, што ги тепаше денес овие од Дехари....је во уапсените или не?
А оној до него Муки(сликани на митингот на сдс во Скопје за парламентарните), или како и се вика, и тој е од ВМРО?

[
37486813092_ce69db3f19_b.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom