Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Минатава сезона имавме најзагадено Скопје до сега, со рекордно достигнување од фантастични 1200 pm 2.5, во Карпош, во Февруари. И како бе овој може после таква сезона ова да го каже:
Трајановски: Направивме многу за намалувањето на загадувањето во градот Скопје
Од Косово е загадувањето ама ветер го носеше кај нас. Што требаше Коце, ѕид да изгради? Ај ви се молам немојте вака.
 
Минатава сезона имавме најзагадено Скопје до сега, со рекордно достигнување од фантастични 1200 pm 2.5, во Карпош, во Февруари. И како бе овој може после таква сезона ова да го каже:
Трајановски: Направивме многу за намалувањето на загадувањето во градот Скопје
Може си во право ама Коце е пак победник.
 
Тамара била редовна на трета смена, како тоа ништо не работела а земала плата??? Вредна мома е она, навечер прекувремено одработува и за преку ден. ;););)

Љубовницата на Диме Спасов (Тамара) - оној министер шо дивееше по улиците на Скопје доведувајќи во смртна опасност пешаци и правејќи огомни штети на возила после што се дал во бегство пред полицијата и специјалните единици на МВР, е една од оние која земала плата а не одела на работа....

Можи на друго место си ги одработувала парите....

работела таа трета смена

таа знае како е со пот да вадиш парче леб

ќе и испадне дека од љубов “работела“

Само трета смена ?

Не остварувала 24/7 ?

Но добро, млада е, да останеа пвеводбениците на власт сигурно ќе и` овозможеа дополнителна обука за да може да остварува 24/7.

Можеби веќе имаат подготвено некоја работна позиција во општинска администрација во некоја општина во која пвеводбениците загарантирано ќе победат на претстојните редовни локални избори кои треба да се одржат на 15 октомври 2017, па таму ќе продолжи момичето Тамара Качулска со обуката за да може да остварува 24/7.
 
Не знам што се чудиш. Што би одговорил Гвујо во ТВ дуел на директно прашање од типот, дали зеде милионска сума провизија од кинезите? Што ќе каже, во која матна ќе потоне? Настрана од тоа што е природен антиталент за дискусија, 12 годишно дете би го растурило на дебата.
Во ред, меѓутоа во моментов мислам дека Груевски нема што да загуби од ТВ дуел. По парламентарните и формирањето Влада на СДСМ се наоѓа на апсолутното дно и може само да добие од ТВ дуел.

Плус, на неколкуте последни негови и на други членови од ДПМНЕ појавувања на ТВ, постои некоја идиотска уредничка политика на телевизииве и ги третираат како легитимен политички субјект, така што можеби и би се извлекол со, условно кажано, попристојни прашања.
 
Последно уредено:
Може си во право ама Коце е пак победник.
Па со тој кеш у џеб,од италијанските фиктивни фирми за горење на медицинси и хемиски отпад, може стварно се осеча како победник.
 
Па со тој кеш у џеб,од италијанските фиктивни фирми за гоорење на медицинси и хемиски отпад, може стварно се осеча како победник.
Јас од друг аспект гледам на неговата победа, мислам и тој дека има џокер кај албанциве.
 
Очекувам на локалниве вмро повторно да има најмногу гласови, показател ќе биде првиот круг се друго понатаму ќе биде пазар.

Џабе што ќе ги освојат гласовите во Долнодупени и Куратица, кога парите се во Карпош, Центар, Аеродром, Охрид. Едино за тешење ако им е.
 
Џабе што ќе ги освојат гласовите во Долнодупени и Куратица, кога парите се во Карпош, Центар, Аеродром, Охрид. Едино за тешење ако им е.
Ќе гледам пренос само пак да го слушанам оној како урла: -Благо-да-рам Подржикоњ!!! Благо-да-рам Витолишта!!! Благо-да-рам Куратица!!!!
 
Џабе што ќе ги освојат гласовите во Долнодупени и Куратица, кога парите се во Карпош, Центар, Аеродром, Охрид. Едино за тешење ако им е.

Ќе им текне да го преселат Сахарајан од Љубаништа во Долно Дупени, не дај Боже.

Иако за волја на вистината, Преспанско Езеро заслужува убаво уредено крајбрежје и развој на туризмот.

Само што ќе им треба капитал за пвеводбеничкиот проект, бидејќи останаа без нивниот деловен партнер Субрата Рој/во лој/преку мој.
 
Ништо не ги спасува овој пат. Ќе изгубат во Скопје, Центар, Аеродром, Карпош, Битола...

Требаше Двојче да го кандидираат во Битола, да се посмееме малку. :pos:
 
Џабе што ќе ги освојат гласовите во Долнодупени и Куратица, кога парите се во Карпош, Центар, Аеродром, Охрид. Едино за тешење ако им е.
Што викаш тој што ќе добие во овие општини ќе има за крадење, ја па цело време се мислам зошто баш овие општини им се битни.
 
Основниот суд во Скопје го прифати барањето на Специјалното обвинитество и му определи 30-дневен притвор на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, јавува телевизија алсат-м. Тој е обвинет во случајот титаник заизборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Неофицијално се дознава дека и покрај тоа што имал забрана да не ја напушта Македонија, Темелко во изминатиот период неколкупати ја минал границата, користејќи албански исправи за идентификација. .Во споменатиот судски случај на специјалното обвинителство се обвинети и неколку други политичари. Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски.
 
Абе лет се измори и ти како владава после четири месеци, те мрзи да пишуваш сопствени постови па отвори тиме мк напрај копи паст. Власта бара работа не е толку лесно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom