Случки при патување со воз

Истово го имам приметено на неколку пати.Особено во првиот воз сабајле за Скопје.Еднаш 8 души седиме во купе ,се качија неколку Велешани постари и едниот ај дечки присоберете се има тука место :sick:
.
Епа тоа време одат на работа оние што се од Велес а работат во Скопје.
Аман бе, толку ли сме нападни ние велешани? :pos:
 
Студирам во Скопје, па често патувам. Понекогаш без возовите нема да биде интересно патувањето, ама патувањето знае да биде катастрофално и да те извади од кожа.
Инаку од Велес ги користам утринските возови.
-возот во 5:40 доаѓа од Битола и најчесто е до минутка точен :) се случува понекогаш и тој воз да ти го расипе денот.
-возот во 6:30 доаѓа од Гевгелија и ако сте на работа, на факултет од 8 на пример на рачунајте многу на овој воз. Во просек касни по 20 минути, а и често му треба повеќе од час за да стигне во Скопје.
-возот во 7:30 доаѓа исто од Битола, но тој е експресот Пелагонија. Доаѓа на време, брз е, ама празен оди. Сите се буткаме во другите возови, ама во овој се доплаќа 100 ден.
-возот во 7:50 доаѓа од Кочани. На овој воз може да се рачуна, стигнува навреме, а понекогаш и предвреме. Само што за место да се најде за седење треба да си станат на десна нога.
За парното ... во воз со купиња, тоа и е право лото. Во две купиња нема парно, во едно има. И така ако успееш да фатиш место, се надеваш дека си фанал и парно инаку ќе мрзнеш и ќе се понашаш како да си негде во Скандинавија. А понекаш може да начекаш парно и во април кога е повеќе од 20 степени, од искуство кажувам. Па и сауна малка не е за потценување. :D
Интересни случки има многу. Една ќе издвојам:
Пред година дена, си идам од Ск со експресниот воз (уште не беа укинати од грциве). Во 17:30 е според возниот ред(нормално дојде во 18:20). Возот тргна но еден човек, си го заборавил багажот на перон во Скопје. Кондуктерот беше изненаден од нервозата на човекот кој си го заборави куферчето и очајно се обудуваше да го запре возот. Кога не успеа со свирче и со една ламбиче да му укаже на машиновозачот да го запре возот, ги испроба сите рачки за кочење во случај на опасност и замислете ниедна не функционираше и возот не запра. Човеков го нападна кандуктерот дури и физички. Возот успеаја да го запрат некаде помеѓу Лисича и Драчево, човекот го исбркаа надвор и му рекот да оди сега пешки по куферот и да си чека друг воз ... Тоа е МЖ :)
 
МЖ - моја омилена тема за карање! Значи се возам со тоа „превозно средство“ веќе десетина можеби и повеќе години, порано само до Битола и назад, сеа Прилеп-Скопје-Прилеп. Имам толку случки доживеано колку што ни Толкин нема напишано во своите книги.

Најинтересна (оти заврши со среќен крај) од сите ми беше една случка пред повеќе од година дена некаде пред Чашка кога се враќавме за Прилеп од натпревар во Скопје. Си седиме така во купето со тренерот, еден родител и 3 други клупски другари, цел пат одбор дружина си пампориме, ама цело време мене нешто ме јади јанѕата, нешто чудно тропа возот. Така поминуваме станици, стојалишта, села знани и не знани, ја нарушуваме ноќната тишина, кога едно време почна цел воз да се тресе како да не одиме на шини, почнаја да паѓаат торбици. Сите исполегнуваме на земи, а татко му на другар ми проба да ја повлечи рачката, ама безуспешно, не се случи ништо. И така по една минута застана возот и почна цел вагон да чади. Излегуваме надвор и кога гледаме осовината под нашиот вагон скршена и излезена од шините, а од другата страна провалија. Потем излегоја и другите клупски другари што беа во другото купе и ни раскажа едниот од нив како гледал цело време што се случува низ пенџере баш од таа страна од кај провалијата. Хорор невиден, вечерта во 1 саат дома си бевме.

Најпресно нешто баш во неделатавечерта си идам, така изнервиран од дома и си викам ај од Битола че дојди че се најди некое место за седење. Одам на станица гужва упм. Стасува возо и од далеку нешто чудно ми изгледа, кога тоа шпанскиот да ти го пратиле па уште со сите 2 вагони. А внатре сите испоседнати. 10-15 минути влегуваја лујџе, си бараја сите место каде да застанат. Јас стандард си седнувам на торбица. Кога веќе тргна возот немаше место ни за уште едно лице. И така сите изнервирани, згужвани си се возиме, светла не работат, абе хорор. Кога стигнавме во Гостиражни народ што да ти расправам. Се качуваат упорно и викаат место, место. Викаат од кај вратата одете по натаму, јас викам нема место. Кога почнаја да караат, да викаат, мислам дека падна и некој бокс, ама ништо не се гледа од пуста темница. Потоа од кај Богомила мислам дека беше имаше едно чиче со точакот шо сакаше да влези. И така во Велес малце како да се подиспразни, во Скопје стандард 10 и пол си беше. Кога излегов ме болеја сите мускули како да сум копал сам 10 декари нива (не дека сум копал, ама претпоставувам како е).

Ама тоа е, карта ми е 232 денари повратна, упола од автобус. Да би имал пари не би одел, ама пуста сиромаштија шо да се прај.
 
Епа тоа време одат на работа оние што се од Велес а работат во Скопје.
Аман бе, толку ли сме нападни ние велешани? :pos:

Секој со маката.Ако МЖ некогаш се сетат да пуштат уште еден утрински воз само од Велес за Скопје ,а не 500 Велешани сабајле да ги качат во веќе полниот воз од Битола ,сигурно такви гужви не би имало.:)
 
Е да ве утешам јас ги имав скоро сите овие искуства со нервозни патници, со животински товар и разно разни глупости кога патував по локални возови низ Бугарија. Верувајте дека таму не е ништо подобро од тука. Турканици, караници, викање... па уште тие бугарките знаете малце незгодни жени па ко ќе земеа да се караат со сите, а жена како жена не смееш да и вратиш ниту пак да ја нападнеш физички (демек понежен пол) и додека стигнеш од една до друга дестинација претрпуваш невиден терор. За тоа што ќе се симнеш изнервиран мање-више, него, може да се симнеш и претепан или пак во најмала рака ограбен.

А за МЖ немам коментар... порано патував почесто, сега многу ретко. Последен пат кога се возев се осеќав како да лебди возот над шините. Додека не ги поправат возовине или не ги заменат со нови, тешко дека ќе се качам пак... во оние услови големи се шансите да завршиш превртен во некоја нива или провалија.
Некој погоре се чудеше кога спомнаа дека се случуваат и каменувања на возови, и тоа искуство го имам доживеано и преживеано.

И по автобусиве се случуваат понекогаш такви работи но не толку често. Сепак, помалку патници, плус сите се на едно место, има еден кондуктер, секој си има свое седиште (мада тие што патуваат на пократки релации знаат понекогаш и да го истераат цел пат стоечки) и нема зошто да се прави фрка. :)
 
Уф, случки со воз, да не почнам да ви расправам. Патешествија се. Сега се смеам, ама тогаш ми се плачело.
Преку зима касни возот, го чекаме 100 души смрзнати, иде, натре од кај нема место да седнеш па дури и ладно. Му викаме на кондуктерот да уклучи парно, он ни вика вој вагон е за тие шо не им е ладно. Па да станеш и да го утепаш, ние пингвини сме Велешани упм.
Го поставуваат возот во Скопје скроз празен, се качуваме со една другарка фаќаме едно купе ни иде една жена и почнува да се кара зошто сами сме седеле у купето и зошто сме ја затвориле вратата. Па празен ти е цел воз иди најди си место колку сакаш има, ама не е тоа финтата, финтата е да се искара, нормално за стари!
Најсмрт е кога е топло и некој кога ке ти дигне мишка, а за беља твојот нос достига точно до неговата мишка и плус од гужва не можеш да ја свртиш ни главата :eek:
Иако сум патувала многу, срека не ми се расипал воз досега.
Башка, у воз најубаво се спие, мислам дека очи не отварам дур да стигнам Скопје, а и најубаво се учи за испит, пошто толку време си имал за учење не си седнал, па мораш у воз да читнеш нешто и се надеваш дека ке запамтиш.
Хахах мн често си планираш насабајле, ај у воз ке спијам, и да нема место кај да седнеш и да си останеш ненаспан, а плус и здрвен од стоење :)
А да, и многу луѓе можеш да си запознаеш, кои ке ти бидат пријатели, тоа е една позитивна ствар во возењето со воз.

Иначе во Франција железничкиот сообракај е многу полош од нашиот, така да тешете се :)
 
The awkward moment кога возот се префрлува од една на друга пруга :pos: Во тие моменти срцето ми застанува, секогаш мислам дека ќе излета:pos:
 
Епа тоа време одат на работа оние што се од Велес а работат во Скопје.
Аман бе, толку ли сме нападни ние велешани? :pos:

Оооо да. Се враќам со тој ноќниот од Битола, сам у купе и спијам нормално како пензионер после неколку лексиуми. Ама коа ми влегоа 5 велешани за по работа во Скопје, мислам ќе ме фрлеа од купето. Битно ме избуткаа и си заспаа иако ми тупеа што сум спиел и не сум им напраил место одма коа влегле.

Неам нешто приказни јас, неколку пати сум се возел со воз и прилично убаво си поминувам. Обожавам ноќно возење, мирно, темно, звукот на возот како вози по шините, на слушалки Porcupine Tree а јас дремам/спијам.
 
Каков бре полош во Франција, си имаше табла за секој воз точно до секунда кога стига и накај иде, не се споредува со нашиве :) Башка кога ќе влезеш знаеш дека не дува од секој прозор и може не е најчисто, ама од нашиве возови сигурно е.

Инаку за МЖ, сум патувала и обожавам возови па многу ми е криво што се во ваква очајна состојба, инаку сигурно почесто би ги користела. :)
 
Лани летото со другар ми коа се враќавме ни пуштија парно во возот. Абе со кој си имаме работа. Зимно време клима „То-шиба“ нема прозор од десно, а летно време според онаа англиската поговорка "Fight fire with fire". МЖ и се е можно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom