Уф, случки со воз, да не почнам да ви расправам. Патешествија се. Сега се смеам, ама тогаш ми се плачело.
Преку зима касни возот, го чекаме 100 души смрзнати, иде, натре од кај нема место да седнеш па дури и ладно. Му викаме на кондуктерот да уклучи парно, он ни вика вој вагон е за тие шо не им е ладно. Па да станеш и да го утепаш, ние пингвини сме Велешани упм.
Го поставуваат возот во Скопје скроз празен, се качуваме со една другарка фаќаме едно купе ни иде една жена и почнува да се кара зошто сами сме седеле у купето и зошто сме ја затвориле вратата. Па празен ти е цел воз иди најди си место колку сакаш има, ама не е тоа финтата, финтата е да се искара, нормално за стари!
Најсмрт е кога е топло и некој кога ке ти дигне мишка, а за беља твојот нос достига точно до неговата мишка и плус од гужва не можеш да ја свртиш ни главата

Иако сум патувала многу, срека не ми се расипал воз досега.
Башка, у воз најубаво се спие, мислам дека очи не отварам дур да стигнам Скопје, а и најубаво се учи за испит, пошто толку време си имал за учење не си седнал, па мораш у воз да читнеш нешто и се надеваш дека ке запамтиш.
Хахах мн често си планираш насабајле, ај у воз ке спијам, и да нема место кај да седнеш и да си останеш ненаспан, а плус и здрвен од стоење

А да, и многу луѓе можеш да си запознаеш, кои ке ти бидат пријатели, тоа е една позитивна ствар во возењето со воз.
Иначе во Франција железничкиот сообракај е многу полош од нашиот, така да тешете се
