gospel&Diabolical Divine
емоционално мртов
Дали навистина постојат проколнати куќи, задгробен живот, духови кои
лутаат изгубени во времето и опседнуваат човечки умови? Дали се куќите
слични на сунѓери кои ги апсорбираат сите наши емоции во текот на
годината? Ако барем малку ве интересира опседнатоста и духовите, верувам
дека овој текст ќе ви се допадне. Всушност, случајот Амитвил е еден од
најпознатите случаи на проколнати куќи. Во таа куќа на Лонг Ајленд се
напишани многу книги и се снимени дури 8 хорор филмови, од кои првиот
бил во седумдесеттите бил вистински хит.
Историја на куќата
Холандската колонијална куќа е изградена далечната 1928 година, наводно
на просторот на кој живееле болните Индијанци и каде што веднаш биле и
закопувани. По тоа, па сè до 14 ноември 1974 година нема никакви
информации за куќата ниту приказна за опседнатост.
Убиство на семејството ДеФео
Околу 03:15 часот наутро, на 14 ноември 1974 година, 22-годишниот Роналд
ДеФео станал од креветот, ја земал својата 33 милиметарска пушка и
излегол од собата. Роналдовите родители, двете сестри и двајцата браќа
се убиени таа ноќ, секој од нив погоден во тилот од главата. По неколку
дена Роналд го признал убиството, иако подоцна тврдел дека полицијата
неговото признание го извекла со тепање.
На сослушувањето на 22 ноември 1975 година адвокатот на Роналд поднел
жалба бранејќи го својот клиент со лудило. Жалбата била одбиена и Роналд
е осуден за 6 убиства од втор степен, односно со казна по казна од 25
години за секое убиство (150 години вкупно). Денес се наоѓа во строго
чуван затвор во Danemorrai. Роналд Дефео и понатаму тврди дека чул
гласови кои го прогонувале некое време додека бил во куќата и дека бил
опседнат. Гласовите му говореле „Убиј ги, убиј ги сите!“. Севкупно,
најверојатно била виновна натприродна сила која таму се населила.
И покрај одлуката на поротата, навистина постојат неколку прашања во
неговиот случај на коишто до ден денес нема одговор, освен нагаѓања.
Така на пример пушката со калибар 35 мм при пукањето произведува голема
врева. Како тоа ниту еден од шесте членови на семејството не се разбудил
при првото пукање и како ниту еден од нив не се борел туку умреле,
убиени од зад грб во креветот додека спиеле? Потоа, убиството се случило
во 03:15 часот наутро, во зима. Останатите куќи се на мало растојание од
куќата каде што живееле семејството Дефео. Никој од соседите не слушнал
пукање иако со пушката биле истрелани шест куршуми.
Семејството Лутц
Гоерг и Кејти Лутц знаеле многу малку за убиството на семејството Дефео,
само дека млад човек го убил своето семејство, кога одлучиле да ја купат
куќата. Тоа не им пречело при купувањето. „Агентката всушност не не
сметаше за серизони купувачи“, се присетува Кејти. „Мислам дека се
измори да истражува разни места бидејќи немаа се што ние баравме“.
Оттаму, таа одлучи да ни покаже нешто што мислеше дека е надвор од
нашите можности. Потполно се изненади кога и рековме дека ќе ја купиме
куќата. „Куќата беше со вода, со гаража и базен. Беше доволно голема и
за канцеларијата на Георг“, но беше нешто поскапа отколку што имавме
намера да потрошиме. Накратко, беше совршена како за нив, за подигнување
семејство.
На 18 декември 1975 година, нешто повеќе од една година откако се
случило убиството, Георг, Кејти, нивните деца и кучето Хери се вселиле
во куќата. Денот по нивното вселување, семејството го повикала
свештеникот Манкусо да ја благослови куќата. Но кога свештеникот ја
започнал церемонијата, невидлива сила го нападнала, а низ куќата наводно
одекнал ужасен глас говорејќи им „Излегувајте!“. подоцна, стручњаците за
парапсихологија заклучиле дека благословувањето на куќата го
предизвикало злото, го разбудило и тоа започнало реакција од случувања
кои ќе влијаат на семејството со години. И покрај паранормалната појава,
свештеникот ја довршил церемонијата и си отишол од куќата. Подоцна, во
манастирот свештеникот бил по вторпат нападнат од невидливата сила, овој
пат посилно. Завршил со тешки повреди и во болница се борел за живот
неколку денови. Иако бил тешко повреден, штом дошол на свест се обидел
да ги контактира Кејти и Георг за да ги предупреди. Сакал да им каже
веднаш да ја напуштат куќата. Постојано се обидувал да ги исконтактира
преку телефон, но секојпат кога линијата ќе се воспоставела нешто се
случувало и линијата се прекинувала. Во меѓувреме чудни работи се
случувале во семејството Лутц. Постепено ги расипувала демонската сила.
Било слично на ноќен кошмар.
Дури и денес семејството Лутц има проблем да го одвои она што навистина
се случило од она што се случувало во нивните умови. По првите 36 часа
Георг почнал да чувствува дека нешто не е во ред. „Пред Амитвил не се
сеќавам дека некогаш силно сум се исплашил“, кажува Георг. Едноставно не
сум таков тип на личност кој веднаш би скокнал кога нешто би зашушкало
во мракот. Но, нападот врз мене започна така чудно што дури кога
отидовме од куќата и кога почнавме да се присетуваме на случувањата,
сфатив дека всушност бев нападнат“. „Едноставно не можев да се загреам“,
се присетува тој денес. Почна да поминува се повеќе време до големиот,
отворен камин во дневната соба, одвојувајќи се од огнот единствено за да
нацепи дрва или да го провери термостатот кој константно покажувал 8
степени во собата. (Истражувачите на паранормалното ова го нарекуваат
манифестација на психичка студеност, способност на духот да ја исцрпи
температурата од жртвата или од собата. Таа енергија која предизвикува
ладни места во просторијата, е претворена во негативна енергија која се
свртува против жртвите од кои е земена). Кејти, исто така, нешто
чувствувала. Иако Георг и Кејти биле во брак кратко време, таа била
сигурна дека добро го разбира својот сопруг. Сега и се чинело дека тој
се менува на полошо. „Дури и кога ноќе ќе успееше да се одвои од
каминот и кога ќе дојдеше да спие во креветот, секогаш се будеше околу
03:15 часот наутро, се облекуваше и одеше надвор шетајќи по снегот до
центарот. Георг беше уредна и чиста личност, но одеднаш почна да
заборава дури и на личната хигиена. Каминот му стана опсесија“.
Следните 28 дена тие поминуваа низ својот личен пекол. Георг продолжи да
се буди секое утро во 03:15 часот, точното време кога Дефео ги уби
своите родители, со сон и визија за нивната смрт, илјадници муви би се
собирале во собата. Водата во тоалетот кој се наоѓал на катот поцрнела
како катран , мебелот и предметите биле фрлани од едниот крај на собата
на другиот крај. Малата Ејми се спријателила со невидливата единка која
се викала Џоди, а на нивниот син Грег прозорецот му ги здробил прстите,
но подоцна раните исчезнале. Дури и кучето почнало да се менува, ржел и
лаел на се и се криел низ куќата. 15 јануари, само по 28 дена од
вселувањето, семејството Лутц земале нешто облека и избегале во страв.
Зад себе оставиле вредност поголема од 40.000 долари, автомобил,
антиквитети, чамец, облека, играчки...
Варенови
Варенови се двајца од деветте луѓе кои се обиделе да ги истражуваат
случувањата во куќата. Се вплеткале во случајот кога се запознале со
свештеникот кој потоа ги запознал со семејството Лутц. Потоа тие веќе се
преселиле кај мајката на Кејти. Прв пат Варенови влегле во куќата со
репортер од Канал 5 вестите, со професор од Duke универзитетот и
претседателот на американската невладина организација за паранормални
истражувања (SPR). Првиот ден Лорен Варнер постојано примала визуелни и
аудио визии за тоа што се случувало во оваа куќа. После тоа, Ед Варен се
упатил накај подрумот каде што видел сенки како се поместуваат. Сенките
се обиделе да го соборат на земјата. Ед тогаш сфатил дека ова е еден од
многу тешките случаи на зло, но не можел да замисли колку навистина е
тежок. Лорен била уплашена дури и пред влегувањето во куќата. Пред
заминувањето, таа ја зела со себе реликвиите од отецот Пиа кои стигнале
по пошта ден порано од непознат испраќач. Додека се качувала на вториот
кат, почувствувала како некоја невидлива сила да ја забавува, како бран
на вода да се спуштил врз неа одозгора. Влегле во собата на Миси. Во
собата мебелот останал потполно ист, оној што го имал семејството Дефео.
Децата на семејството Лутц спиеле во креветите во кои се убиени браќата
и сестрите Дефео. Чувството во собата било апсолутно хорор. Ед и Лорен
си заминале од куќата околу 01:15 часот наутро, под голем впечаток на
она што се случило таму. Толку многу биле преплашени што се заколнале
дека нема повторно да се вратат...но се вратиле и родена е легендата
Амитвил.
Да надополнам: Стивен Каплан, човекот кој се обидел да им
подметне измама на Варнерови, од љубомора поради тоа што тој не го добил
случајот, почнал да пишува книга The Amityville Conspiracy, за тоа како
сето тоа е голема превара. Две недели пред издавањето на книгата, Каплан
доживеал срцев удар и умрел. Јан Ансон, автор на книгата The Amityville
horror, кога бил на последното поглавје, исто така доживеал срцев удар,
но преживеал. Набрзо почнал да пишува нова книга „666 и антихристот“,
повторно имал срцев удар, но овојпат умрел. Случајност или?
Заклучок
Во најмала рака, случувањата во оваа куќа се интересни. Најголема измама
или најголем случај на паранормалното? Во куќата и денес живее
семејство, но тие упорно тврдат дека во куќата нема никакви паранормални
појави ниту духови. Можеби засега имаат само среќа? Можеби злото само
спие помеѓу ѕидовите, чекајќи повторно да биде предизвикано. Можеби
навистина постојат места од кои зрачи енергија, кои се зли и кои се
предвидени единствено за дом со зли души. Постојат многу „можеби“...
едно е сигурно, оваа куќа има големо влијание на човечкиот ум, ако ништо
друго мора да се признае дека куќата гледана однадвор изгледа навистина
застрашувачки.