Случајни погледи/средби

  • Креатор на темата Креатор на темата Windfucker
  • Време на започнување Време на започнување

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Возраст
122
Локација
Wolfpack Reproducing Area
Веб-сајт
dangerousminds.net
Целта на оваа тема е да си ги запишиме случајните погледи со некој/а кои сме ги размениле во текот на денот/неделата/годината и сте имале чуство дека можеби би можело да кликне нешто со таа личност кога би имало некој состанок.
Ај да почнам прв за да биде појасно на што целам.

Пред 3 дена чекав на семафори кога врнеше снег и од другата страна имаше некоја девојка со ескимска капа (оние што се со молтотекс по рабовите) и не можав да и го видам лицето. Кога помина покрај мене случајно се испулив во неа, видов дека ме обсервира и погледите ни се вкрстија, црна женска со црни очи, малку нискичка ама ептен убаво лице.

Вчера онде пред Нептун се разминав со црвенокоса девојка со плави очи и слично како и со црнава погледите ни се вкрстија и дури и се насмеа малку девојката.

Толку засега, мислам дека е јасно зошто е намената темата.
 
пред некој ден со една малку нискичка,црнокоса девојка така се погледна,и јас се насмевнав и таа дури :)
 
И ако ти се насмеа ти веднаш заклучи дека сака да има секс со тебе :)

Темава не е за најт уан стенд :D, за тоа е потребно текила, не погледи и насмевки.
 
Тоа е „хемијата“ :) Ако почесто го гледаш и ќе се заљубиш. Дали ти се случило особата со која случајно се сретнуваш на улица, после некој ден да ја видиш на друго место и повторно да ја приметиш? И Скопје е мало за некои работи :)
 
Скопје е голем град и да налеташ на истата е тешко освем ако ти е во мало ...И мене една ми се смешкаше ама ме блокира на фејс.
 
Кој ќе проба повторно да и даде на темата сеирџиска конотација, ќе биде отстранет од дискусијата и ќе заработи казнени поени.
Just saying... :)
 
Ова најчесто во воз ми се случува. Знам да се загледам во некоја девојка интензивно и да и' го ловам погледот. Ми се допаѓа тоа што во целата таа дистопија од старци, смрдливи вагони и исфлекани и нечисти сељаци знае да се најде и дотерана, убава девојка која мириса на...пролет. Like a gentle Pocahontas among a tribe of wild indians, ready and willing to flay your nose with their stench. Чувството кога мене и на мојата Покахонтас ќе ни се вкрстат погледите е прекрасно колку и чувството кога возот нема да задоцни и/или ќе биде полу празен.
Покахонтас понекогаш знае и да ми се насмевне, како да сака да ми каже дека, ако околностите беа поинакви, не бевме опкружени со стотици испотени орки и се возевме во автобус, можеби и ќе се случеше нешто помеѓу нас. Вака, принудени сме да бидеме трагичари во оваа транзициска транзитирачка железничка современа бајка.
На крајот, за да мојата бајка наликува повеќе на оние старо-германски, а не на лигавите преработки од браќата Грим, се појавува дечкото на Покахонтас, и' збуцува јазик до крајници и останува во таа поза добри пет-шест минути. Во таквите моменти, како и секој добар егоцентрик, јас се соочувам со реалноста дека Покахонтас е најверојатно од друг град и ако нешто се случеше меѓу нас немаше да трае долго, дека има малку закривен нос кој придонесува да наликува на вештерка, дека така пуштена косата ја прави да изгледа како некоја чистачка, дека е најверојатно курва и има гонореја.
And so, i win. Dodged a bullet. No regrets.

Најинтересна ситуација за случајни погледи и средби има опишано оној швабата, Ниче. Тој пишува како го погледнал амбисот, а богами и амбисот му возвратил. A tale of romance. :love:
 
Досега не сум имал случајни средби ама погледи од девојчиња во град сум приметил често пати како ме погледнуват(сум ги фатил)сме си размениле погледи, ме интересира што преставуваат за вас случајнитете погледи?
 
Целта на оваа тема е да си ги запишиме случајните погледи со некој/а кои сме ги размениле во текот на денот/неделата/годината и сте имале чуство дека можеби би можело да кликне нешто со таа личност кога би имало некој состанок.
Ај да почнам прв за да биде појасно на што целам.

Пред 3 дена чекав на семафори кога врнеше снег и од другата страна имаше некоја девојка со ескимска капа (оние што се со молтотекс по рабовите) и не можав да и го видам лицето. Кога помина покрај мене случајно се испулив во неа, видов дека ме обсервира и погледите ни се вкрстија, црна женска со црни очи, малку нискичка ама ептен убаво лице.

Вчера онде пред Нептун се разминав со црвенокоса девојка со плави очи и слично како и со црнава погледите ни се вкрстија и дури и се насмеа малку девојката.

Толку засега, мислам дека е јасно зошто е намената темата.
Знам една црвенокоса со плави очи. Розев шал, темно-плави фармерки и црн капут? Ако е тоа таа, you lucky man! Оваа што ја знам, кога ќе се насмее... My heart speaks in verses, my soul trembles like a little child! Не знам што ми е, ама такви очи ме соборуваат...
 
Дали ќе се најде јунак кој при описот на своето погледовкрстувачко искуство ќе каже дека притоа прозборел/а или оствариле каков-таков контакт?

Искрено, ми се читаат такви прикаски.
 
Дали ќе се најде јунак кој при описот на своето погледовкрстувачко искуство ќе каже дека притоа прозборел/а или оствариле каков-таков контакт?

Искрено, ми се читаат такви прикаски.

На прва не, но како што и погоре напоменав се случило повторно да се сретнеме, па потоа да се запознаеме и така натаму.
Уствари киндер генерацијата денес не знае што се тоа погледи и запознавање па може ќе им биде чудно како се доаѓа до моментот симпатија без фб, скајп и кајгана форум. Да преброиш сите „случајни“ партнери им се „случајно“ виртуелно стекнати. Затоа темава има дури 5 мислења.
 
В црква за Св. Никола сабајле на панихида јас излегував а таа влегуваше, таа се насмеа и јас се насмеав на врата гужва. А не ми беше ситуација многу за смеење претходно нешто поради силни чувства и емоции, ама таа ме насмеа затоа и голем впечаток :icon_lol:.
 
Ова се случи денеска околу пладне така.
Се шетам денеска низ центар, си бркам работа, кога од еднаш поминуваат две средношколки поред мене, такви во исти џемперчиња-униформи, изгледа од орце беа, и како се доближуваат накај мене се повеќе и повеќе ми се смешкаат.
Продолжувам по пат, си бркам работа кога поминува една ши...албанка со мајка и фатена за рака. Појма немате какво пиче. Едно дваесетина и нешто години. Долга пуцвал коса, розови усни, и тен. Можда била да скија негде(?). И таа ја гледам ми се смешка, ме јаде со поглед.
Продолжувам по патот, доаѓам до раскрсница и чекам да поминам, кога го гледам возачот на камион што чека зелено како ми се смешка. Беше така средновечен тип, носеше капче од горење...
Веќе почна малку чудно да ми станува.
Таков зачуден, поминувам пешачки и одам така збунето едно десетина минути се додека не поминав поред банката на Трифун која што има врата со отсјај и приметив дека изгледа прекрасно

тартар сосот на моите мустаќи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom