1. Ние можеби имаме јазични сличности со северните народи кои поради тоа се ставаат во иста група со нас македонците, но немаме никакви културолошки, традиски и историски сличности. Каква поврзаност има меѓу културата и традицијата на македонците и на русите??? НИКАКВА.
Каква оставштина имаат македонците за славјаните? Дали постојат славјаните во македонската колективна свест? Дали има барем една народна приказна или песна за јунаштвото на некој „славјански“ водач кога се доселувале истите на балканот во 6-7 век? НЕМА НИШТО ТАКВО.
2. Ама затоа има приказни за царот Трајан, кој владеел со Римската империја (источна) далеку пред „преселбата на словените“. Има приказни за Александар и Филип, за цар Константин. А за словенските јунаци ништо, молк.
3. Русите (и останатите т.н. „словенски народи“) го примија христијанството од македонските свети книги, пишувани на македонскиот јазик од солунското подрачје. Овие свети книги подоцна почнаа локално да се препишуваат (размножуваат), но на истиот тој јазик, со одредени локални модификации. Во средниот век, единствениот извор на знаење беа светите книги, а тие беа или на латински, или на грчки, или на македонски (кој љуби така нека чите „славјански“). Русите и Моравците го избраа македонскиот.
Да не заборавиме дека и Русите и Моравците го примиле христијанството под присила од Цариград и морале да воведат богослужба во црквите на некој од овие јазици. Некои ќе кажат дека го вовеле македонскиот „славјанскиот“ како најблизок, ама јас ќе кажам дека го вовеле како нужно зло.