Словени

  • Креатор на темата Креатор на темата Svetovid
  • Време на започнување Време на започнување
Toa e i prichinata zoshto na tvoite argumenti, vo nekoi sluchaevi, ne moze da im se dade potrebnata tezina.:toe:

Aјде бе.

Aко кажам дека Велес го добил името од славскиот бог Велес,тогаш е OK.

A ако кажам дека В`ЛЕС е в шума, што е јазикот на средновековието, и кое е пореално од тоа да настанало, тогаш потребната тежина е спорна?

И ако кажам дека некое карпатско племе по име Струмјани, од цела ЕУ одбрала да се насели баш во античкиот Струмион и покрај Струма, тогаш потребната тежина е OK ?!
 
Za Mati i Atina, mnogu dobra zabeleska.

Za V`les i Veles, isto taka mnogu mozno.
Vo odredeni knigi i denesno grckiot grad Volos se smeta identicno so nasiot Veles. Mozebi bilo V`LS, neli porano ne se izgovarale mnogu samoglaskite. Pa potoa so vreme presle vo VELES i VOLOS.
No mozebi pak e i so Vlasite. Mnogu varijanti.

No zatoa pak, zosto nekoi da go ima isklucivoto pravo na vadenje etimologija (grcite) a nie da nemoze da si igrame so niv.
 
до анавено по втор пат
те молам ПЕРСИЈА ( не ме бива за сурфање )
мислам дека и нивниот јазик бил како нашиот

каков бил досега,многупати е објавено..
спаѓа во "официјалниот ИЕ" јазик..
но..
во Персеполис,откриени се текстови,испишани на Фригиски (Бригиски) (на сликава подолу)
6nrpd3k.jpg

во кои пишува нешто, како МАК...
..кои,според истражувачите (2004 г),не биле таблици,туку ПЕЧАТИ...

а за сите таблици,за нивниот превод,пред неколку месеци,од оние што работат на преводите (во САД,инситутот за ориентални јазици) е речено дека тие само го откриле "врвот на ледениот брег"...

п.с..
Велес не е Крушево,та од Власи..
 
No zatoa pak, zosto nekoi da go ima isklucivoto pravo na vadenje etimologija (grcite) a nie da nemoze da si igrame so niv.

ај да си играме со греците..
цело Кавадарци (а и МК) да ги построиш,ќе ти кажат дека името на градот е грецко,од грецка етимологија,збор за византиски тип на облека,од зборот kabadion / kavadion in Greek...
арно ама..
кај Арапите..
6ksyn0h.jpg

оваа облека се вика qaba (kava,kaba),или kaftan во Персија...
арапите оваа облека си ја носеле и пред византијците,и којзнае од кога..
значи,греците и пред турско имале арапски зборови..
и денес,грецкиот јазик е полн со арапски зборови,но за сите "официјалци",тоа е "свет јазик"...
 
Gi spomnav Vlasite kako moznost, i tie se selele sekade.
Ne znaci deka e Vlasko, znaci samo kako opcija.
 
Англиската археологија за Словените на британските острови

Saturday, 5. May 2007, 15:38:12

Мирољуб Зариќ

Српскиот писател Милош Црњански во периодот од 1941 до 1965 година живеел во Лондон и утврдил дека на британските и ирски острови има голем број словенски топоними од праисторијата и Стариот век. Топонимите се веродостојна и неретко единствена сочувана историска граѓа што сведочи за постоењето на еден народ на одреден простор и дава и други податоци за науката. Повеста учи дека поробувачите секогаш настојувале да ги искоренат топонимите на поробените народи. Во Словенија во текот на многувековното ропство под австриското царство словенската топонимија била во целост заменета со германски називи. По падот на царството 1918 година биле повратени словенските топоними. Колку тоа ги засегнало експанзионистичките великогермански апетити сведочи повикот на Хитлер од окупираниот Марибор припоените краишта на Словенија повторно да бидат погерманчени.

Односот кон топонимијата и јазикот воопшто е показател на животоспособноста и творечките можности на секој народ. Ова е од битно значење за опстанок на малобројни народи како што е македонскиот, особено во услови на глобализацијата. Како стојат работите со топонимијата во Република Македонија доволно е да се погледаат законот за утврдување на македонско-српската државна граница во делот кон покраината Косово и Метохија и законот за општините, кои беа објавени во Службен весник на РМ.
Секој јазик според особините и традицијата ги приспособува изговорот и писмениот облик на топонимите од друго јазично подрачје. Неприфатливо е домородните топоними да се заменуваат или преведуваат на други јазици. Не се почитува традицијата на македонскиот јазик на употребата на топоними од други јазични подрачја. Така, на пример, традиционалниот облик Вилна за главниот град на Литванија е напуштен и денес се употребува во обликот Вилњус. Исто се случува и со традиционалните називи Цариград и Петроград, кои се заменети со Истанбул и Санкт Петербург. Посебна приказна е недоследноста во употребата на топонимите во пиринскиот, егејскиот и малопреспанскиот дел на Македонија.

САВА, ТИСА, ТАМИШ, ТАРА, ДРИНА И ШАР

Во британските архиви и библиотеки Црњански пронашол голем број летописи, стари мапи и податоци за обичаите и уметноста во Велика Британија и Ирска во првите векови на новата ера. Истражувањата укажувале на истоветноста на древните жители на Британија и на Ирска од една и на Балканот од друга страна. Називите на британските планини, езера, реки, потоци и населби имаат имиња истоветни или слични со оние на словенските простори на Балканот: Сава, Драва, Тиса, Тамиш, Тара, Дрина, Коритник, Ком, Дервент, Луг, Ведура, Видуа, Балтија, Шар, Вран, Дева, Северн итн. Црњански открил дека и на соседниот француски брег, особено во покраината Бретања, има голем број словенски топоними истоветни или слични со оние на Балканот: Брест, Дрина, Свердол, Вран, Вечан, Бреге, Новар... Градот што денес го носи името Солсбери, блиску до прочуениот праисториски Стоунхенџ, на старите мапи е запишан како: Сорбиодун, Сорба, Сербола, Сорбиакум и тн. Покраината во која се наоѓа Стоунхенџ своевремено била наречена Вилчи, по името на словенскиот народ што ја населувал. Старото име на покраината Велс било Венедотија, по името на словенското племе Венети, првите жители на Венеција, по кои е наречен градот и истоимената покраина во денешна Италија.
Во Шкотска, Велс и Ирска Црњански утврдил појава на имињата на следните словенски племиња: Бодуни, Добуни, Думани, Корнови, Корни, Корнути, Бориштени, Горичани, Луги, Ладени, Мијати, Рутени, Морини, Морави.

ПОЛИТИКАНТСТВО НА ЗАПАДНАТА ИСТОРИОГРАФИЈА

Црњански бил ученик на професор Милое Васиќ, првиот истражувач на 7 илјади години стара словенска култура на археолошкиот локалитет Винча. Стекнатото знаење и искуство му овозможиле со сигурност да заклучи дека на британските и ирски острови сведоштво за себе не оставила некоја неодредена словенска маса, зашто се јасни и препознатливи трагите на древните Срби и на други словенски народи од Балканот. Во Лондон Црњански ги споредувал резултатите до кои доаѓал во истражувањата со трудовите на британските и ирските историчари. Неговите заклучоци за Србите и другите словенски народи на тие простори ги споделувале познати истражувачи на двете земји.
Знаејќи ги службените ставови на историографиите на западноевропските земји по прашањата за прататковината на Словените и словенските антички и средновековни држави, Црњански укажал дека има премногу политикантство по овие прашања. Како пример на политикантство во науката ги истакнал толкувањата на лорд Актон. Тој стравувал од можноста да бидат прифатени фактите кои говорат дека Словените се можно праисториско и античко население на британските и ирски острови. Поради тоа пишувал дека словенските народи се нестабилни и неспособни да создадат држава. Словените, според Актон, го населиле Балкан со „инфилтрирање„, не како освојувачи, туку како сонлива, спора, селанска толпа.

Лордот- укажал Црњански, нема објаснувања зошто и како Словените во тие дамнешни времиња ги напуштиле претходните станишта на Балканот и се населиле на британските и ирски острови, илјади години пред создавањето на англискиот народ. Актон исто така не дава објаснение како Словените успеале да го направат тоа, ако биле „сонлива селанска толпа„, кога науката добро знае дека селаните не ги напуштаат лесно своите ниви. Англискиот лорд не дава објаснување ниту за тоа како „сонливата„ и „недржавотворна толпа„, во опасно опкружување какво што бил Балканот во Стариот и во Средниот век, создала повеќе свои држави. Македонскиот народ, на пример, кон крајот на 11 век
го создал пространото Самуилово царство.

Црњански посочил и на небулозните тези на одделни словенски историчари според кои Словените се населиле на Балканот во еден голем и крвав поход, истребувајќи го пороманетото население од Босфор до Трст. Но, притоа, немаат ниту еден сигурен извор за ваквите тврдења.
Збрката меѓу археолозите на Британија, Ирска и Франција сврзана со древното словенско културно наследство на тие простори- бележи Црњански, е целосна: еднаш го припишуваат на Словените, друг пат на Вендите, Скитите, Сарматите, Илирите... Како да не се работи за еден ист народ. Западните истражувачи не се осмелуваат да објаснат дали се во прашање Словени со ист јазик и култура но со различни имиња, свои и туѓи, или се во прашање различни етнички групи со уедначена словенска култура. Црњански истакнува дека единствено нешто за што западните историчари се согласуваат е фактот дека топонимите на британските и ирските острови, во Бретања и другите краишта на Франција се словенски.

СЛОВЕНИТЕ ЖИТЕЛИ НА БРИТАНИЈА ВО ПРАИСТОРИЈАТА

Одделни англиски археолози врз непобитни материјални докази одамна заклучиле дека Словените се староседелци на Западна Европа. Дел од нив докажувале дека Словените од Западна Европа, особено од Британија, одржувале тесни врски со словенските заедници на Балканот и други краишта на Европа. Англискиот археолог Мина смета дека нема никакво сомнение дека Венетите (Вендите) се Словени. Таквите сознанија најупорно ги има афирмирано истакнатиот англиски историчар Гордон Чајлд. Во тоа доследно го поддржувал англискиот биолог Ј.Б.С.Холдејн, кој во многубројни научни трудови укажувал дека во праисторијата Британија била населена со Словени од просторите на поранешна Југославија. Овие научни сознанија, меѓутоа, не биле прифатливи за службената англиска историографија. Археологот Џекета Хокс, во тоа време една од авторитетите на службената англиска археологија, ваквите научни заклучоци на своите англиски, шкотски, ирски и велшки колеги остро ги нападнала. Но и покрај нејзините остри напади одделни истражувачи продолжиле со факти да докажуваат дека населението на Британија во дамнешните времиња било словенско. Ваквото гледиште тие најчесто го имаат поткрепувано со изобилството словенски топоними, откриените артефакти и записи на разни летописци. Ирскиот археолог Мек Алистер врз основа на вакви факти укажувал на длабоката древност на врските меѓу словенското население на Балканот и на Британија, истакнувајќи дека културниот центар на нивната заедничка цивилизација бил во Винча кај Белград.
Славниот археолог професор Стјуарт Пигот, професор на Шкотските универзитети не само што ги потврдил наведените откритија, туку ги дополнил со откритие на рани литерарни траги на врските на Шкотска со Илирите. Покрај цивилизациските врски на Балканот и Британија во бронзеното доба Пигот го додава и тврдењето дека и древната цивилизација Микена имала блиски врски со словенското население на британските острови. Најзанимливата поединост од истражувањата на Пигот се однесувала на пронајдените скулптури за кои Црњански укажува дека најмногу потсетуваат на старословенски скулптури откриени во Полска, како и на српските стеќци.
Науката има докажано дека основачот на историографијата хеленскиот историчар Херодот (околу 484 - 425 п.н.е.) воедно е и родоначалник на словенската историографија зашто оставил први податоци за Словените. Прочуениот хеленски историчар и географ Страбон (околу 63 година п.н.е.- 24 година н.е.) има запишано дека во 5 век п.н.е. установите во Тракија биле многу слични со оние во Британија.
 
Минатото е словенско

Saturday, 5. May 2007, 15:36:37
На идејата на Умберто Еко дека „од исчезнатите нешта остануваат празни имиња“ решително и се спротивставува идејата на Паоло Коељо дека „можеме да ги чуеме ѕвоната на одамна потопениот храм“. Силната мисла на Коељо уверува дека од длабочините на времето може да изнурка и вистината за словенското древно и поново минато, без оглед на многубројните странски и меѓусловенски кривотворења и премолчувања на фактите и намалувања на местото, улогата и значењето на Словените во европската и светска историја и цивилизација. Последните дваесетина години видовитата мисла на Коељо почна да се остварува. Објавени се десетина сериозни научни трудови посветени на словенската праисторија и Стариот век, од што голем број како резултат на долгогодишните проучувања на американскиот Институт за етрурски истражувања од Чикаго. Новооткриените сознанија од темел ги разнишуваат старите противсловенски „научни мислења“. Одгатнатите древни натписи на етрурско, лидиско и ликиско писмо говорат за словенски јазик и за Словени. Спомениците, топонимите и материјалните докази откриени во Подунавјето, на Балканот и низ поголемиот дел на Европа и во Мала Азија даваат многубројни значајни податоци за Словените, нивната култура, обичаи и секојдневен живот во период долг над 8 илјади години. Историјата на Словените и на Европа не е онаква каква што одделни западноевропски кругови со столетија се обидуваат да ја претстават. Западната цивилизација, која денес почива на христијанството, е родена и создадена пред илјадници години на просторот од Подунавјето и Балканот, преку Мала Азија до Месопотамија, а потоа е проширена низ Европа и последните векови пошироко. Словенската цивилизација е во темелите на Западната цивилизација.

ЕТРУРСКИ КОРЕНИ НА КИРИЛИЦАТА

Во претходните две продолженија на статијата „Глобализацијата и јазикот“ на пошироката македонската јавност и беа претставени повеќе нови суштински научни сознанија за древните Словени и нивната цивилизација. Меѓу другите и за словенското потекло на топонимот Македонија, што датира од 7 век пред Христос. Во ова продолжение претставуваме натпис на етрурско писмо на камен блок пронајден на околу 70 километри северозападно од Рим (Етрурците сами себе се нарекувале Рашани, а земјата Расија). Во каменот е врежана слика на која е претставен словенскиот бог Перун во воена опрема како со копје во рака ја убива алата (аждерот) која стои пред него. Под сликата на етрурски пишува: „Ала сипа жер на Перуна“. Како што се гледа сите етрурски зборови се во ист облик во српскиот и во македонскиот јазик, освен зборот „жер“, кој во двата современи словенски јазици го има обликот „жар“. Христијанската црква од словенската култура го има преземено мотивот со Перун и поврзано со името на Свети Ѓорѓи.
Зборот „ала“ како автентичен македонски збор е застапен во првиот том на тритомниот Речник на македонскиот јазик со значење ала, аждер, како и во српскиот, бугарскиот, рускиот... Занимливо е дека во ист облик и изговор овој словенски збор е застапен и во италијанскиот и во шпанскиот јазик (но, не и во францускиот) со значење „крило“(на птица, зграда и тн). Од зборот „ала“ во италијанскиот јазик е изведен и зборот „алато“ со значење „крилат“. Познато е дека Старите Словени алите, т.е. аждерите, змејовите си ги замислувале како крилести змијолики суштества. Во облик „аљамет“ со значење „огромна змија“ словенскиот збор „ала“ е прифатен и во албанскиот јазик.

СЛОВЕНСКИ „ГУТЕНБЕРГ“ ОД ПРЕД 2500 ГОДИНИ

На Апенинскиот Полуостров се пронајдени голем број отсликани и испишани камени блокови на кои се прикажани разни моменти од животот и работата на рашаните.Тие содржат упатства и совети како се чува и обработува свежо месо и друга храна, потоа поуки за лечење на болните од разни заболувања, совети за пречекување на гостите, прикажуваат вежби на вооружени рашански војници, а има и описи од историјата на овој древен словенски народ. Содржините на овие слики и текстови, според Светислав Билбија, американски научник од српско потекло, повеќе потсетуваат на училишни лекции, отколку на пораки од споменици. Кога се знае колку макотрпен труд во тоа време бил потребен за да се подигне само еден единствен отсликан и со текст испишан споменик, кои биле поставувани по населбите и покрај патиштата, нелогичен би бил заклучокот дека Етрурците подигале споменици со такви безначајни содржини.
Но, исто така, смета Билбија, неуверливо е и да се претпостави дека испишаните и осликаните камени блокови претставувале школски лекции. Нереално е да се мисли дека етрурските учители ги користеле како табли за пишување. Уште повеќе зашто во тоа време луѓето веќе знаеле за пишување да користат некоја рамна површина со темна боја. Пишувале со парче варовник и напишаното лесно го бришеле со мокра крпа. Освен тоа, археологијата денес знае дека луѓето од тоа дамнешно време за пишување и чување на разни податоци користеле плочки од печена глина. На овие плочки најчесто биле испишувани, т.е. врежувани книговодствени податоци за количествата, видот, квалитетот и цените на стоките. Веројатно е дека учителите во древна Расија користеле и плочки од печена глина во наставата. Но, според Билбија, не и за училишни лекции наменети за учениците. Зашто, ако тие плочки навистина содржеле лекции од разни предмети, во тој случај на рашанските „книжари“ би требале, на пример, за потребите на само илјада ученици да врежат десетици илјади лекции на исто толку плочки. Дури и да бил можен таков подвиг, етрурската загатка: со каква цел се врежувани безначајни содржини во камени блокови останува нерешена.
Билбија смета дека единствено логично објаснување за загатката е дека Рашаните пред 2500 години, односно 2000 години пред Гутенберг знаеле за тој начин на печатење. Камените блокови со врежани слики и текстови биле користени како калапи за печатење на училишни лекции на глинени плочки.
Меѓу големиот број откриени етрурски камени блокови и споменици со врежани слики и натписи посебно е занимлив оној на кој е претставен рашански благородник како на стадион со маса друг народ гледа боречки натпревари, кои во Етрурија биле организирани на секои четири години, како и Олимпијадата.

ПОДУНАВЈЕТО И БАЛКАНОТ - СЛОВЕНСКА ПРАПОСТОЈБИНА

Рускиот истражувач Генадиј С. Грињевич во своето дело „Прасловенската писменост и резултатите на одгатнувањата„ открива непознати страници на словенската писменост и словенската историја која, според него, имала водечко место во мугрите на цивилизацијата. Тој утврдил дека словенското слоговно писмо е најстаро до сега за науката познато писмо на светот и дека и припаѓало на Винчанската култура, 5 илјади години пред Христос. Грињевич смета дека на словенската култура и припаѓаат и Критските натписи од 20 до 12 век пред новата ера, етрурските натписи на Апенинскиот полуостров од 8 до 2 век пред Христос и словенските руни од 4 век п.н.е, до 10 век на новата ера.
Доколку продолжат археолошките истражувања на локалитетот Говрлево, Скопско, можно е да бидат пронајдени докази со кои староста на најстарото словенско и светско писмо ќе биде подолга за уште цело едно илјадалетие.
Светски познатиот научник - јазичар Олга Николаевич Трубакова во делото „Етногенезата и културата на Старите Словени: лингвистички истражувања“ докажува дека Подунавјето и Балканот се прапостојбина на Словените кои од тие простори низ многу илјадалетија се раселувале во други подрачја на западот, северот и на истокот на Европа.
Последниве дваесетина години беа објавени трудови на некои историчари од просторите на поранешна Југославија во кои се истакнува дека претставувањето на словенската историја на Балканот не одговара на фактите. Еден од нив е и истакнатиот хрватски историчар Иван Мужиќ. По долги истражувања и проучувања Мужиќ заклучува дека не постојат материјални докази кои би ги поткрепиле тврдењата на некои историчари за наводното постоење на „Големата преселба на народите во Европа„ и наводното доселување на Словените на Балканот од 5 до 7 век од „зад Карпатите“.
Објавени се и неколку трудови на професорот Реља Новаковиќ, стручњак за словенска праисторија и Стар век од САД, меѓу кои „Атлас за историјата на Словените до 12 век„, „Карпатски и ликиски Срби“ и „Непознатиот Црњански„, печатени во Институтот за србистика во САД на англиски и на српски јазик.
Во трудот „Непознатиот Црњански“ Новаковиќ бележи дека книжевниот великан Милош Црњански за време на долгите години поминати во Лондон во средината на 20 век утврдил дека на британските и ирски острови има голем број српски и други словенски топоними од Балканот, т.е. очигледни факти за постоење на Словените таму каде што науката до скоро „не можела“ или не сакала да ги види. По враќањето во Југославија 1964 година Црњански и ги претставил своите откритија на југословенската научна јавност која, меѓутоа, со чудење констатира Новаковиќ, не пројавила интерес за ова за сите словенски народи исклучително значајно откритие, кое набргу било заборавено.
 
минатото не е словенско , тогаш владеело македонското царство
што значи дека нивното писмо и култура биле најраспространети

не заборавај дека поимот словени се употребува во 18 век
што значи дека една цивилизација ја претопиле во името словени
 
анавено
благодарам
најди уште нешто
 
Јас не би рекол дека биле свесни за Македонство пред 5000 години, но едно е сигурно, јазикот и верувањата биле исти. Мајката (земја) Божица и небесниот бог Сонцето се одбележјето на цивилизацијата на Балканските простори.

Мене едно ме иритира. Погорниот текст на ЕлЦид е ОК, но никој не дава да го видиме тоа АЛА СИПА ЖЕР НА ПЕРУНА. Потоа на некои места на нет имам најдено за тектови од ДУРА ЕУРОПОС, демк биле словенски, но пак јас слика не гледам.

Мора сувопарното пишување да престане.

Ајде нека ископира некој од старите мапи во Британија, па и ние сами да процениме. Се некој научни собири, па некој контри, и т.н.
Се разбира дека светот ништо не признава. Како ке ги оправда сите проблеми кој ги создал, поготово Блудницата Европа.
 
Анавено како што гледаме ни постирал слика, и така треба.
Па вие сами проценувајте. Текстот не може да се констатира чив е, тоа се многу стандардни букви во секој јазик. Но стилот и изгледот, тука веке личи на нешто како кирилица. Но се разбира ке се оспорува и ке се бараат милион варијанти. Да се надеваме ке се пронајдат повеке натписи со различна содржина
 
етрурска азбука

овде е споредбата со:
српски
грчки
латински букви
 

Attachments

  • rasani.jpg
    rasani.jpg
    102,7 KB · Прегледи: 29
Па вие сами проценувајте. Текстот не може да се констатира чив е, тоа се многу стандардни букви во секој јазик. Но стилот и изгледот, тука веке личи на нешто како кирилица. Но се разбира ке се оспорува и ке се бараат милион варијанти. Да се надеваме ке се пронајдат повеке натписи со различна содржина
eve kako vo site svetski katalozi se klasificiraat tekstovite..
6nrpd3k.jpg

бригиски текст..со МАК..нешто како кирилица

87i5i5v.jpg

грчки...
6qdsimp.jpg

старо-персиски..

сите текстови се од Персеполис..
гледаме дека констатирале чии се текстовите..

ако може да им веруваме за сите досегашни преводи,па и на демотското писмо (зборувам за институтот за ориентални јазици во ЧИКАГО,САД),...
и ако таму се испраќаат скоро сите наоди за дешифрирање (иако САД и Иран не се мирисаат)..ангпу не ја мати џабе водата..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom