Слободата на Универзитетот во раце на Владата

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Владата, согласно со новиот предлог-закон, може да укине факултет и универзитет кога таа ќе процени за потребно (член 40, 44 и член 161)?! А министерот за образование може да донесе одлука за суспензија на работа на факултет, кога тој смета дека истиот работи незаконски?!
Уставот дефинирал дека ова надлежност е во рацете на универзитетската автономија. Државата прави упад во уставната позиција на автономија на високото образование.Темата ја поставив овде затоа што мислам дека е во прашање политика на Владата која во манир на разбојник проба да ги дрпне парите од образованието.
Какво е вашето мислење, дали образованието треба да биде во рацете на едн министер од калибар каков што го имаме моментално?
 
Има нешто гнило во земјата Македонија.
Нашите форумаши се единствено егзалтирани кога треба да ги бранат или промовираат големите идеи на големите водачи - татковците и мајките на нацијата.
Ги нема ни студентите. Не знам зошто ама синоним за македонскиот студент ми се наметнува конструкцијата летаргична маса.
Ако законот се усвое таков каков што е мора да падне пред Уставниот суд. Министерот за обравозование (кој и да е) не може да биде претворен во извршен судски орган, неговата работа не е откривање на криминалот, ниту пак е спроведување на правдата. Посегнувањето во автономијата на Универзитетите е погубна тактика, која што слабо ќе се одрази на и така жалното образование во Македонија. Се надевам дека во Собранието има доволно мудрост да се одбие еден таков уништувачки закон.
 
Да не заборавиме дека предлог законот за одлуката е во насока на укинување на приватни државни факултети или универзитети. Сигурно во никој случај не би била донесена ваква одлука против некој од државните, нели?
 
А што ако се установи дека некој факултет издава несоодветни дипломи, не нуди квалитетна настава или наплаќа прескапо за своите услуги, дека има лабаратории кои немаат безбедносни стандрарди и сл.
Треба ли владата да седи и да гледа.
 
Доколку наплаќа прескапо за своите услуги, нема никој да се запише, хехе. Шега, но и вистина, во принцип министерството не може на приватен факултет да му налага по кои цени да овозможува студии, студентите одлучуваат дали вреди да се даде толку пари за некој факултет или не.

За другово да, доколку некој несоодветно дели дипломи, апсолутно треба да се соочи со санкции.
 
Превисоко во смисла на ненудење на соодветни услуги кои ги ветуваат(мед и млеко) додека не ги намамат.
 
А што ли мислело и што ли се правело пред да му се одобри акредитацијата на тој универзитет или факултет што ете така одненадеж ја сменал својата нарав и почнал да не нуди квалитетна настава или наплаќа прескапо за своите услуги, да има лабаратории кои немаат безбедносни стандарди и сл. ? Единствено тој механизам што претходно ги проверува условите за акредитација може да биде предмет на расправа за промени, а не и универзитетската автономија.
И доколку некој несоодветно дели дипломи тоа е криминал, а за криминалот, кој што го прават луѓето и не институцијата факултет, е надлежно МВР. Нема тука место за министерот за образование.
 
joci напиша:
А што ли мислело и што ли се правело пред да му се одобри акредитацијата на тој универзитет или факултет што ете така одненадеж ја сменал својата нарав и почнал да не нуди квалитетна настава или наплаќа прескапо за своите услуги, да има лабаратории кои немаат безбедносни стандарди и сл. ? Единствено тој механизам што претходно ги проверува условите за акредитација може да биде предмет на расправа за промени, а не и универзитетската автономија..

A што ако во моментот на акредитирање ги исполнувал условите, а потоа почнал да забушава? Не е можно?
joci напиша:
И доколку некој несоодветно дели дипломи тоа е криминал, а за криминалот, кој што го прават луѓето и не институцијата факултет, е надлежно МВР. Нема тука место за министерот за образование.
Хех, значи по логикава и ако некој џандар заебе работа, МВР не смее да го отпушти, туку министерството за образование да го едуцира, пошто тоа се должи на незнаење :)
 
Јас да можам да одлучувам би ги намалил државните придонеси кон универзитетите и ќе ги оставам да се издржуваат на комерцијална база.
Што има цела држава да плаќа за некои кои се вечни студенти или се запишуваат на хуманитарни, општествени науки, од кои државата нема никаква полза?
Ако некој го бива да, да биде подржан, но џаболебари не.
Од моја генерација сите се запишаа само пола завршија. За таа другата пола кои не завршија, пак државата платила. Пари фрлени. Не треба да биде така.
 
Код:
Хех, значи по логикава и ако некој џандар заебе работа, МВР не смее да го отпушти, туку министерството за образование да го едуцира, пошто тоа се должи на незнаење :)

Не не не :) Погрешна дедукција :)
Логиката единствено кажува дека тоа што еден џандар заебал работа не значи дека треба цело МВР да го затвориме. Само тоа и ништо повеќе. :smir:
 
joci напиша:
Код:
Хех, значи по логикава и ако некој џандар заебе работа, МВР не смее да го отпушти, туку министерството за образование да го едуцира, пошто тоа се должи на незнаење :)
Не не не :) Погрешна дедукција :)
Логиката единствено кажува дека тоа што еден џандар заебал работа не значи дека треба цело МВР да го затвориме. Само тоа и ништо повеќе. :smir:
Ааа, не, ове е веќе детукција во стил "детуктирам како ми одговара" :)

Ако во дедукцијата еден факултет е единка (а не цело министерство за образование, во тој случај не го затвараме министерството, го затвараме факултетот, нели?), аналогно на него е еден џандар, не цело министерство :smir:
 
Хихихи повторно не можеме да се усогласиме. Аналогијата џандар-факултет некако ми е преувеличено чудна. :) Јас попрво би направил поврзување СВР-факултет. А повторно СВР не би го затвориле нели? :) Бидејќи милуваш споредби- џандарот можеме единствено да го споредиме со деканот или соодветно ректорот. Дури и тоа би му било многу :)
 
Јок, збориме за компарација единка - надлежно министерство - одговорност пред истото министерство :)
 
Треба исто и да се дозволи влез и на странски универзитети.
Македонија може се осамостои и социјализмот во поголемиот дел од државата е заборавен, но не и кај професорите.
Тие мислат дека имаат некое свето право да се таму.
Нема привилегии во пазарно општество, секој треба да се натпреварува за да успее и заслужи некоја позиција.
Професорите кај нас ко англиска кралица се. Прогласени еднаш и доживотно да владеат.
 
joci напиша:
А што ли мислело и што ли се правело пред да му се одобри акредитацијата на тој универзитет или факултет што ете така одненадеж ја сменал својата нарав и почнал да не нуди квалитетна настава или наплаќа прескапо за своите услуги, да има лабаратории кои немаат безбедносни стандарди и сл. ? ....
По оваа твоја логика сега треба да го ослободат Смиленски, зошто државата е кривашто дозволила да стане директор и бизнисмен(успешен) ама после се расипал и направил криминал.

Никола напиша:
Јас да можам да одлучувам би ги намалил државните придонеси кон универзитетите и ќе ги оставам да се издржуваат на комерцијална база.
Што има цела држава да плаќа за некои кои се вечни студенти или се запишуваат на хуманитарни, општествени науки, од кои државата нема никаква полза?
Ако некој го бива да, да биде подржан, но џаболебари не.
Од моја генерација сите се запишаа само пола завршија. За таа другата пола кои не завршија, пак државата платила. Пари фрлени. Не треба да биде така.
Среќа нивна(џаболебарска) што не решаваш ти.
Извртување на реалноста е да се тврди дека државата плаќа за вечните студенти. Сите тие си плаќаат се од испит до упис на година и вонреден статус и сл.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom