Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
СРДЕЧНИ ПОЗДРАВИ И ПОДРШКА НА НАШИОТ БРАТСКИ НАРОД ОД КРФ,
Речиси 150 години по неговото приклучување кон Грција, островот Крф, една од најатрактивните туристички дестинации во Медитеранот, за прв пат во својата историја најавува дека ќе покрене процес за автономија и за отцепување од Атина, пишува лондонски „Гардијан“.
Весникот наведува дека разидувањето меѓу локалното население и тамошните бизнисмени и Владата во Атина е мошне големо, а луѓето од островот се гневни на грчките политичари кои го имаат целосно заборавено Крф, иако од него секоја година извлекуваат милијарди евра.
Политичарите во главниот грчки град се обвинуваат дека се навлечени во бројни скандали и дека големите пари што ги добиваат од Европската унија за побрз развој на недоволно развиените подрачја на земјата, главно завршуваат во нивните џебови, па група од најугледни претставници на островот подготвуваат создавање партија, која за две години ќе се појави на локалните избори, а ако победи веднаш ќе организира референдум за отцепување од Грција. Тие велат дека ако се укаже потреба за тоа, веднаш ќе побараат заштита од ЕУ, наведува весникот.
„Звучи како анатема да се рече дека обединувањето со Грција е најтешкиот момент во историјата на Крф, но така е, изјавува за „Гардијан“ Хари Цукалас, истакнат претприемач од островот, кој стои зад барањето за автономија.
Според него, приклучувањето на Крф кон Грција во 1864 година „било голема грешка“, поради која луѓето од островот ќе жалат за секогаш.
Автономистите се жалат дека грчката централна влада „испумпува“ пари за државниот буџет, а на Крф не вложува ништо, па островот делува запоставен и запустен со патна мрежа која е изградена уште од времето кога Британците владееле со Крф во средината на 19-от век.
Островјаните се жалат дека ниту во 2008 година Крф нема болница, а новороденчиња се уште умираат поради тоа, иако таму живеат 150 илјади луѓе, меѓу кои и 15 илјади британски државјани.
„За прв пат крфјаните не се плашат да кажат што мислат и што планираат да направат“, објаснуваат жителите на островот за лондонскиот весник.
Претставникот на владејачката грчка партија Нова демократија на Крф, за „Гардијан“ вели дека плановите за автономија се „чиста глупост“, заканувајќи се дека Атина никогаш нема да прифати разговори за автономија, ниту пак за отцепување со кого било на островот.
Весникот потсетува дека политичката состојба на Крф е отежната по крвавите немири што се организирани од незадоволните островјани, во кои при интервенција на специјалната полиција, дојдена од Атина, загинаа една жена и две деца.
„Ниту во времето на диктатурата на полковниците, грчките влади не испраќаа специјалци против голоракиот народ“, вели Цукалас.
Крф во својата историја има многу господари, а дел од Грција е од 1864 година, кога Британците одлучиле да им го предадат на атинските власти, затоа што за возврат Грците се согласиле да прифатат крал кој бил близок до Велика Британија и британската круна.

ama da mozam pak lesno da odam slednoto leto i da gi vidam site luge sto gi poznavam!!! 