Одложен концертот (и новиот сингл!) на Слаткаристика
Поради многуте концерти кои ќе се одржат овој месец, од Јованов рекордс решија да го одложат концертот на Слаткаристика, кој неофицијално беше најавен на 25. декември оваа година. Иако фановите на Слаткаристика го чекаа во Скопје тој момент за жал концертот е презакажан за
2. февруари.
Најпознатиот хип хоп изведувач моментално кај нас - Слаткартистика за својата публика најавува нов синг кој најдоцна до 15. декември ќе биде промовиран. Воедно Слаткар е гостин на новиот албум на Тони Зен кој деновиве веќе ќе се најде во продажба. Тони Зен и Слаткар имаат три нови дуети кои веруваме дека ќе привлечат огромно внимание кај публиката.
Откако ќе се испромовира албумот на Тони Зен, новиот сингл на Саткаристика, хип-хоп револуцијата ќе се одржи во Метрополис Арена во Скопје - изјавија Јованов Рекордс.
http://www.mmm.com.mk/www.MMM.com.mk
Толку од МЕГА концертот. Се само го одложуваат.