Сквернавење

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
По бугасрките обиди во историскоетничка насока, да не останат покуси од своите соседи се јавија и Србите



Сквернавење на ликот и делото на Тоше Проески

A9EBAA5E8020AC4AAA542D491C744AE5.jpg
"Балкански анѓео" е насловот на книгата во издание на српската Издавачка куќа "Правда прес", а посветена на нашиот Тоше Проески. Можеби во излегувањето на делото не би било ништо спорно, ако издавачот тоа го стореше во согласност со семејството Проески и Координативното тело за заштита на ликот и делото на Тоше. Книгата е во издание на редакцијата на дневни весници "Правда прес", содржи 130 страници и е печатена во 10.000 примероци. Веќе е пуштена во продажба и ја има и на интернет и тоа по сега намалена, нова цена од 6,75 евра, наместо првичните 8,75 евра.
"Кога претседател на држава вонредно ќе и се обрати на јавноста и ќе се упати на плоштадот на престолнината да запали свеќа, кога тоа ќе го направи и премиерот по итната седница, и претседателот на парламентот низ солзи ќе и соопшти на јавноста дека на тој ден парламентот нема да работи, а ќе им се придружи и црковниот поглавар и сето тоа за половина час секој би помислил дека умрел највисок државен функционер. На веста за смртта на момчето кое со својата песна, но и хуманост, едноставност, скромност и љубов кон луѓето го маѓепса Балканот, Македонија реагираше со срце. Луѓето беа во потполн шок... Со прераното заминување на Тоше од овој свет, музиката загуби многу, ние загубивме многу. Беше голема ѕвезда, но не се однесуваше така. Затоа и беше голем... е дел од предговорот на "Балкански анѓео".
Од Издавачката куќа "Аворд ентертејмент", а по повод издавањето на книгата, тврдат дека ниту семејството Проески ниту тие биле известени за објавувањето. Одобрение не било побарано ниту од Координативното тело на Владата на Република Македонија, кое го има заштитено ликот и делото на Тоше Проески. Славен Ристески, зетот на Тоше Проески и член на Координативното тело, ни рече дека ќе реагираат, но во интерес на постапката не сакаше да соопшти детали за тоа какви чекори ќе бидат преземени. Единствено за што со сигурност ни потврди е дека од никого не била побарана дозвола за објавување на книгата.
 
Јас не сум расонет убаво или не сфаќам? Во што е сквернавењето? Што на Аворд Ентертејмент не им текнало први да објават книга?

Мислам, да бидеме реални.
 
искористување, не може бизнис да правиш без согласност на семејството, Тоше е сега бренд, да сме во нормална земја до сега тужби ке фрчеа

долен обид да се заработи нешто повеке
 
Македонцки!
Мислја, че б'ркаш понјатијата. Доколкото разбрах това е книга за Тоше Проески, а не е сборник с негови авторски песни и текстове. Вторијат случај може да се отнесе к'м авторското право, но не и когато става в'прос за биографична книга. Роднините на Проески биха могли да си пот'рсјат правата само ако смјатат и докажат, че в книгата се с'д'ржа невјарна, л'жлива и позорјашта информација за технијат родственик.
 
Книга, е ок.

Објавување на книга без притоа откупени авторски права, не е ок.

Ок?!

Значи, не е ова сквернавење, туку нарушување на авторски права на семејството на Тоше, за брендираниот лик на Тоше.

А дали е навистина така, дај да видиме...А ако е легално издадена книгата?
 
Значи, не е ова сквернавење, туку нарушување на авторски права на семејството на Тоше, за брендираниот лик на Тоше.
Не е ни тоа.

Брендиран лик? Авторски права? Не е песна тоа. Ничиј живот, лик и дело не може да имаат авторски права. Секој може слободно да пишува за нив.
 
Нема тука никаков прекршок затоа што во овој случај не постои кражба на права на интелектуална или културна сопственост. Но ако во книгата има нешто што не смее да го има е тогаш ќе има проблеми.
 
Не е ни тоа.

Брендиран лик? Авторски права? Не е песна тоа. Ничиј живот, лик и дело не може да имаат авторски права. Секој може слободно да пишува за нив.

Друже, не е така. Конретно за Тито, за да се спомне било каде името негово, мора прво одобрување од неговите деца кои го заштитија неговиот лик. Од тоа праат пари.

Така и со Тоше. Ако е заштитен, а мислам дека е.
 
Znaci mora da se najde zakacka kolku od nas imat plateno za pesnite na Tose koi gi imame na kompjuterot 99% sigurno ne ili kaj tebe se e plateno znaci site go skvernavime deloto na Tose bi sakal da ne e teka no e taka
 
Tи го спомна сега, очекувај децата негови да ти пратат фактура :)

Има разлика :) Јас не го користам неговото име во комерцијални цели.

За тоа се работи. Ти можеш секој ден да го користиш името негово или на разглас да му ја пушташ музиката.

Ама да правиш пари од тоа...јок. А книгата е точно тоа. Правење пари.
 
Не е спорно дека сите го сакаа Тоше , тука нема сомнеж .
Меѓутоа почитта кон него не се искажува со тоа што ќе објавиш биографска книга за него , што во превод значи ќе печалиш пари на неговата слава . Значи , тоа што го направиле во Србија , не е ништо друго , освен дело казниво со закон !
Се знае кој е овластен и кој смее да пишува биографии на славните личности . Значи тоа го прават одредени луѓе , кои со одобрување на семејството и со нивна соработка , ја пишуваат биографијата .
Значи , ТОШЕ е бренд и секој кој што сака да печали пари на неговата слава , мора прво да добие одобрение за тоа а потоа и да плати . Ако ова го направиле во Србија од љубов кон Тоше , тогаш најчесно е парите од продажбата на книгите да ја дадат во добротворни цели или нешто слично :toe:
 
Во книгава не гледам сквернавење на ликот и делото на Тоше...Евентуално можеби непочитување на авторски права и профитирање од истото.
Но, тоа единствено ако е заштитен ликот и делото на Тоше и во овој случај, односно ако тоа предвидува и авторски права за пишување на неговата биографија. Затоа ме интересира дали некој знае како е ова регулирано?
Иако лично ми делува малку збунувачки таа заштита да подразбира забрана за неавторизирано пишување на биографии. Мислам, се додека не се користат нешта кои се интелектуална и лична сопственост како лични ракописи на Тоше, негови лични фотографии и слично, не гледам тука прекршок.
Затоа што ако е спротивно, онда би требало, по некоја логика, и секоја новинарска статија или телевизиска емисија да бара авторизација на секоја реченица во која го споменува Тоше.
 
Има разлика :) Јас не го користам неговото име во комерцијални цели.

За тоа се работи. Ти можеш секој ден да го користиш името негово или на разглас да му ја пушташ музиката.

Ама да правиш пари од тоа...јок. А книгата е точно тоа. Правење пари.

Me zaintrigira ..: ako napisam avtorski roman political fiction za Tito i makedonskata moderna drzava...treba da platam tantiemi nekomu???? i za Kenedi ako mi tekne ili za Stalin ne daj Boze????
 
За Кенеди и Сталин, незнам. Ама за Тито брате, ќ е фрлиш некој динар под мантијата :)

Ако не сте знаеле, кафулето во Карпош „Броз кафе“ пред година ипол си платија авторска такса...Па сега, тоа е кафуле, а види ти математиките за книга која е тарифата :)

Кликни и читај...

Под нивна опсервација е и Македонија. Адвокатите и членовите на семејството Броз ја посетиле скопската кафеана "Кај Маршалот"
 
Back
На врв Bottom