Имав таков другар, сега се дистанцирав од него заради таа причина. Ќерфија не му влегува. Значи за детето можам да напишам цела книга, ај да почнеме од почеток. За пари има, не е за жалење.
Значи он си има зацртано викенд да не потроши повеќе од 50-60 денари. Денска шема/кафе нема шанси, кога ќе дојде келнерот сите порачуваме по нешто он секогаш со изговорот не ми се пие. Тие 50-60 денари му се резервирани за петок или сабота навечер. Ако се напие во петок нешто и тоа пази, 1 пиво, и него го лигави 2 саата. Во сабота нема шанси да порачи ако пиел во петокот и обратно. Значи буквално ништо.
Еднаш имаше дојде едно другарче дојдено од странство и сакаше да части. Бевме 5-6 души, некој пиво некој вотка/коњак, дотичниот порачи вотка редбул. Во животот еднаш имаше пробано вотка а редбул ниеднаш и сега ми порачува вотка редбул што е 250 денари. Значи со него излегував 5 години во тие 5 години еднаш не го видов да се напие повеќе од 1 пијачка, би се напил но доколку го части некој.
Значи јас до сега никогаш го немам видено пијан, ама да се опие од свои пари, ама кога има гага бате нонстоп е пијан, прв е.
Пазете ситуација, ме вика да излеземе на кафе, одиме, а тој ништо не порачува. Душа дава да шета по кафичи, дискотеки ама пари не му се троши. Веќе долго време немам контакт со него, го избегавам, но има ситуации кога неможам да го избегнам гледам почнал да се поправа и почнал да порачува ама касно. Имало ситуации кога носи еден топ пари а ништо не порачува, не му се пие, да бе 5 години се не му се пие.
Некогаш не ни носи пари со него. Кога го викаме на кафе изговор - Не земав пари. Ај и мене ми се случило да заборавам пари еднаш двапати, ама со години се на еден иста финта да се вадиш срамота е. На крај краишта по 21 година сме, може непланирано ќе седнеш во кафич, зошто да не земам со мене макар 50 денари.