Скриените таленти на фудбалерите

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.834
Поени од реакции
60.368
Да излеземе малку од терените и да погледнеме какви други таленти поседуваат познатите фудбалери, освен мајсториите што ги прават со фудбалската топка :)

Да почнеме прво со музичарите.
Петр Чех покрај тоа што важи за еден од најдобрите голмани, тој одлично ги владее и тапаните.
Официјален, или не еве еден канал каде што има неколку видеа од каверите на Чех

Сегашниот негов конкурент за голманската позиција во Арсенал, Војчех Шчесни знае да свири на пијано.

Нивниот колега, Томас Росицки е гитарист

Еве како би звучел бендот на Арсенал заедно (за следен Божиќ нека го вклучат Чех). А, да, на видеото може да видиме дека Лукас Подолски знае да чука во чинела, a Волкот на триангл :icon_mrgr:

Клинт Демпси и Рајан Бабел рапери

Музичарите ќе ги завршиме со Марио Балотели. Кој би рекол, Италијанската химна во пијано изведба од страна на Балотели (а онаму дресот не можеше да си го облече) :D

Мастилото, втората љубов на Даниел Агер - тату мајстор
7435__9902__120809-032-liverpool_gomel_-_version_2_513X307.jpg


Ибрахимовиќ пак, е љубител на таеквондо. Да, видовме и на терените :D

Интересно хоби има Димитар Бербатов. Кога не е фудбалер, тој е карикатурист :D
549824_10151334565343526_857591249_n.jpg


Уште еден талентиран дечко од екипата на Арсенал. Тео Волкот е автор на 4 книги за деца, насловени како T.J. and the Hat-Trick", "T.J. and the Penalty", "T.J. and the Winning Goal" и "T.J. and the Cup Run"
61UVcH6GAmL.jpg


Исто така и Марк Шварцер е бави со писателска дејност. Како и Волкот и тој има пишувано книги за деца. Се јавува како ко-автор на "Megs and the Vootball Kids"
cq5dam.thumbnail.490.338.margin.png




Ајде за почеток е доволно. Се надевам ќе се надоврзете на темава :)
 
Берба сите карикатури ги аплоадира на фб, ако има тука некој со средно што има ликовно уште, нека си одбере слика и нека копира :D
 

Претседателот на италијанската федерација по Теквондо за овој гол изјави дека не би било возможно да биде постигнат доколку Ибрахимовиќ немал тренирано Теквондо, тренинзите му овозможиле да го има тој скок и да го направи тоа движење со ногата.
 
Марадона пее


Клинт Демси рапува


Асамоа Гајан


Пепе Реина

 
Да го натурализираме и да го пратиме на евровизија догодина, секако не му оди фудбалот у последно време :D

 
Данте свири на укулеле :D

 
Џонтра Волта исто така е познат фудбалер и одлично ги владее пцовките,не знам зошто го нема тука во темава.Срамота е ова за кајгана форумот.
 
Едно време Руни изиграваше боксер дома и доби нокаут.. :D

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom