Последно разбрав дека песната од Цеца има скриена порака дека Аркан е жив
Тоа е стихот од песната "Кукавица" каде вика "Кад би био рањен крви бих ти дала"
Се сомнева дека оригиналниот текст од Марина Туцаковиќ е кад би био жедан воду бих ти дала но по инсистирање на Цеца е променет.
Балканската дива по посета на Караџич пред повеќе години кој предвидел дека Аркан ќе биде застрелан но нема да биди мртов на лице место туку само недостаток на крв во Калемегданската болница ќе ја предизвика негова смрт.
По ова предвидување на Радован Караџич кој подоцна е уапсен во Нови Сад во шаманска варијанта се шпекулира дека Цеца секогаш носела 2 паковање крв О позитив во нејзината чанта во случај да се остварат предвидувањата на големиот шаман.
Вести од пеколот
Аркан кој моментално гнија во земја по теориите на заговор е се поубеден дека не е мртов туку дека е некаде на Кипар. Неговото последно барање до Нечестивиот да признае дека е жив беше безрезервно одбиено и покрај приложените докази од СКМ, Свет и останати весници, интернет форуми, блогови и гласини дека е жив.
Во кратко интервју со него се дознава дека Аркан ќе го упати барањето и до Свети Петар со сите приложени докази дека е жив и дека е самиот се повеќе убеден дека е жив по се онаа што може да се прочита од интернет.