Скопски фестивал 2009 - одбери го твојот победник (анкета)

Победник на Евросонг!

  • Сленг – Генгста оро

    Гласови: 127 48,3%
  • Ристо Самарџиев feat. Зоран Џорлев – 103 бели лебеди

    Гласови: 14 5,3%
  • Next Time - Нешто што ќе остане

    Гласови: 29 11,0%
  • Проект Македонија – Помалку наивно

    Гласови: 10 3,8%
  • Рок Агресори - Динг донг

    Гласови: 20 7,6%
  • Даниел – Сила на љубовта

    Гласови: 2 0,8%
  • Александар Белов - Застани

    Гласови: 9 3,4%
  • Костадин Папа – За неа постојам

    Гласови: 3 1,1%
  • Влатко Лозаноски - Блиску до мене

    Гласови: 20 7,6%
  • Верче Пандиловска – Северно од мене, јужно од тебе

    Гласови: 0 0,0%
  • Браво Бенд - Девојко

    Гласови: 2 0,8%
  • Влатко Илиевски - Најбогат на свет

    Гласови: 13 4,9%
  • Калиопи & Наум - Рум дум дум

    Гласови: 12 4,6%
  • Кристијан - Нема да зборам

    Гласови: 1 0,4%
  • Дејан Трифуновски - Љубовта доаѓа

    Гласови: 0 0,0%
  • Андријана Јаневска – Дрво без корен

    Гласови: 1 0,4%

  • Вкупно гласачи
    263
Статус
Затворена за нови мислења.
Толку од македонската Шитовизија...се повеќе и повеќе скандали, шит жири итн итн. Сленг беше мојот прв избор, а како втор беше Влатко Лозаноски...за жал ни е едниот ни другиот не се најдоа на првото место :(

Дечките од Сленг можаТ слободно да се чувствуваат како победници затоа шо цела Македонија навиваше за нив, а додека за Каљопа...
kultura_kaliopi.jpg


GAME OVER



please insert coin


credit: 00
 
Од тие чудата што беа испејани(ако може така да се каже) и што требаше да личат на песни единствена што колку толку ми ја фати уво беше онаа од Ристо Самарџиев и Џорлев....другото све е за у затвор.
 
Влатко Илиевски - Најбогат на свет ...ме погоди текстот у срце ...:pipi:
 
Што знам... овие Next Time ми се многу исфорсирани. Немаат некој квалитет освен јак спонзор. Требаше да одат Генгста Оро чисто заради заебанција ама тоа е гласот на народот е секогаш последен!
 
Дајте бе некој нека го стави на YouTube крајот ко ги прогласуваја победниците публиката ко викаше Генгста оро, и ко го лупнаја тој од Next Time по гла со камерата :))) Да се изнасмејме здраво уште еднаш сите...
 
Дајте бе некој нека го стави на YouTube крајот ко ги прогласуваја победниците публиката ко викаше Генгста оро, и ко го лупнаја тој од Next Time по гла со камерата :))) Да се изнасмејме здраво уште еднаш сите...


да да да се приклучувам и јас кон ова, не можев да глеам, слушав на едно радио офуцано никакво и само се слуша “композизија број 11-12 поени’’ и едно гласно свирење што беа осетиле само Сол Кембел и Луис Фиго :):)
Ќе си каснам од курот што не го проследив ова на ТВ :(:)

Сепак бе се обесхрабрувајте, Сленг поставија нови граници и нивоа во ова, поучени од нивниот пример од наредна година ќе се појават еден куп вакви слични на нив изведувачи и еден од нив ќе мора да отиде.

ова ми е последен пост на овој теми, во живот се немам предадено и напнато волку за Евровизија
господе каков ли морон станав
:):)
 
Охооооо колку само ни се смееле и ќе ни се смеат од дијаспорава за организацијава и за изборов на песниве!

Ама тоа е коа нема закон ко у Италија(нема одење на евровизија си имаме СанРемо)...

п.с Да не ве разочарувам ама ако погледнете од мој агол работиве со евровизијава и со нашите амбиции за влез во ЕУ се идентични....секогаш трчаме до крај макар и да се избрукаме...а од коа ке се растури евровизија тек тогаш ќе ни текне дека дека и не било баш така интересно да се оди на евровизија....се плашам да не го сфатиме истово и за влезов во ЕУ :pos2:
 
Се уморив читајки ги сите постови ептен сте се потрудиле се да доловите и напишете за фестивалот.
Стручноно( читај ретардираното) жири не се нормални, кога почнаа да редат 12 за Калиопи :kesa:се молев било кој друг да победи освен она со Наумче, иако бев за Сленг.
Победија некст тајм бев срекна само затоа што не е Калиопи. Типката се закопа до крајнос. Требаше Сленг да победат ама јбг. Ги приметив дечкине од некст тајм кога на крај публиката викаше генстра оро им падна непријатно. Друго што заприметив е дека во зелената соба сите учесници кога некој друг освен Рум дум думон ке добиеа 12 аплаудираа и беа срекни.
Тоа е тоа бидна помина неколку дена ке читаме и слушаме скандали по медиумо ама секоја работа за 3 дена кај нас се заборава само ке кажам
СРЕКНО НА НЕКСТ ТАЈМ ВО МОСКВА
п.с Кога гласав прво гласав од мобимак за Сленг не добив повратна порака а ми зема пари, па гласав од космофон и дпбив повратна дека гласот е заведен
isto od mobimak ne gi registriraa glasovite za sleng ,samo od cosmofon, ama podobro taka kravana ke odese vaka neka odat decava ,barem se nesto novo i ljubovno!
 
Претходните години се молев песната од скопски фестивал да остане иста и на евровизија.(без да ја корегират отпосле) сега се молам обратно
 
А да даде некој песната да ја слушнам, нема да биде лошо... :pipi:
И јас сакам да ја чујам.Иако сигурен сум дека нема да ми се допаѓа.
Кога отворив темата не ми се веруваше. 117 страни :vozbud:
Сега може Калиопи повторно ќе прави циркус, може пак е изнервирана? :pos: Скандали се ближат..скандали се ближат.
- Се надевам ќе биде на англиски.
Ухх ич не ми се допаѓа.
 
Абе остај жирито, а водителите?Приказна сами по себе.
Еве еден од многуте испади:
Вчера на второто полуфинале водителката:И тоа беше ДЈ Панчо со едни од најголемите евровизиски хитови кои сепак не станаа хитови но еве полека стануваат хитови:pos2::pos2::pos2:
Инаку се сложувам дека беше еден од подобро организираните фестивали , но сепак водителите се црна дамка на манифестацијава.

:pos: :pos: :pos:
Или на крајот, Зоран Љутков: Сега ги избравме и вторите осум финалисти, бидете и утре со нас да ги избереме финалистите. :pos: :pos:


Него сум се скршил од смеење кога со кранот го здрвија еден од Некст-тајм у глава. Дали го забележавте тој момент? Се случи кога ја изведуваа песната на крај. Зум, зум, зум - премногу зум! :pos2:

Значи тој камерманот дефинитивно им е за out. :tapp:
Во 2-ра полуфинална кога настапуваше Дани во ревијалниот дел и нејзе ја здрвија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom