Скопје во очите на странските туристи

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
ГЕРМАНСКИОТ ТУРИСТ ХАЈНЕР КОРНЕР ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЈА ПОСЕТИЛ ЗЕМЈАТА 13 ПАТИ

Само будалите штркови не застануваат во Македонија

Германскиот турист Хајнер Корнер, во петокот, по четврти пат годинава, пристигна во Скопје. Ова му е 13-ти пат за две и пол години.

Тој вели дека е рекордер по посета на земјата само поради гостопримливоста на Македонците. Овој пат дојде во друштво на уште четворица пријатели. И тие биле гости неколкупати досега од истата причина.
Ги начекавме во познато скопско кафеанче во Дебар маало, како си прават мерак со пиво и со мезе. Со нив седеше и нивниот редовен домаќин Бале, по кого тие сами се нарекуваат Балева екипа.
"Само будалите штркови ја прелетуваат Македонија и не застануваат тука. За мене е невозможно да поминам преку оваа прекрасна земја, а да не застанам барем на еден, два дена. Ваква срдечност и убавина нема на друго место во светот", вели Корнер.
Корнер слушнал за Македонија во кафеаната на пријателот Бале во Германија, меѓу Дортмунд и Касел. Таму бил чест гостин, и таму првпат слушнал за Македонците и за нивната земја. Од толку убави работи што се изнаслушал, решил да ја посети.
"Кога се враќав дома првиот пат, плачев. Се заљубив во земјата, во храната, во музиката. Најмногу сакам да јадам бурек. Секогаш сме сместени на Водно, и поради климата уште повеќе уживаме. Сега ќе седам само една недела, оти мора да се вратам заради обврски, но во ноември се враќам пак. Ќе се пресметам, и ако имам можност, сакам да си купам стан или нешто друго за да имам каде да си доаѓам", рече Корнер.
При секоја посета, Балевата екипа, на чело со Бале, шета во Старата скопска чаршија, на Матка, на Водно, а задолжително оди и во манастирот во селото Зрзе.
"Овој пат сакам да им направам изненадување на моите гости и да ги качам на магаре до манастирот. Познавајќи ги, тоа сигурно многу ќе им се допадне", се смее Бале.
Друштвото вели дека нема да замине дома без да си купи планински чај и ајвар, поради чија миризба ја засакале земјата уште повеќе.
Тие планираат пречекот на Новата година да го поминат овде во, како што велат, нивната Македонија.

М.Ѓорѓиевска
Фото: Б.Грданоски
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=CE0135B4FA7F50468727705268B56BDF
 
Еве едно релативно тазе искуство.
Прошлата недела имав гостин, кој не доаѓа прв пат. Бил и претходно, пред повеќе од 12-3 години. Се работи за човек што секојдневно оди и по многу напнати, ризични места во светот од типот на Авганистан, Ирак, Палестина...беше буквално стаписан од тоа што го виде во центарот, ужаснат.
Од друга страна дури и мене ме замисли, што за нордијци, англо-саксонци имам мислење дека се безосетни, не-емотивни луѓе, сепак имам впечаток дека и со луѓето што се познава овде имаше стварно пријателски реален однос.
Тоа што ме разочара најмногу - вика нешто во смисол - ликот на градот е поинаков, ама и вие сте многу поинакви, многу позагрижени, понапнати - брчки, бели влакна, нервози тешко се кријат.....останато исто е само просјаците и циганчињата низ центарот...и може да си праиме бајрам со паметот, ама се ми личи дека е ептен во право....
Смешно и трагично е што и тој како и други претходно забележува за хигиената....нови мостови преку река полна со гуми и фрижидери, а може да си исчисти за ден-два и да изгледа многу, многу подобро....(абе, тешка филозофија, ама кој да ја сфати)
Тоа што ми се допадна е тоа што има еден куп пријатели овде, ете вклучувајќи ме и мене....чаршијата (сите ја сакаат, и летоска носев гости таму - за странци нема промашај), ете и во Куршумли ан бевме - беше фасциниран од просторот и од настанот....од девојките, ефтина храна, ефтино пиење (за нив нормално) и далеку побезбедно од многу други места на планетава...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom