Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ај и тоа чудо да видиме, иако сеуште ми е сомнително за Дубаи.Скопскиот и охридскиот аеродром со нови авиолинии до Дубаи, Хелсинки, Штутгарт и Истанбул
Новите линии од македонските аеродроми годинава ќе вклучуваат неколку странски, пред се, ниско буџетски компании.
„Флај Дубаи“ би требало да започне да лета два пати неделно до Скопје и оваа компанија сега прави физибилити студија за летот. Според Директоратот за цивилна воздушна пловидба, летовите на оваа компанија би можеле да започнат најрано во септември кога се очекува Македонија и Обединетите Арапски Емирати да потпишат договор за отворено небо.
„Флај Дубаи“ размислуваше за летови до Скопје или Загреб, но Скопје го доби летот заради далечината на хрватскиот главен град. Компанијата врши летови кои не траат подолго од 5 часа за екипажот да има време да ги изврши подготвките за летот за назад, а летовите до и од Загреб би траеле подолго од работното време на екипажот.
Деновиве турската авиокомпанија „Борајет“ лансираше редовен лет еднаш неделно до Скопје од „Сабиха Гокчен“ аеродромот во Истанбул.
Германската „ХЛ Ерлајнс“ ќе гио започне летовите од Штутгарт до Скопје од 30 јуни, еднаш во неделата. Конечно, „Финер“ ќе има директни сезонски чартер летови до Охрид од своето седиште во Хелсинки.
Авиокомпаниите од идната недела можат да аплицираат за субвенциите на Владата со што се очекува бројот на новите линии дополнително да се зголеми.
Вистина,дај нека ги тргнат наводниците модератори/админи ?Зошто светски е во “ “?
antigona напиша:Пред две седмици конечно летав од новиот скопски аеродром и се решив за превоз до Скопје да ја искористам нововодената редовна автобуска линија од аеродромот. Беше тотално разочарување. Најпрвин, не се работи за автобус, туку за мало комбе (субстандардно, од турско производство) кое е несоодветно за превоз на патници кои имаат торби/багаж. Комбето не тргна во времето наведено на таблата за распоред на тргнувања, туку шоферот чекаше комбето до последно место да се наполни со патници. Потоа, сите торби ги постави во средишниот дел на комбето што е опасно по безбедноста на превозот - средишниот дел на комбето треба да е слободен и прооден за излез на патниците, особено при вонредна ситуација кога би била неопходна евакуација. На мој голем шок, комбето не вози по автопатот за Скопје, туку од пред наплатната рампа на патарината кај Петровец до аеродромот излегува од автопатот и потоа се движи по локалниот селски пат низ селата Петровец и Идризово, за потоа пред самиот влез во Скопје повторно да се вклучи на автопатот кај хотелот Белви. И сето ова малтретирање само за да се избегне плаќање на патарина (за комбе не верувам патарината дека е повеќе од 70 до 80 денари). Тука малтретирањата не завршуваат - шоферот наместо да го вози комбето по утврдената рута, низ Скопје се движи и застанува каде што сакаат патниците, додеке ние кои сакавме да се истовариме на крајната дефинирана станица кај Хотелот Александар Палас моравме да трпиме патување од аеродромот од цел еден час. Се на се, несфатливо е како ТАВ дозволува ваква субстандардна комби линија од новиот аеродром со која патувањето до главниот град трае колку и повеќето летови кои слетуваат на скопскиот аеродром и згора на тоа патниците имаат прилика да "уживаат" во возење низ селски амбиент низ локален пат со крави, магариња, трактори...жално и сето тоа само со цел за да не се платат пет-шеесет денари за патарина!
	Зошто да ги тргнат наводниците? Аеродромот е далеку од светски, по било кој основ.Вистина,дај нека ги тргнат наводниците модератори/админи ?
Да ама порано се зимаше карта (за мене конкретно) Амстердам Скопје за 190-220 евра (Чех и Малев) сега испод 260-280 евра нема шанси. Плус со Јат конекцијата е срање идеш прво до Брисел (истовараат едни патници, пунат други, го пунат со гориво зашто е таму поевтино од Скипол), тргаш околу 11-12 стигаш 4 (4 саати во авион за нешто што е реално 2:30 преку сила) и дремеш 7-8 саати на аеродром за вечер да стигнеш во Скопје во 11 (со автобус побрзо). Со Туркиш немам појма никад не ми излагаат во евтина варијанта, а Аустриан и Адриа се уште поскапи.До сомнително лице:
Не мора да значи ете ја редовно летам. Дур летаа Малев и Чех авионите не ги видов никојпат со рам полни но од ко се одкажаа су летал со Аустриан и до последно место беше полн авионот. Исто така Туркиш зема голем дел од патниците. Работата е што има помалку компании што летаат ама расте бројот на патници. Тие сега летаат со други компании, ете со Аустриан, ЈАТ и Туркиш можеш скоро сегде да стасаш во Европа.
Да ама порано се зимаше карта (за мене конкретно) Амстердам Скопје за 190-220 евра (Чех и Малев) сега испод 260-280 евра нема шанси. Плус со Јат конекцијата е срање идеш прво до Брисел (истовараат едни патници, пунат други, го пунат со гориво зашто е таму поевтино од Скипол), тргаш околу 11-12 стигаш 4 (4 саати во авион за нешто што е реално 2:30 преку сила) и дремеш 7-8 саати на аеродром за вечер да стигнеш во Скопје во 11 (со автобус побрзо). Со Туркиш немам појма никад не ми излагаат во евтина варијанта, а Аустриан и Адриа се уште поскапи.
Епа летово со Аустриан ќе ти биде 350 - 400 евра зашто им се може...Јас претходново лето летав со Аустриан до Амстердам за 225 евра...
Да не мислиш обратно? Имаше и летови и ефтини карти а сега ем нема летови ем скапи карти. Малев не го укинаа него банкротира, Чех прекина да лета (а не ми е јасно зашто, авионот стално беше пун коа летав со нив).порано беа скапи картите ама имаше летови , сега евтини се картите ама нема летови , пр. порано имаше 3 летови неделно Скопје - Гетеборг .. сега еден нема , мораш со претовар , имаше преку Будимпешта со Малев од авион во авион , сега и тој го укинаа .. само преку Белград мора и тоа со чекање 6 часа... мора да има повеќе линии
тоа ти е WizzAir, нискобуџетна компанија што има две линии. Сите други нормални компании што уште летаат (Croatian, Adria, Austrian, JAT, Lufthansa, Turkish) цените им се скоро два пати повисоки од лани. Пример лани летав за 193 евра сега карта е 300-400 еврасега доста карти се ефтини , како на пример за лондон што беше WizzAir ( сега незнам дали уште летаат со тие цени ) , за картите дека се скапи сега не се , пр. од белград до други дестинации се доста ефтини , а додека летаа беа малку соленки цените .. позз