Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Тоа Пуно, се нарекува одлучност. Одлучност во бришење на трагите од една идеологија која систематски се брише дури и во Москва. За таа работа има општ концензус кај центрите на моќ и да, во тој случај мора. Тие што не разбираат дека мора, се заслепен остаток на истата. И ќе се чудат зошто Хан, Филе, или некој трет, четврти или петти не ги поддржувал, а за се биле во право.

Сегашниот модел на западниот свет со неговите непобитни ограничувања на слободата, растечката манипулација на човековото размислување, прекумерната владина регулација, непродуктивната непотребна грижа за другите, политичката коректност и ирационалната доктрина на глобалното затоплување е повеќе манифестација на социјализмот отколку на либерализмот, што пред 25 години мислевме дека не е можно, рече поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Можеби денешната идеологија и не е толку различна од комунистичката за да бегаме од комунистичката архитектура како вампир од крст.
 
Знаеш што е безнадежно? Некој да направи ревизија на проектот, од позиција на општинска власт која ги поседува сите документи, и да најде едно големо ништо. Некој друг да стигне до прислушкувани снимки за проектот, во кои не се прави муабет за провизии. И после тоа, некои трети (тука не си сам) секогаш кога се зборува за проектот да ламентираат дека се градел за да се украдат пари. Ко да од автопати на пример, не може да се направи истото. Е тоа Пуно, е безнадежно. И по малку глупаво. Ама ве личи, убаво ви стои до очајот. :)

Да те прашам сакам нешо, настрана од темава, шо мислиш за Извештајот на ЕК? :D
До сега, сите прогнози шо ги даде, сите ги утна, останува уште да ја утнеш "Грујо ќе победи на изборите" и комотно моеш да си го избришеш акаунтот.
 
Полека бе. Какви избори, каков Грујо? Нели во затвор ќе завршеше? Ете сега со извештајот од ЕК ќе ве веслаат, додека Грујо ве отвора. :D[DOUBLEPOST=1434836651][/DOUBLEPOST]
Викаш чим се добри крадци треба да им простиме?
Пуно, за да простиш некому нешто треба да бидеш во позиција некој да ти бара простување. Од тука ја промашуваш работата, џабе да дискутираме натаму.
 
Полека бе. Какви избори, каков Грујо? Нели во затвор ќе завршеше? Ете сега со извештајот од ЕК ќе ве веслаат, додека Грујо ве отвора. :D[DOUBLEPOST=1434836651][/DOUBLEPOST]
Пуно, за да простиш некому нешто треба да бидеш во позиција некој да ти бара простување. Од тука ја промашуваш работата, џабе да дискутираме натаму.

Сааш сериозно една кладба да стаиме дека ќе заврши у џеил? :) Едно пиво, онака, ситнурајка :)
 
Одредете само дали за три дена или за повеќе од три дена ќе заврши у затвор.
 
Па беше.
За три дена оставка од цела влада беше. За една недела ЕУ ќе интервенира на највисоко ниво (не Вајгл-Мајгл анонимуси) беше. Во Брисел до Јуни Грујо ќе го јаде беше. На крај цепки останаа. Или црпки, не знам.
 
Горде Не планирам да дадам оставка - Беше, Не планирам предвремени избори - Беше, Не преговарам за техничка влада - Беше, Не планирам да бидам Санадер - Ќе биде.
 
Горде Не планирам да дадам оставка - Беше, Не планирам предвремени избори - Беше, Не преговарам за техничка влада - Беше, Не планирам да бидам Санадер - Ќе биде.

Уште едно Куманово и ќе биде и тоа, да. I concede your point. Само првичниот триумфализам за претходните оставки после Куманово и хипотетичкиот(плус затвор) на дел од прв ешалон у влада сосе Грујо не ме топли. Секогаш се иззема Куманово во овие пресметки за пред и потоа. Куманово е како тој чичкото шо го убија покрај Смилковско, припадок удавен во ехото на "убија четири деца."
 
Последно уредено:

Ау, едвај го чекам денот кога настаните во куманово ќе дојдат на дневен ред. Па да видиме како незабележано улетаа 30 души со две коли и украа оружје од касарна кое по некоја случајност таму било донесено пред два дена и " заборавено" за потоа другарчињата на Алиамети да рокнат 8 џандари фрлени како живо месо на пирани во "успешно изведена акција" за која нашите служби имале сознанија веќе 2 години и тактички го избрале местото (втор најголем град у мк) а богами и времето. Притоа глувонемиот ни Претседател врска немал шо се дешава. Исто така ја чекам реконструкцијата на бегството на вржан со лисици терорист од наоружани до зуби наши џандари. На тоа мислам дека и холивуд ќе се чуди. За после тоа да излезат аудио снимки и изјави од истите тие терори дека имале договор со нашите да играат камај камај ама нашиве им го рокнале... Ти викам, едвај чекам куманово да дое на дневен ред.
 
Не, ти си убеден.
Еден пријател еднаш го постави прашањето "Се сеќава ли некој, некогаш да се остварила прогноза на ФРЧКО?" И тука се отвара дебата. Заклучокот од таа дебата е дека никој не се сеќава, затоа што никогаш не се остварила. Тоа што горе си го напишал можеби е твој логичен след на настани(се надевам не е), а можеби без да знаеш го имаш купено од факинг Фрле. Многу симптоми и сомневања што си ги набројал се или намерно недоречени или неточни(особено за тој што избегал). Дел намерно изоставени, на инсистирање од надвор, дел прикриени за да се заштити идентитет на едно или повеќе лица што соработувале со службата, празнини во твојот пост пополнети со фрлестиропор за да се изгради теза. Во друга прилика и соодветна тема може да се елаборира.
Останува фактот дека оставките доаѓаат после настаните во Куманово. Како такви се тесноповрзани со фактот дека изгубивме 8 бранители. Миле е колатерала.
Куманово е game-changer и ако гледаш објективно, цената што се плати не беше мала. Два од четирите столба на власта паднаа, МВР и УБК полека стануваат америчка филијала.
 
Не сум ја у нишо убеден, само нафрлам тези, пошо ми се може у овој недостаток на инфо од институции.
На темава може да праиме муабет коа сакаш, само не тука пошо темава е у архитектура :pos:
И чекај бе малце, значи Америве сакаат да го бутнат Грујо, ама Грујо е толку моќен што нема да заврши у затвор?
Ае брат, те молам, договорете се, стварно тезиве не ви ги разбирам. Кој на која страна е, коме, чега...
 
Многу убава фонтаната, прекрасно нешто.[DOUBLEPOST=1434635541][/DOUBLEPOST]

Зарем А1 знаат дали се расипала фонтаната???

Тие 2.5 милиони евра ја вклучуваат и обновата на целиот плоштад со мермерни мозаици кои рачно се прават и се прескапа рачна работа. За споредба само, претходната власт од ЛДП и СДСМ даде за обнова на плоштадот 3 милиони евра за обични гранитни плочки, без никакви мермерни мозаици и фонтани кои сега ги имаме.

Чекај нека ја поминат првата зима коцките, а понатака тие белите ќе станат кафеави.

Рачната работа ја плаќаат како да е орална, цело време на тоа се вадат, дека биле рачно изработени, во Италија, невидено во светот, затоа се што прават е 5-10 пати поскапо од другите земји.

Убаво е секако, за биде секогаш убаво треба на секои 10 години да се реновира плоштадот, ќе дојде друг премиер во 2025та и ќе рече ми текна нешто, сакам 5 милиони евра да вложам во нови плочки.
Ама само богатите праќаат мода, а ние не сме богати, ние си кратиме на леб, за да трошиме на чоколада.
На 2км од плоштадот има луѓе кои немаат канализација или асвалт, има луѓе кои немаат кај да ги пуштаат децата надвор.

За автопатишта 3 пати се мислат, ниеднаш не сечат, а за фонтани и споменици преку ноќ ги градат.
Кај е трамвајот, кај се подземните улици што требаше да го растоварат сообраќајот?

Пред некое време се соочив со страшна глетка во една јавна институција каде секој ден минуваат стотина и илјади граѓани, хорор филм да снимаш, пукани ѕидови, пајажина на сите страни, пукнати плочки и паднати, врати кои едвај се затвараат, скршени прозорци, мебел од титово време.
Ама Собранието и Владата супер си ги средија, да им биде удобно тие неколку часа кои ги минуваат, и 600.000 евра возило за да не ги чуствуваат дупките низ патиштата, автопатиштата кои се крпени аматерски, крпеница над крпеница.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom