Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Не бе,на Скопје припаѓа,па и на Куманово кажи на цела МК,пошто пари како што знам за негова изградба се давани од разни страни.Овие центарци многу се умислени дека објектите што им се карши зграда се нивни,к*р им е-двор им е.Како на дедо им имање да е,ако купиле стан у центар не се од плава крв.
К*р ги заболе нив за ГТЦ,мочаат и серат кај ќе стигнат,чиста политика!

Во времето на комунизмот, повеќето од становите во Центар биле државни/социјални и давани на социјални случаи кои немале решено станбено прашање, но и на онаа елита од тоа комунистичко време: војни лица, УДБАши, полицајци, комунистички функционери.[DOUBLEPOST=1428949761][/DOUBLEPOST]

Јел овај аутор текста, тај Стојановић, је неки експерт или професор естетике или историје архитектуре?:ROFLMAO: :гик:
 
Последно уредено:
Во време на комунизмот сите станови биле државни/социјални, не само Центар. Инаку војни лица, УДБАши и комунистички фунционери имало и во Битуше, ваљда на нив им биле давани становите во Скопје.
 
Во време на комунизмот сите станови биле државни/социјални, не само Центар. Инаку војни лица, УДБАши и комунистички фунционери имало и во Битуше, ваљда на нив им биле давани становите во Скопје.

Леле, кој си ја имал мувата на капата :bravobe:

Во комунизмот повеќето станови кои ги градеше комунистичкиот режим ги продаваше, ама во центар и на други ексклузивни локации, повеќето од становите и плацевите им беа давани на тнр. комунистички заслужни граѓани. Обичните Македонци мораа да си купуваат станови и плацеви и сами да си градат куќи. Така и моите си купија стан во тоа комунистичко време.[DOUBLEPOST=1428951219][/DOUBLEPOST]
Е да не беше текстов од Гардијан, ние немаше да приметиме дека оваа пљачка наречена Скопје 2014, изведена во стиропорен "мермер", е белосветски кич.

Денеска во светов, не употребуваат стиропорни фасади??? Фасадите и пластичните неокласични и барокни/рококо украси ги прават од кал и слама, како пред 100-300-500 години? :aplauz:
 
Последно уредено:
Во време на комунизмот сите станови биле државни/социјални, не само Центар. Инаку војни лица, УДБАши и комунистички фунционери имало и во Битуше, ваљда на нив им биле давани становите во Скопје.

Не се прави удрен,знаеш каде е глездото..Центар,Карпош.И сега од истите тие ликови и од нивните синови и ќерки има гушкање изразување љубов према ГТЦ и сл...Не дека многу им е гајле...си имаат причина.
 
Во времето на комунизмот, повеќето од становите во Центар биле државни/социјални и давани на социјални случаи кои немале решено станбено прашање, но и на онаа елита од тоа комунистичко време: војни лица, УДБАши, полицајци, комунистички функционери.[DOUBLEPOST=1428949761][/DOUBLEPOST]

Јел овај аутор текста, тај Стојановић, је неки експерт или професор естетике или историје архитектуре?:ROFLMAO: :гик:
Дали сегде у светот вака го пљачкаат народот за да изградат стиропорни фасади и дали се тие ваков кич, како тука?
Еве пошто папагалски се повторувате и тебе ќе ти повторам: Зарем статијава ни требаше да го знаеме тоа што го пишува во неа? До сеа не знаевме, статијава ни ги отвори очите :tapp:
11133759_10206788885864392_4057166712324826145_n.jpg
 
Последно уредено:
Има еден бонбона простор (џабалк што би рекол некој), полн со комуњарски, предавнички дрва, како створен за споменици. Измеѓу Луна парк и Александар Палас.
Една мала "сеча" дур не гледа народ (на пример, у вторник сабајле у 4) и може фино да се накити со споменичиња или стиропорче.[DOUBLEPOST=1429121431][/DOUBLEPOST]АНАЛИЗА: КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИ ГРАДСКОТО ЗЕЛЕНИЛО? (1)

Скопје соголено: има 12 квадрати зеленило по жител, а европските препораки се 25

Последната сеча спроти ЗОИЛ, исечените борови кај Владата, костените до плоштадот „Македонија" и дрворедот покрај МЕПСО повторно создадоа бурни реакции низ јавноста за третманот на јавното зеленило, кое со години се „истенчува" на сметка на градежната експанзија.


mkd-187136.jpg

Истовремено, се отвори и прашањето кога и дали конечно ќе се донесе Закон за зеленило, заради ставање институционална „рампа“ за заштита, контролиран и плански развој на зелените појаси наспроти апетитите за нивна пренамена во градежни цели. Повеќе организации, екологисти, граѓани, па и партии, многупати реагираа дека без утврдени стандарди каде, што и колку се сече, тешко може воопшто да се води некаква евиденција и да се надополни изгубениот дрвен фонд, со цел да се унапреди еколошката слика на главниот град.

„Скопјани добија грда честитка за Велигден во вид на сеча на дрворед кај ЗОИЛ. Изминатите денови Законот за урбано зеленило заеднички се читаше и се усогласи на работна група со претставници од ДОМ, Градот Скопје, ЈП ’Паркови и зеленило’, Агенцијата за просторно планирање и од Министерството за транспорт и врски. Дали и зошто некому му се брза да го исече секое дрвце, дури не стане институционално заштитена категорија со закон?“, реагираше пред неколку дена владејачката ДОМ на пратеничката Лилјана Поповска, со што повторно го актуализираше проблемот со постојното зеленило.

mkd-187994.jpg


Ваквата реакција репризно се повторува со години. Евентуалниот Закон за зеленило, рака под рака со Зелениот катастар, долго време се провлекува по конференции, јавни трибини, локални средби... Од кампања до кампања. Долго време одекнуваат најави дека по примерите на регулативите од Австрија и Германија ќе се подготви нацрт-закон и, конечно, ќе се протурка до собраниска процедура.

Наместо тоа, скопјани продолжија да гледаат соголени дрвореди. Аргументите одат во насока дека се работи за стари, заболени дрвја. Искуствата покажаа дека секое инцидентно трчање да се спаси едно или повеќе дрвја не носи резултати. А акциите за нови насади ќе имаат смисла доколку на свежите садници не им требаат 10, 20, па и 30 години за да оформат крошна и да добијат својство на филтри за горливиот проблем со амбиенталниот воздух.

Истражувања, студии и трендови за зеленилото

Според бројките и низа различни испитувања, Скопје има 5.051.807 квадратни метри зелена површина или 12,07 по жител, што е двојно помалку од европските препораки за 25 квадратни метри. Премалку за урбана средина што постојано се развива, се гради, се дообликува и се изменува. Ова се бројки без Водно и вонградското зеленило. Според пописот од 2002 година, евидентирани се 7,66 квадратни метри зеленило по жител. Со новиот ГУП планирано е зеленилото да достигне до 8 квадрати, но, сепак, сето тоа се сведува само на статистика.

Невладините организации централното подрачје го сметаат за најзагрозено. Студијата „Состојби и тенденции за намалување на градското зеленило во Мал ринг во Скопје 2002-2017“ на „Плоштад слобода“ покажа дека трендот на градење во последнава деценија „изел“ дури 50 отсто од постојното зеленило.


mkd-187988.jpg


mkd-187989.jpg


mkd-187990.jpg


mkd-187991.jpg


mkd-187992.jpg


mkd-187993.jpg




mkd-187988.jpg

mkd-187989.jpg

1 / 6
Мал ринг - зеленило 2012 година





Во делот на Малиот ринг во 2002 година имало 75.649 квадрати зелени површини, а до 2013 драстично се намалиле на само 34.994 квадрати. Доколку продолжи истата динамика на подигнување објекти врз зелени појаси, до 2017 година би останале само 18.680 квадрати зеленило, односно 3,4 отсто од целиот ДУП Мал ринг.

Студијата, за која се појавија реакции од Град Скопје, зборува и за густината на дрвјата до проектираната состојба до 2017 година. Со досегашните промени, особено во источниот дел од Мал ринг, рамномерно распределените дрвни насади стануваат концентрирано групирани во неколку одделени области. Ова значи дека во иднина би постоеле два центра каде што би биле групирани дрвните насади - паркот „Жена-борец“ и квартот меѓу улиците „Орце Николов“ и „Максим Горки“. До 2013, пак, забележано е масовно сечење дрвореди и садници на источниот брег од Вардар, на плоштадот „Македонија“, пред Домот на АРМ и покрај Пошта.

 
Последно уредено:
Дали сегде у светот вака го пљачкаат народот за да изградат стиропорни фасади и дали се тие ваков кич, како тука?
Еве пошто папагалски се повторувате и тебе ќе ти повторам: Зарем статијава ни требаше да го знаеме тоа што го пишува во неа? До сеа не знаевме, статијава ни ги отвори очите :tapp:

Инвестирањето во општи добра било грабеж?
А какви ги прават новите фасади во светов, дали можеби од кал и слама?
Статијата ја пишувал некој стручњак за естетика или историја на архитектурата?
 
Инвестирањето во општи добра било грабеж?
А какви ги прават новите фасади во светов, дали можеби од кал и слама?
Статијата ја пишувал некој стручњак за естетика или историја на архитектурата?

Дефинирај ми како е општо добро еве да речеме фасадата на министерство за правда.
 
Немам зборови, врв на идиотизмот... :facepalm:

unnamed%20(3)(2).jpg


unnamed%20(4).jpg


unnamed%20(5).jpg



Сега прашањето е кога ќе постават статуа/биста за Аполо 11, Нил Армстронг, Мајкл Колинс, Баз Алдрин, Валентина Терешкова и Кучето Лајка...?
 
Состојбата на умот на една политичка гарнитура да го донесе Скопје во некој свет кој одамна не постои и кој добар дел и не е карактеристичен за Скопје, без вкус, правила и мерка не е веќе за дискусија. Покрај кичот кој се вклопува у Скопје како паланечка радодајка на вашар со со лесковачка, укус као тета Џана. Ние заради такви енијални умови останавме во 21 век без тротоари и улици, нормален водовод и канализација, веројатно двојно повеќе дневно граѓани од проектираното Скопје, а до центар ќе летаме со авиони или чамци.

За Офицерскиот

Преземено од Марх
Проблемот на денешното општество, кое се обидува да го врати назад објектот кој не постои 50 години, е во безмисленоста и неоправданоста на потегот под лажното алиби на “враќањето на духот на старото Скопје”.
Новиот објект претставува имитација, и во никој случај реконструкција, реставрација, реанимација или било кој друг термин кој на прво слушање звучи интелектуално и професионално. Имитација со зголемен габарит, натискани нови катови, нови ентериерни решенија, доградби и стиропор декорации, измешани функции, се во име на профит без чувство за атрактивноста на централниот простор на Скопје и неговото општествено значење . Во ера на современа мисла, градиме нешто кое е на крајот на професионалната етика и морал, со манипулативна мисла на враќање на старите вредности. Споредете ја лево тековната реализација и десно оргиналот, каде се воочува манипулацијата на сличноста.
Повторување на одминати стилови е прашање на невкус, непознавање на материјата и основните принципи на архитектурата.
 
Последно уредено:
Немам зборови, врв на идиотизмот... :facepalm:








Сега прашањето е кога ќе постават статуа/биста за Аполо 11, Нил Армстронг, Мајкл Колинс, Баз Алдрин, Валентина Терешкова и Кучето Лајка...?

Не си ни свесен какви све споменици и скулптури има низ светот.Ние сме нула.Има тема за скулптури низ светот,побарај ќе видиш.
Гагарин е човек кој треба да го слави цел свет,не е само Русин.Србија или Босна беше незнам,направија спименик на Брус Ли и цел свет дозна за тоа место.
 
Не си ни свесен какви све споменици и скулптури има низ светот.Ние сме нула.Има тема за скулптури низ светот,побарај ќе видиш.
Гагарин е човек кој треба да го слави цел свет,не е само Русин.Србија или Босна беше незнам,направија спименик на Брус Ли и цел свет дозна за тоа место.

Има љубави има. Има и автопати низ светот без кратери. Има паркови во центар на градови. Има се има цитронче. Кога се има зошто да не. Туку кога се нема е муабетот овде. Кога се краде. Кога лопушана те сардисала од сите страни. Кога за мочано место да те пикнат негде на Гагарин плочата ќе ја браниш. Ќе ти се свиѓа ќе и се восхитуваш. Леб бе немате да јадете, оној битушанецот се исплака како мало дете кога го лупнаа по џеб за само 10% од парите кои му влегуваат замисли 50% да го лупнат на камени мост ќе проси, од пазар со една кеса си идете, во продавници се мушкате по рафтови со очи јадете, карта за воз немате да си платите, на софра менито од левата страна го гледате кај што се цените а не каде е јадењето, странство ви станаа една бугарија - а споменици ми браните. И следен пат кога ќе се мушкаш по џебови да најдеш 100 денари или пред да викнеш по тате да ти даде 200 денари за чаршија сети ми се на муабетов и удри си ја главата посилно од некој ќош.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom