Да ама тие згради и тој стил оставил белег, зашто според тебе тоа е грдо? Нека изградат цел нов град во барок стил би било мило и интересно. Ама зашто еден период од архиктетура да се преправа? Јас си го кажав своето мислење и кога ќе отидеш во чешка гледаш градби од различен период, не зимаат и ги преправаат фасадите, или во будимпешта.
Да не си грешка за Прага и Будимпешта ? Ја мислам дека мноогу такви блокови се имаат сменето..едно ради идеологијата ,друго ради изгледот..има сеуште да,ама многу се и сменети..ОК, а еве едно реторичко прашање.. на местото на овие денешниве згради порано биле други згради,или куќи во старо скопски стил..на нивно место се изградени денешниве..нешто било срушено во земјотресот,ама многу повеќе било срушено од човек.. и тогаш во ред ли било тоа? Не само што менувале фасади во тоа време,туку рушеле цели маала за да ги изградат денешниве стамбени блокови. Значи тогаш не било проблем да се уништи старата скопска архитектура,а денес е проблем да се сменат грди дотраени фасади без никаков стил и форма..Нели се тоа двојни аршини?