Скока некој на јаже?

  • Креатор на темата Креатор на темата Antagonist
  • Време на започнување Време на започнување
Да и тоа како е добро. Само внимавај види што викаат калкулаториве по интернетов колку согоруваш да не почнеш и мускул да топиш.
Како мислиш на кој начин?
Тоа и мене ми е страв, да не почнам мускул да топам, затоа што ми е многу напорно...
Последниот пат искомбинирав на овај начин....
- качување и симнување на ниско столче 200 пати
- скокање јаже 5-6 минути (3 серии од по 50 - 80 скокови со мали паузи меѓу нив )
Ова го правам три пати во домачни услови. Трае некаде 40 минути , после тоа сум жива вода испотен и изморен level : "скапан" :P
 
Па отприлика околу 20 калории по минута на некој поголем интензитет, ако си ептен профи уште повеќе се топи.
Во принцип што потежок и појак интензитет тоа повеќе калории гориш. Види ги калкулаторите на нет има доста.
 
Закон работа за топење на салцето и за подобрување на кондицијата го скокам 2 или 3 пати во неделата правам по 1500 кругови во комбинација со боди билдинг + карате за 2 месец има доста солидни резултати препорачувам на секој што има вишок килограми
 
Скокав...ама немав некоја програма...него на бројка, па на време. Да имам програма по која би работел, би продолжил да скокам. Јаже е закон ствар.
 
Дали има јаже со бројчаник по пазариве случајно? Или во орка?
 
Дали има јаже со бројчаник по пазариве случајно? Или во орка?
јас пред 3 години земав од Орка, мислам околу 280 денари беше со бројчаник, а ако начекаш у Лидл у Грција за 5 евра имаше и со бројчаник, брои и стопени калории, нешто пулс мери....
 
Правам 6 серии х 100 скока на секој тренинг, 4 до 5 пати во неделата во последниве 3 месеци. Во комбинација со тегови + кардио. Скокање на јаже е супер за подобрување на кондиција и согорување калории.
 
Скокав едно време премногу дури и ден не пропуштав и согорува страшно многу калории кога ќе влезиш во ритам..бев премногу физички спремен и се чуствував како пантер буквално кога трчав ..но едно време прекинав бидејќи само глата и ушите на мене останаа од шо бев слаб ...затоа сега само трчам 3 пати неделно на време со посилно темпо
 
Денес скокав после одприлика 2 години, ако добро памтам и сум заборавил колку е добро. За почеток направив 1000 скокови, 4 серии по 250.

Последнит пат кога скокав имав 3х10 минути, не ми текнува колку скокови имав тогаш. Се надевам дека за брзо време ќе се вратам на тоа време.

Многу добро, многу!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom