Склопувани Јамаха машини

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.259
Поени од реакции
12.525
61792.JPG


Сега листајќи низ пазар 3 (кога сме кај пазар3, има друг така голем огласник за мотори и автомобили?) најдов нешто многу интересно. Човек да не верува.

Деловите се лиценцирани Јамаха, 125 кубика, еден цилиндар, 4 такта и една година гаранција, за 870 евра. Најверојатно ги склопуваат во Велес.

Некој да не познава корисник, како е задоволен, муабети, ова она?

http://www.pazar3.com.mk/viItem.asp?itemid=38862&category=10&type=
 
Многу тенки тоа гумичките некако бе... На BMX-от ми беа подебели.
Иначе, 870 евра не е лоша џена. Само моделот е библија стар :)

61793.JPG
 
Остај моделот што е стар, за 800 евра што сакаш? Па побрзо ова ке го возам отколку некоја веспа. А носи ознака некаде дека е од Јамаха машината? Или само на збор...

А има и појака верзија пр, 250 500? или само оваа е?
 
некој се распрашал повеќе? андро? колку коња е? макс брзина, потрошња... резервни делови?
мене ми се допаѓа моделот.. супер е, би го купил! само, детаљи и искуство фали да сподели некој...
 
Прашав вчера... Има и црвена боја, појака кубикажа нема според она што го нудат, а цената е го регистрација. Само да си го регистрираш. Кога ке се подумам... интересна опција е. Ако испадне се по планот, можеби и ке остане некој денар отповеќе да се калкулира за едно вакво.
 
Maшината е на Yamaha колку што на кинеските веспи Baotiаn е од Honda :) Така лажеа и тие на времето за големите скутери, оној моделот што е истиот на Honda и што чини 4-5000 евра. Зошто тогаш се расипуваат во првата сезона, нели е исто моторот? :)

Во секој случај за тие пари е подобар избор од скутер, ама не наседнувајте на такви приказни. Кинеско е кинеско.
 
Абе и на мојот мотор во проспект пишува дека троши 2.5 ама уствари троши 3.5 литра(мојот е 2 тактен).Овој е 125 али би трошел едно 3-4 литра сигурно! Остај ти што пишува секогаш е различно.
 
Немој бе не си го мами умот. Вистина 850 евра не е ништо за мотор. Али да беа деловите од машината Jamaha оргинални тогаш сигурно не ќе беа олку ефтини... хихихи... Јас му давам една до две сезони возење и потоа ќе почне да кажува рогови:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom