Скијање во Банско

  • Креатор на темата Креатор на темата PIRIN3
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте биле на скијање во Банско?

  • Да, сум бил и би сакал повторно да одам

    Гласови: 65 45,5%
  • Не, и немам намера да одам

    Гласови: 14 9,8%
  • Не, но би сакал во блиска иднина да одам

    Гласови: 58 40,6%
  • Да, и не планирам повторно да одам

    Гласови: 6 4,2%

  • Вкупно гласачи
    143
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Локација
Софиа
Голема светска атракција е сега во Банско. Жалам што не можам да одам, ке го гледам на EUROSPORT. Sвездата на настанот е хрватинот Ивица Костелиќ.

bansko-wc.jpg


:)))
Ski_fan_club05.jpg
 
3-4 другари се таму преку викендот/ за 30 евра - пат и ноќевање,доста ефтино :)).
 
Bansko-Ski-Resort-Logo.gif
Гледам се уште нема посебна тема за ски центаров во Банско, а сепак врие од Македонци таму. Се решив да ја отворам со цел полесно да се наоѓаат информации за него, критики од досегашните посетители и слично.
Јас лично сум бил таму некои 6-7 години со ред, планирам да одам и следната бидејќи сум презадоволен од услугите кои се добиваат, најмногу во однос на парите што се плаќаат и тука во Македонија, а сепак разликата е 3 класи.

Овој ски центар располага со 16 патеки, од најлесна до најтешка. Секое ниво на скијач може да најде патека за себе, за почетниците го имаат ски патот кој е исто така најдолгата патека, 7 километри, а за понапредните скијачи има и потешки стази со црна ознака како Томба (9) и Чалин Валог 2 (16).
Хотелската понуда во градот е феноменална, па затоа во темава би сакал да дискутираме и да објавуваме добри понуди од хотелите во кои би можело да се престојува оваа сезона, од најразлични македонски агенции па се до некои онлајн попусти.

Вкупно сите стази заедно чинат околу 70-80 километри, а еве ја и мапата :
Bansko-Piste-Map.jpg

Од градот се тргнува со гондола-лифт и тоа трае околу 25-30 минути. На местото "Бандеришка Пољана" се слегува каде завршуваат со своите трки познатите скијачи со своите настапи од светските купови кои се одржуваат последниве години во Банско во месец февруари.
Basnko-gondola-lift.jpg


Ски центарот исто така располага и со голем број на жичари, има тросед, четворосет и шестсед кој беше пуштен во употреба пред нецели 2 години и е најбрзиот во целиот центар. Исто така има и неколку котви, но сепак повеќе се практикуваат жичарите.

skipic12.jpg


zx500y290_990971.jpg


Се надевам дека ќе се развие дискусија во оваа тема, исто така очекувам и добри понуди од вас во однос на хотелските цени од нашите агенции со цел да најдеме најприфатлива понуда за оваа сезона. :)
 
Јас планирам годинава да тркнам до таму ама не сум скијач. Има други реквизити за забава на снег освен скии? Пример гуми, санки нешто?
И одприлика да кажете цени за користење на стазите, жичарите?
 
Јас планирам годинава да тркнам до таму ама не сум скијач. Има други реквизити за забава на снег освен скии? Пример гуми, санки нешто?
И одприлика да кажете цени за користење на стазите, жичарите?

Имаш едно за лизгање, не знам точно како се вика, малце подолу од гондолата е тоа. Можеш да користиш и сноубоурд, но доколку не си скијач, верувам дека не би можел ни да возиш ни со сноубоурд. Со санки не сум сигурен дали е дозволено...

За скијање картите минатата сезона беа вака, 26 евра дневна за возразен, 20 евра полудневна. Иначе има повеќе категории, деца, ученици, студенти, секако покрај возрасниве, другите категории се за нијанса поевтини.
 

Спомени од сликава имам, и добри и лоши. :)
Таму најгоре во маглата, со скии се сеќавам се тркалав едно 20-на метри, паднав од скиите. :icon_lol:

Иначе, Банско е многу убаво, и би одел повторно таму. Не е многу сменет теренов ако сликата е од сега.:)
 
Спомени од сликава имам, и добри и лоши. :)
Таму најгоре во маглата, со скии се сеќавам се тркалав едно 20-на метри, паднав од скиите. :icon_lol:

Иначе, Банско е многу убаво, и би одел повторно таму. Не е многу сменет теренов ако сликата е од сега.:)

Појма неам од кога е сликата, од на гугл ја ископав :D
 
Туристичка агенција Мартин ве води во БАНСКО за 49 евра
14.12-16.12.2012 год.

*превоз на наведената дестинација
*2 ноќевања со појадок
*сместување во хотел со 3***
*користење на сауна,џакузи,парна бања...

цена : 49 еур.
(за сите уплати извршени до 08.12.2012)
 
Јас се мислам годинава,ваму или Боровец?
Дефинитивно се опција број 1 и 2 за мене.Во Банско одев пред 6-7 години 2 пати по ред,после тоа се префрлив накај Боровец,4 години.Оваа сакам да се вратам ваму пак да видам што како има,ако има скијачи тука некој што ќе оди натака може и да падне некој договор да праиме трка надоле.Ко преживи прича че:D
Читам ски картата годинава ќе иде 160 евра?Па добро...за ова задоволство...не му ја мислам многу...не идам дефинитивно:D
Шала на страна,ајмо јавувајте се скијачи да дискутираме малце:ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom