Гледам се уште нема посебна тема за ски центаров во Банско, а сепак врие од Македонци таму. Се решив да ја отворам со цел полесно да се наоѓаат информации за него, критики од досегашните посетители и слично.
Јас лично сум бил таму некои 6-7 години со ред, планирам да одам и следната бидејќи сум презадоволен од услугите кои се добиваат, најмногу во однос на парите што се плаќаат и тука во Македонија, а сепак разликата е 3 класи.
Овој ски центар располага со 16 патеки, од најлесна до најтешка. Секое ниво на скијач може да најде патека за себе, за почетниците го имаат ски патот кој е исто така најдолгата патека, 7 километри, а за понапредните скијачи има и потешки стази со црна ознака како Томба (9) и Чалин Валог 2 (16).
Хотелската понуда во градот е феноменална, па затоа во темава би сакал да дискутираме и да објавуваме добри понуди од хотелите во кои би можело да се престојува оваа сезона, од најразлични македонски агенции па се до некои онлајн попусти.
Вкупно сите стази заедно чинат околу 70-80 километри, а еве ја и мапата :
Од градот се тргнува со гондола-лифт и тоа трае околу 25-30 минути. На местото "Бандеришка Пољана" се слегува каде завршуваат со своите трки познатите скијачи со своите настапи од светските купови кои се одржуваат последниве години во Банско во месец февруари.
Ски центарот исто така располага и со голем број на жичари, има тросед, четворосет и шестсед кој беше пуштен во употреба пред нецели 2 години и е најбрзиот во целиот центар. Исто така има и неколку котви, но сепак повеќе се практикуваат жичарите.
Се надевам дека ќе се развие дискусија во оваа тема, исто така очекувам и добри понуди од вас во однос на хотелските цени од нашите агенции со цел да најдеме најприфатлива понуда за оваа сезона.