Баш сакав да пишам на темата, трите дена во Викерсунд на ски летовите поминаа во словенечка доминација. Во петокот Крањец (Превц беше само 4-ти) ама после Перо во два дена две победи.
Денес последниот скок му беше смешки, рипна 249 м за прво место и едвај се здржа да не падне на газ
Едена интересна информација што ја чув од коментаторот на Еуроспорт денес. Овој спорт воопшто не бил добро платен, Превец, кој е доминантен и најдобар заработил сезонава околу 170.000 франци, а тек другите коjзнае колку малку зимаат. Овие суми у фудбалот на пример играч ги зема на неделно ниво.
А верувам дека воопшто не е ефтин спорт, скиите, целата опрема, тренинзите. Веројатно спонзорите имаат голема улога тука.