Ски скокови

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Рјоју победи и во Бишофсхофен , 4/4.
Убедлива победа на новогодишните скокалници за него 2018/19.
 
Две години по ред гренд слем 4/4 после Штох лани, браво за Кобајаши, растура сезонава. 80% веќе е светски шампион, а до лани не се сеќавам да имал пласман во првите десет на било која скокалница.
 
После за 2 години нема ни квалификации да поминува. Таков спорт е ова, кога е некој во форма е баш непобедлив, кога не е делува како некој аматер. Чист пример е Превц.
 
Само не ми е јасно како може да имаат ски скокачиве толку осцилации во формата. Или се бр. 1 или се дно.
 
Кофлер праеше растур пред 7-8 сезони, а сега одвај добива шанса за настап на Светскиот куп, само кога се одржува скокалницата во аустриско место.
 
Немаат изградено конзистентност, а тоа е најважно за успех. Една недела може да се први, а друга последни. Имаат напорни тренинзи и подготовки на телото за настап кој трае десетина секунди.

Падот може да е до некоја болест, замор, стрес, начин на живот, начин на исхрана, страв од неуспех, не ги превземаат потребните ризици, не се придржуваат кон формата на тренингот и не го внесуваат максимален напор.
Исто и емоциите се важни, сите немаат позитивни реакции после секој неуспех и гледаат само на резултат. Еден лош скок може да му ја направи лоша целата сезона.
 
Денес починал Мати Никанен, еден од најдобрите ски скокачи на сите времиња. После кариерата за жал станал тежок алкохоличар и насилник...
 
За него повеќе се пишува за скандалите, отколку за талентот и годините во кои беше спортист.

Иначе денес



D14SPvVWwAAHA9O.jpg
 
Ја враќаат формата помалку Превците, и пред 2-3 недели имаа подиум и топ10 пласман Домен и Петер.

Koбајаши веќе и математички мислам дека е сезонски шампион.
 
Следи бе некој? :) денес е прв ден, ќе има истотака утре во 16 часот и задутре во 11:30 часот.

И да, Нориаки Касаи уште се натпреварува со 48 години :cuc:
 
Следи бе некој? :) денес е прв ден, ќе има истотака утре во 16 часот и задутре во 11:30 часот.

И да, Нориаки Касаи уште се натпреварува со 48 години :cuc:

Не знаев дека овој викенд почнува сезоната.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom