Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Jeс да ќе забегам малце у офф, ама ова мора да го споделам...
Денес сабајле си одам јас на работа, паркирам паралелно покрај тротоар, се тоа убаво...
Излегувам од колата, доаѓа една колешка на работа со Пунто... Исто треба паралелно да паркира, место има зад мојата кола, плус колата која е паркирана после беше оставила пола место... класичен пример за неправилно паркирање кога зафаќа две нацртани места. Место има значи ФАП 1314 да паркираш...
Колешкава се мачеше, се глупираше... и кога после 5 минути паркира ја прашав шо е проблемот... Бај д веј положи пред 2-3 месеца.
Рече дека во авто школата ги учеле да гледат исцртани црти или камења поставени на определено место. Така нешто, шема... која у риал трафик ја нема и треба да се научиш на ориентација имајќи предвид димензии на кола, оддалеченост од тротоари и сл.
Ужас...
И, на што ги и учат бе у тоа авто школите? А и тоа комисиите?
Само парите да им земат, па после у сообраќајот нека научат да возат.

Сите учат на линии да паркираат,како мерка на прецизност..Демек ако ја згазиш линијата си наебал..Али,мојот инструктор,и верувам повеќето,ниеднаш не ми рече да паркирам така,ама во вистинска смисла,без линии,и со коли
 
Јас се влечен од јули до октомври со полагањата па еве не ми е ништо ама барем не му го наполнав џебот на комисијата.
Само ме интересира колку пати полагаше за тие 5 месеци? И чии џеп мислиш дека полнеше со секое ново пријавување на испитот (1620+џџџ+користење на возило од автошкола 500/600 + час ден пред испит = 3000ден) ?
 
3 пати. Го полнев буџетот, а не џепот на тие ненормалните шо седат в кола. За колата за полагање си се договорив со авто школата си плаќав на рати (заедно со другите пари), а час пред полагања не земав оти не чувствував потреба дека ми треба.
 
ОК. Штом 3 пати си полагал гратска би требало да знаеш дека парите всушност ги уплаќаш на примач сообраќаен испитен центар (тие ненормалните што ти седат у кола), а само 15.25% одат во буџетот.
И кога ќе видиш накрај тој што платил да положи на прва, ем уштедил на пари, ем на време, а е неважно како ги даваш парите, дали на рати или во готово.
П.С да не се разбереме погрешно, не го оправдувам однесувањето на комисијата стварно се безобразни, а целата процедура до возачка дозвола е прескапа и предолга.
 
Барем не му ги дадов на рака.
И од кај знајш дека ќе помини поевтино? Едно другарче плати 3 000 на рака + скара в кафана. Незнам колку е поевтино.
 
Озбилно? Скара у кафана? За ќебапи даваат возачка? :tapp:
 
E дават. Ама не се тие криви, криви се луѓето шо се нудат и шо му прифаќат такви работи. Мислам дека ви е јасно сега зошто не паднав на то ниво само за да положам на прво :)
 
Барем не му ги дадов на рака.
И од кај знајш дека ќе помини поевтино? Едно другарче плати 3 000 на рака + скара в кафана. Незнам колку е поевтино.

Она што јас се обидувам да ти го кажам е дека комисијата секако си ги зема тие пари, сакаш не давај кафана, сакаш давај на неа исто и е :) пресметано и е.
И дека твојот став ете јас не давам, на твојот џеб не менува ништо. Ама таква ни е државата, такви ни се луѓето. Секако, те поздравувам за упорноста! Браво.
П.С ако не е тајна колку вкупно те фати целата процедура, од лекарско до крај?
 
Te сфатив шо сакаш да кажиш. Само јас му ги дадов по регуларен пат парите, не како мито :)
За цената мислам околу 31 000 оти имав црвен крст од полагањето за А категорија, а лекарското ми помина 1 ден од ко положив градска за Б па морав да вадам ново :)
 
Сите кукате дека ве бутале па од 3-4. Кога гледам како возат и јас би ве бутал. Се тресат, возат со 20на саат им гасат колите не знаат да возат и после еииии ме бутнаа. Јас положив од прва за 3 месеци се средив без врски, но тоа бидејќи јас бев во асална авто-школа каде се идеше по прописи на секаков пат и во сите ситуации. Останативе авто-школи не ве учат, гледаат да ве откачат дури знам и за некои инструктори фаќале врски со комисијата да ѓи бутаат за да земат пари за дополнителни часови.

Мој совет полагајте во ЦЕНТАР не во аеродром многу е полесно и побрзо се учи. Штом во центар знаете сегде ќе знаете. Во аеродром се учите на споро возење без коли и коа полагате комисијата ве гледа како да не знаете да возите. Кога возите 20 во зона на 60 тие мислат дека се плашите и ве бутаат. Многу работи Не ве учат во аеродром.

Јас полагав во Центар од АМСМ. И знам други што полагале во центар од амсм. Сите од прва положиле и знаат многу добро да возат.
 
не кажувај гачки, си положил од прва зошто не си направил ниедна грешка или некој од тие ти е близок. У скопје кога полагаш првите два три пати влакно на јајцето ти бараат како да те бутнат. Два пати ме имаат буткано ради една ситна грешка што сум ја направил, Oнаа булата назли или како и беше името, она кога е у комисија тројца ако минат од 20 души. Третиот пат им беа доста парите ваљда па ме пуштија. Претходните два пати не знаев да возам а третиот научив.
 
Ваквите најјаки ми се шо ни те знат ни те познават ама ти кажват дека незнајш да возиш. (y)
 
Ajde nekoj skoro sto polagal da spodeli iskustvo kako e sega, olabavi malce komisijava so ili isto e.. Jas naredna nedela polagam prv pat i iskreno ne ni ocekuvam da polozam po muabetive sto gi slusam ama pak mnogu imam trema koga ke pomislam strav me faka :/
inaku se izvinuvam za latinicava, od mobilen pisuvam
 
Па отсекогаш биле исти :) Можеби ако учиш во школата на АМСМ (каде што учев јас) ќе бидат малце потолерантни, но ако направиш поголеми грешки при возење (да загазнеш тротоар, да не пропуштиш пешак, да не се престроиш каде што треба), нема да те пуштат. Но ако возиш пажљиво шансата за вакви грешки да се десат е минимална. Дозволени ти се помали грешки, но не премногу (од тип на гаснење на кола, не пуштање жмигавец или слично, но нема логика ова да ти се деси). Ако ти е страв или осеќаш дека колата ќе ти угаси, само стисни поише на кумплунгот да се вратиш и ти и колата во нормала и готово).
Не му ја мисли многу и биди опуштена бидејки истпитот според мене е 50 посто знаење и 50 посто среќа.
 
Ако полага од прва е 99 проценти врски, 1 процент среќа. Јас незнам никој да положил на прва а да нема врски. Таква е реалноста денес.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom