Скандал во репрезентацијата: Седловски му удри шлаканица на Попов!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Една мала “оф топик“ забелешка само во постот, навивачите на Јунајтед не му свиркаја ,туку му аплаудираа ,бидејќи тие се против репрезентацијата на англија .Токму тогаш тој стана миленик на Јунајтедовите навивачи :)
Знам дена оф топик е овој дел од постов ,ама како стар “гјавол“ неможев да одолеам да не ја исправам грешкава...:helou:

Навивачите на Јунајтед му свиреа, 100% сум сигурен во тоа. Многу добро се сеќавам на тие сцени.

Мислам дека никогаш порано пред натпревар не ни се случиле волку гомнарии, би било интересно да победиме:), само тоа ќе го испере срамот што го трпиме како нација, ама ќе видиме.
 
4A72805EBCBA3F46A0FF6A67020A692A.jpg

На вчерашниот тренинг во Чаир висок ѓон за време на тренингот ги запали страстите на капитенот Гоце Седлоски и Горан Попов. Потребна беше интервенција на соиграчите и Стручниот штаб за да не ескалира ситуацијата во поголем инцидент.

При играњето „сервис“ преку мрежа, Седлоски му удри ѓон во главата на Попов, по што следуваше вербална распра-вија. Во бркотницата повозрасниот Седло му врати на помладиот Попов со една шлаканица. Набрзо спротивставените соиграчи беа раздвоени и оладени. „Сервис“ во двојки играа прилепчаните Седлоски и Наумоски наспроти струмичаните Попов и Пандев.

- Не станува збор за инцидент. Се' што се случи беше во жарот на играта. Нормална работа за спортистите кои имаа зголемен адреналин пред секој значаен натпревар. Жал ни е што се случи ваков кикс и им се извинуваме на колегите репрезентативци. Атмосферата во екипата не е нарушена - велат во еден глас Седлоски и Попов, кои вчера попладнето се дружеа. Тие денеска треба да функционираат во одбраната на голот во дуелот со европскиот првак Шпанија. Инцидентот помеѓу Седлоски и Попов го регистрира камерата на телевизија „Алсат М“.

Другарчиња... :back:

Се ќе биде во ред, без паника. Се случува и кај многу поголеми професионалци. Не е за оправдување, ама ќе си ја средат работата, не се од вчера.

P.S. ако ви се свири и пцуе по некого, ене ви ја ФФМ бе луѓе! Кај сакате поубава мета од тоа...
 
Какви дебили имаме ние на форумов охохооооооо... ни Дедо Мраз нема да може да ги опраи. Супермен би се откажал а Бетмен би паднал во депресија. Еден од коментарите што ги прочитав на првата страна (за оние 18 измеѓу немав сила) “ова само кај нас го има“. :pos: Така е сине, у Ливерпул пољубац у уста си даваат на тренинзи.

Туку, на темата, јас мислам дека е ова добро за нас. Конечно некој го заболе шо се случува пред утакмица. До сеа никој ништо не го интересираше, а само еднаш Шумуликовски со новинари се караше. Премалку конфликти, премногу незинтересираност. Конечно нешто да се размрда. Можеби нервозни боље играме. :)

Иначе, да видите како се праи тоа “само кај нас“ иако сигурен сум дека случкава ја памтите, не беше одамна... :icon_lol:
 
Остај... уште се наредија дечурлана што не отишла на стадион да плука по капитен на репрезентација, еден од најдобрите играчи кои воопшто сме ги имале. Секој може да згреши, ќе си се извинат, ќе си ја наредат. Секогаш има вакви срања и секаде, само што сега камерите беа доволно „среќни“ да го уловат моментот и да ни го пренесат.
 
Проверете на А1 да не има точен резултат :D:
 
секако дека одиме на победа..
 
Денес е 100 годишнина од нашиот фудбал , денес треба да биде празник на државата, и да денес очекувам да го остават срцето на теренот да го видиме тоа дека се борат , знаеме колку се моќни Шпанците, но кога е Македонија во прашање се е можно.

Заборавете на секој инцедент,заборавете на скандалот со картите,ебете му ја мајката на Хари и не се замарајте денес со него.Денес нека биде празник на државата, а вечер сите да се радуваме се надевам на победа !:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЕ!
 
Глуп и неоправдувачки потег на Седлоски. Како најискусен и најстар у репрезентацијата треба да воведува мир и дисциплина,а не тој да ги нарушува тие 2 работи. Треба да се санкционира Седлоски,а воедно и овој "шпицот" Наумоски,кој како напален скока да се тепа и тој. И да се извинат треба да се санкционираат бидејки ова може да им се случи и друг пат,а кога ке ги удриш по џебот малце подруго ке реагираат и постапуваат друг пат. Респект за Попов,постапи правилно,не подлегна на провокацијата и остана мирен.
 
Глуп и неоправдувачки потег на Седлоски. Како најискусен и најстар у репрезентацијата треба да воведува мир и дисциплина,а не тој да ги нарушува тие 2 работи. Треба да се санкционира Седлоски,а воедно и овој "шпицот" Наумоски,кој како напален скока да се тепа и тој. И да се извинат треба да се санкционираат бидејки ова може да им се случи и друг пат,а кога ке ги удриш по џебот малце подруго ке реагираат и постапуваат друг пат. Респект за Попов,постапи правилно,не подлегна на провокацијата и остана мирен.

Точно е дека треба да се санкционира Седлоски. Ама сите да фрламе камења по него не чини, сепак колку толку и он дал за нашата репрезентација и сето тоа да падне во вода заради еден момент на слабост. Видовме и гледаме дека далеку "поголеми" и попрофесионални играчи од него имале инциденти со свои соиграчи па пак останале "големи". Сепак добро е што се смириле со Попов и да, да идеме на победа вечер да се чуда шпанците што ги снашло:)
 
Наместо да се сконцентрираат за натпреварот со Шпанија они се тепа..:tapp:
Па каде ќе го има оваа ако не тука кај нас..
 
Мора Жонгата (селскиот прекар му е тој во Г. Коњари) да подели воспитни шамари зошто е капитен :).
Инаку се е добро кога добро ќе се сврши :toe:.
 
играле онаа одбојка на трева со фудбал и со нога само, како и да се вика... и се обложиле во 200 евра кој ќе тепа... и откако Попов доби ѓон во глава сакал да се откаже ама морал да се врати оти облог си е облог, и затоа викаше дека ќе му ги даде тие 200 евра само да не игра, ама морал да се врати и тука тепачката... нц нц нц за бедни пари се испотепаа



неможам да се изнасмеам:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom