За земјоделството, учество во БДП е околу 11-12% (2007 се проценува на околу 10%), а сосе прехрамбената индустрија која се базира на тоа земјоделство учеството е 20-22% (зависи од година до година). Иако тоа е доста голем процент од вкупниот БДП, многу поголемо е значењето на земјоделството како извор на храна. Она што го постирав од сител за краставиците значи дека ЕУ стандардите се намалуваат за сметка на квантитетот, затоа што им треба храна, основата на секое општество. Колку е значајна храната кажува и тоа што голем % од средствата на ЕУ (околу 60-70%) оди за земјоделството. Секој странец што доаѓа кај нас се чуди зошто државата не им помага на земјоделците (во смисол на субвенции), затоа што кај нив многу производи се субвенционирани. Најмногу состаноци во ЕУ се одржуваат за храна и земјоделство затоа што знаат дека храната е основа на општеството, социјална сигурност.
Е затоа пак таму секој земјоделец е регистриран и се знае што, колку и како произведува.
Но Еу не ги намалува стандардите на здрава исхрана, туку само на облик и големина на производите, не го намалува квалитетниот состав на производите, заради заштита на населението, здрави работници, во крајна линија помало трошење на здравствените фондови и поголема продуктивност.
Се изнаприкажав за ЕУ, но сакам да ти укажам колку е битно земјоделството. И колку државата треба да има улога на водилка во развојот на земјоделството и воопшто општеството. Колку и да велиме дека државата не треба да се меша (при што не го мешам тука поимот државна економија), напротив, еу земјите-нивните држави (и не само еу) имаат голема улога во раздвижување на општествениот развој. Пред приватизација европа не учеше дека се мора да е приватно и независно, без вештачки интервенции, заради здрава економија и конкурентност. Но откако видов како тие се справуваат со одредени појави во економијата (вклучително и земјоделството) сфатив дека кај нив улогата на државата (секако мора да е позитивна) е многу поголема одошто ни кажуваа. Па да се запрашаме и зошто ММФ кога доаѓаше на почетокот а и сега прво бараше податоци за земјоделството.
Бек то д сведмилк, матно е со нив, но тоа што го читам во весници е тоа што го знам. А нормално е ако е неликвидна да оди на добош, но со тоа губат сите претходно споменати-земјоделците и нивните фамилии, населението (ако нема здрава конкуренција за млеко и квалитет на тоа млеко) и крајнно и државата ако нема прилив на даноци од таа фирма и земјоделците. Во крајна линија не би се грижел за земјоделецот повеќе одколку за другите, но дали некој знае колку е тешко да формираш основно стадо (говеда во случајот), колку е тешка репродукција на тоа основно стадо и формирање на еден дел млечни крави кои ќе прават профит? Години и години, кредити и кредити.... Не случајно големи пари се дадоа и сеуште се и ќе се даваат од ЕУ за земјоделството (каде имаме и најмногу проекти).
Случајно сум во агрономијата па нешто од ова сум запознаен.
Пошто многу долго испадна, за крај ми текна една швеѓанка што ни кажа кога и кажувавме дека во школите во Југославија не учеа дека земја со развиено земјоделство не е развиена земја. Таа само се сепна и рече- кој нормален тоа ви го рекол, кој на тоа ве учел?
Но потенцирам развиено земјоделство во смисол интензивно, а не цела држава да се претвори само во земјоделие. Туку немаме друго осим преработки и трговија па затоа во БДП земјоделството има и толкаво учество. Мислам дека е најголемо од сите европски земји. Значи не треба големо учество, туку високо продуктивно.
За БДП во еу треба да се види
порталот на еу, не ги знам податоците.
Позз