Ситуацијата со Сведмилк?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Ќути кога не избрале Македонец со Ескимско потекло,зошто има и такви според некои пописи.:smir:
Е да, од лошо има полошо.
Туку, има ли некоја постапка при инвестирање, да се проверат акционерите и капиталот ( у смисол ризичност на капитал и акционери), или работата дај шта даш, гринфилд во рекламни цели?
 
Има бе како не,понекогаш министрите му погледнуваат во ќесе на “инвеститорот“,за да видат колку ќе им подфрли како “бакшиш“.:toe:
 
Rabotata so svedmilk uste ne e jasna.Zataskana e mnogu i vladata nema udel vo ova.Sporot e pomegu mia i svedmilk.Imaat nedostig na pari ne samo na mlekarite tuku i na= firimi nemaat plateno od pocetok na godinata.E sega problemot e tolku forsiranje edna firma kaj im otide profitot!
 
Е да, од лошо има полошо.
Туку, има ли некоја постапка при инвестирање, да се проверат акционерите и капиталот ( у смисол ризичност на капитал и акционери), или работата дај шта даш, гринфилд во рекламни цели?

Погрешно ги перцепираш работите другарче. Ако сега пропадни сведмилк кој ќе загуби најмногу ? да видиме кој што имаше...

- Млекарите - пред сведмилк имаа неконкурентен пазар, ефтино млеко, после сведмилк ќе го имаат тоа што го имале предхдно нит изгубиле нит добиле
- Вработените - пред тоа немале работа или работеле на друго место, кога дошол сведмилк се вработиле таму поради бенифициите што ги нудела фирмата, ако пропадни сведмилк ги губат работните места и се враќаат во првобитната положба - такаречи нит изгубиле нит добиле - тие на сведмилк труд - сведмилк нив плата, нема плата нема труд
- Газдите - е тие имале пари, напрајле фабрика, сега ќе му пропадни фабриката ќе имаат помалку пари...

Ова е убавината на слободниот пазар, нема потреба некој да ги проверува инвеститорите дали се стабилни оти ако некој губи нешто тоа се самите инвеститори..
. ако не плаќаат на млекарите нема млеко, ќе му пропадни фабриката тие ќе изгубат
. ако не плаќаат плати пак ќе му пропадни фабриката пак тие најмногу ќе изгубат..

затоа нема никаква потреба од регулација во инвестициите..

И конечно, ризичноста на капиталот и акционерите паѓа на товар само и само на нив. Она што го создале и да го уништат, во стварност нема да променат ништо во однос на тоа што било пред да го создадат - со исклучок секако на тоа дека си го олесниле нивниот сопствен џеб
 
Ако било која фирма пропадне, се знае кој губи-граѓанинот и Македонија. Но не мислев на регулација на инвестиции, туку на проценка на ризик. Таков е случајот при основање на штедилница или банка на пример. Се проверуваат акционерите и изворот на средства буквално до трето колено.

Но тоа изгледа не е случај и со другите фирми во кои се инвестира. Имаше еден банален пример (одамна беше не се сеќавам на деталите), фирма инвестира во РМ, а за таа фирма се испостави дека имале сомнително потекло (благодарејќи на медиумите). Па медиумите се згнаа во потрага и открија дека не се инвеститорите од западна европа туку срби кои имаат фирма во Австрија. Ок што се срби, но не била фирма, туку изнајмена канцеларија, а никој не успеа нормално да искомуницира, телефонски, со таа канцеларија. А отпрвин беше многу помпезно сето тоа најавено. У ствари испадна дека фирма таква не ни постои. Е сега за линк и повеќе инфо, реков немам, оти одамна беше. Можеби некој ќе се сети на тој случај.

Доколку значи не постои контрола на тоа какви пари се внесуваат, тогаш влегуваме во машинеријата за перење на пари. Така "акционерите" не губат, може само да добијат. Сериозен инвестирор или акционер, многу тешко. Ако не го рачунаме инвестирањето од типот Рамстор или Веро. paparesta фино праша, кај е профитот што го имале досега.

Па и за акционерите, мислите швеѓанец и шведска влада (и таа има удел) се наивни и не провериле со какви акционери си имаат работа? Ја си имам работа со нив, тешко да зезнеш шведска фирма.

Затоа реков се е многу сомнително. И затоа прашав, дали се дај шта даш инвестиции без претходни контроли. Го перцепирам она што го гледам, што ми го даваат медиумите како инфо. Немам друг извор. Значи измамен земјоделец, измамени работници, измамена држава во краен случај, тоа го гледам.
А зошто, како, некој треба да им седне у тоа сметководството и да ги преброи па да се види зошто не се (а по се изгледа не се) солвентни. Дали поради некои меѓусебни неразрешени ситуации или влечеле пари надвор, па сега нема кој да плате.
 
HElooouuu се читаш ?

1. Сите инвестиции се дај шта даш со исклучок на банките поради специфичноста. Дали мислиш дека сега ни треба уште една милјарда буџет за контрола на инвеститотрите и стопанството. Секој кој има пари треба да е слободен да отвори фирма доколку парите му се заработени на легален пат, односно доколку не постојат сигурни докази дека се нелегални парите - се до тој момент секој треба да е слободен да основа компанија. И крајно за каква контрола зборваш бе ти ??? Има во некое министерство кантар за поштеност па ќе ги вагаат сите инвеститори и ќе си одберат што му одговара - оти и онака премногу инвеститори имаме..
2. Никој не е измамен, а ако е, има држава закон ред, некој што има побарувања ќе тужи и ојде фирмата во стечај.
3. Од каков интерес на државата е солвентноста на компаниите ? Што ако не се солвенти ? Бејлаут ќе му прајме ? Најмногу банките се интересираат за солвентноста на компаниите, па потоа доврителите па акционерите - државата и е гајле, оти ако се интересира за солвентноста тогаш нека се интересира и за "пресолвентност" па нека земе кога компаниите имаат вишоци да му ги менаџира тие средства, да му каже каде да ги инвестираат, па да му каже како да дишат на газдите итн.. Се губи принципот на награда и казна што е основен постулат на пазарната економија.

И конечно, во светот има рецесија фирмите секој ден се затвораат. Што треба сега да ги затвориме газдите на фабриките од Штип, газдите на металуршките компании оти не сакаат да работат со загуба ????? Ако е така никој нема ни за профит да работи оти ќе знае дека ќе почне да губи ќе оди затвор.
 
Ја се читам, ти дали се читаш. Сосем извртено од она што го пишав. Сомнителен капитал нигде не би требало да влезе туку така. Мојата сопруга работи у една фирма каде за да влезат акционери, им вршеа контрола или проверка, ако ти е контрола многу лош збор. Ако ова не си го знаел, ок. Нигде не споменав дека газдите треба да прашуваат дали да дишат или не. Нигде не реков дека министерството има кантар. Но сегде (не е македонска измислица) има контрола на потекло на пари и бонитет на фирми. Премногу далеку отиде со муабетов.
За сомнителни пари и инвестиции, па ги има и премногу. Затоа и се случуваат вакви работи.
И реков дека швеѓанец тешко ќе зезнеш, ако имаш поинакво искуство кажи. Многу огорченост гледам во твојов пост, не знам зошто. А и од целиов пост не ти го разбирам ставот во однос на случајот свид милк и странски инвестиции.
 
Е да, од лошо има полошо.
Туку, има ли некоја постапка при инвестирање, да се проверат акционерите и капиталот ( у смисол ризичност на капитал и акционери), или работата дај шта даш, гринфилд во рекламни цели?

Не само во Македонија , и во слични на неа тазе и нови демо(Н)кратии се цел на вакви „инвеститори„..поготово т.н. гринфилд.
А тие се претежно луѓе по потекло од нашата земја или од околината непосредна ..а ако не се..во поголем број тоа се луѓе кои своите пари не можат да ги „покажат„ во земјите на напредниот капиталистички џет-сет од земји..каде што потеклото на парите се испитува мнооогу одамна..и нема зезање тамо..
пс
Секоја чест на исклучоците..а кои некои велат дека постојат
:toe:
 
Ја се читам, ти дали се читаш. Сосем извртено од она што го пишав. Сомнителен капитал нигде не би требало да влезе туку така. Мојата сопруга работи у една фирма каде за да влезат акционери, им вршеа контрола или проверка, ако ти е контрола многу лош збор. Ако ова не си го знаел, ок. Нигде не споменав дека газдите треба да прашуваат дали да дишат или не. Нигде не реков дека министерството има кантар. Но сегде (не е македонска измислица) има контрола на потекло на пари и бонитет на фирми. Премногу далеку отиде со муабетов.
За сомнителни пари и инвестиции, па ги има и премногу. Затоа и се случуваат вакви работи.
И реков дека швеѓанец тешко ќе зезнеш, ако имаш поинакво искуство кажи. Многу огорченост гледам во твојов пост, не знам зошто. А и од целиов пост не ти го разбирам ставот во однос на случајот свид милк и странски инвестиции.

Ај вака да тргниме...
1. Не сум против на контрола на пари во однос дали се легални/нелегални.
2. Не сум против спречување на инвестиции со соминтелни потекла...

Ама ти ги помеша работите, сведмилк моментално има проблеми поради светската криза, а не поради тоа што лоши се акционеерите или парите се со сомнително потекло. Значи она што ти го спомнуваш "контрола" во случајов би била контрола на поштеност на акционерите а таква контрола е пред се невозможна.Сепак како што беше спомнато на сведмилк му имат откажано фирмата што му го продава во странство млекото - дистрибутивна компанија - а му има откажано поради светската криза. Значи ти изгледа избега офтопик па не се разбравме...

Поентата е - сведмилк има проблеми со "солвентноста" поради тоа што има проблеми во наплатата на продажби и остварување на самите продажби - сето ради кризата. Било каква контрола не помага во случајов.

И ставот во однос на сведмилк и на сите останати странски инвестиции ми е еден и единствен - дури работат работат, кој ќе не можат пропаѓаат - и со тоа создаваат простор за нови. Нема спасување, нема интервенции, нема помагање на земјоделците и работниците - сите доброволно влегле во тие односи и договри со сведмилк.

Мислам, дека логиката што ми ја шиткаше еден форумџија како "Не чини грците (уствари било кој странци) да отвараат фабрики во македонија оти утре ќе не уценват и ќе се закануваат дека ќе ги затворат". Демек зависни ќе сме станеле. Па ако ги затворат нас баш ништо не ни се променило пошто пред да ги отворат тие бенфиции сме ги немале..

Позз ;d
и сори ако звучеше првиот пост монгу оштро...
 
Ај вака да тргниме...
................................................. било кој странци) да отвараат фабрики во македонија оти утре ќе не уценват и ќе се закануваат дека ќе ги затворат". Демек зависни ќе сме станеле. Па ако ги затворат нас баш ништо не ни се променило пошто пред да ги отворат тие бенфиции сме ги немале..

Ne e bas taka , ama ajde :)
 
Нема проблем tomsaso. Со инвеститори и акционерски капитал што е тоа е, нема назад.

Проблемот го имаат сега сведмилк и другите фирми. Можеби ова би било некое решение и за сведмилк пошто 1 милион и не се така големи пари за државата да интервенира и помогне.
330 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СПАС ОД СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА,
Се надевам дека овде ќе се најде и фирмата сведмилк и слични на неа, која не само што има работници кои ги плаќа, плаќа даноци на државата, туку од неа се издржуваат голем број земјоделски фамилии. Значи преку такви фирми се инвестира во земјоделството. А знаеме што значи земјоделството за Македонија па и за светот. Колку и да развиваме информатика, текстил, челик и други гранки, храна си е храна. Затоа и западноевропјани почнаа да јадат криви краставици (Сител).
 
Не е точно. Скрос погрешна е концепцијата дека земјоделството ни помага нас нешто или дека не крепи.

Прашање:Колкав е процентот на земјоделието во БДП ?
Треба да се земе во предвид дека македонија, можеби не многу ама може да се рече дека има средно развиено земјоделие.

Прашање 2:Кои држави во светот се со голем процент на земјоделие во БДП, и кои држави во светот се трудат да го зголемат учеството на земјоделието во БДП ?

Она што можеби игра некаква улога конретно во ситуацијава е дека некои земјоделски производи, како и одредени преработки во услови на криза просперираат, ама сето тоа е привремено и несиугурно (сигурно не се очекува вечна криза во светот).

Јас во врска со спасот на државата баш имам едно прашање, зошто државата од овие 330 милиони евра, не намени 100 милони евра за да ме спаси мене ?!.
Зошто воопшто државата да му зема на други, на оние кои имаат нешто да му земи а тоа се скоро сите - оти можеби некои помалку некои повеќе сите имаат нешто (рамен данок римебер така да омразата кон богатите и не баш аргумент)-, и истото да му го даде на оние кои немаат или пак имале па сега снемале ? Јас вчера имав 100 денари, ги загинав по пат - недоговорен сум -. Дали државата треба да ми ги даде тие сто денари ?

За среќа, пактетот мерки на државата и не е толку со земање и давање колку што е со неземање. Односно мерките воглавно вклучуваат олеснувања, намалувања, отпишување. За несреќа ова не значи дека баш нема некој да ја плати сметката - Нема бесплатен ручек-, тоа баш е во позавиткана форма - индиректно -, државата има проектирано еден огромна сума која ќе ја потроши. Е сега одлучува да не ги собере парите што сака да ги потроши = ќе се задолжи. Е не ние, туку нашите деца ќе треба да го платат неуспехот сведмилк да опстои во услови на криза - доколку државата му помогне на сведмилк.
 
Ne znam vie kaj go gledate problemot ama jas go gledam vo lugeto sto gi rakovodat firmite sto se stranski investicii.Koga tie luge ke rabotat posteno i nema da mislat kako da se zbogatat preku nok togas taa firma ke opstojuva,rabotnicite nema da bidat otpusteni,mlekoto ke bide otkupeno i plateno...Treba prvo nie samite sebe da se preispitame a potoa vinata da ja barame vo nekoj drug,ete zatoa nema stranski investicii vo Makedonija?Ako se bide dobro so SWEDMILK togas ke dojdat i drugi firmi od Svedska ama neli nie sme majstori za da posereme nesto i ke sonuvame uste dolgo za ekonomski napredok,zgolemuvanje na plati...
 
Не е точно. Скрос погрешна е концепцијата дека земјоделството ни помага нас нешто или дека не крепи.

Прашање:Колкав е процентот на земјоделието во БДП ?
Треба да се земе во предвид дека македонија, можеби не многу ама може да се рече дека има средно развиено земјоделие.

Прашање 2:Кои држави во светот се со голем процент на земјоделие во БДП, и кои држави во светот се трудат да го зголемат учеството на земјоделието во БДП ?

Она што можеби игра некаква улога конретно во ситуацијава е дека некои земјоделски производи, како и одредени преработки во услови на криза просперираат, ама сето тоа е привремено и несиугурно (сигурно не се очекува вечна криза во светот).

Јас во врска со спасот на државата баш имам едно прашање, зошто државата од овие 330 милиони евра, не намени 100 милони евра за да ме спаси мене ?!.
Зошто воопшто државата да му зема на други, на оние кои имаат нешто да му земи а тоа се скоро сите - оти можеби некои помалку некои повеќе сите имаат нешто (рамен данок римебер така да омразата кон богатите и не баш аргумент)-, и истото да му го даде на оние кои немаат или пак имале па сега снемале ? Јас вчера имав 100 денари, ги загинав по пат - недоговорен сум -. Дали државата треба да ми ги даде тие сто денари ?

За среќа, пактетот мерки на државата и не е толку со земање и давање колку што е со неземање. Односно мерките воглавно вклучуваат олеснувања, намалувања, отпишување. За несреќа ова не значи дека баш нема некој да ја плати сметката - Нема бесплатен ручек-, тоа баш е во позавиткана форма - индиректно -, државата има проектирано еден огромна сума која ќе ја потроши. Е сега одлучува да не ги собере парите што сака да ги потроши = ќе се задолжи. Е не ние, туку нашите деца ќе треба да го платат неуспехот сведмилк да опстои во услови на криза - доколку државата му помогне на сведмилк.
За земјоделството, учество во БДП е околу 11-12% (2007 се проценува на околу 10%), а сосе прехрамбената индустрија која се базира на тоа земјоделство учеството е 20-22% (зависи од година до година). Иако тоа е доста голем процент од вкупниот БДП, многу поголемо е значењето на земјоделството како извор на храна. Она што го постирав од сител за краставиците значи дека ЕУ стандардите се намалуваат за сметка на квантитетот, затоа што им треба храна, основата на секое општество. Колку е значајна храната кажува и тоа што голем % од средствата на ЕУ (околу 60-70%) оди за земјоделството. Секој странец што доаѓа кај нас се чуди зошто државата не им помага на земјоделците (во смисол на субвенции), затоа што кај нив многу производи се субвенционирани. Најмногу состаноци во ЕУ се одржуваат за храна и земјоделство затоа што знаат дека храната е основа на општеството, социјална сигурност.

Е затоа пак таму секој земјоделец е регистриран и се знае што, колку и како произведува.

Но Еу не ги намалува стандардите на здрава исхрана, туку само на облик и големина на производите, не го намалува квалитетниот состав на производите, заради заштита на населението, здрави работници, во крајна линија помало трошење на здравствените фондови и поголема продуктивност.

Се изнаприкажав за ЕУ, но сакам да ти укажам колку е битно земјоделството. И колку државата треба да има улога на водилка во развојот на земјоделството и воопшто општеството. Колку и да велиме дека државата не треба да се меша (при што не го мешам тука поимот државна економија), напротив, еу земјите-нивните држави (и не само еу) имаат голема улога во раздвижување на општествениот развој. Пред приватизација европа не учеше дека се мора да е приватно и независно, без вештачки интервенции, заради здрава економија и конкурентност. Но откако видов како тие се справуваат со одредени појави во економијата (вклучително и земјоделството) сфатив дека кај нив улогата на државата (секако мора да е позитивна) е многу поголема одошто ни кажуваа. Па да се запрашаме и зошто ММФ кога доаѓаше на почетокот а и сега прво бараше податоци за земјоделството.

Бек то д сведмилк, матно е со нив, но тоа што го читам во весници е тоа што го знам. А нормално е ако е неликвидна да оди на добош, но со тоа губат сите претходно споменати-земјоделците и нивните фамилии, населението (ако нема здрава конкуренција за млеко и квалитет на тоа млеко) и крајнно и државата ако нема прилив на даноци од таа фирма и земјоделците. Во крајна линија не би се грижел за земјоделецот повеќе одколку за другите, но дали некој знае колку е тешко да формираш основно стадо (говеда во случајот), колку е тешка репродукција на тоа основно стадо и формирање на еден дел млечни крави кои ќе прават профит? Години и години, кредити и кредити.... Не случајно големи пари се дадоа и сеуште се и ќе се даваат од ЕУ за земјоделството (каде имаме и најмногу проекти).
Случајно сум во агрономијата па нешто од ова сум запознаен.

Пошто многу долго испадна, за крај ми текна една швеѓанка што ни кажа кога и кажувавме дека во школите во Југославија не учеа дека земја со развиено земјоделство не е развиена земја. Таа само се сепна и рече- кој нормален тоа ви го рекол, кој на тоа ве учел?
Но потенцирам развиено земјоделство во смисол интензивно, а не цела држава да се претвори само во земјоделие. Туку немаме друго осим преработки и трговија па затоа во БДП земјоделството има и толкаво учество. Мислам дека е најголемо од сите европски земји. Значи не треба големо учество, туку високо продуктивно.
За БДП во еу треба да се види порталот на еу, не ги знам податоците.
Позз
 
Kај нас земјоделството е погрешно таргетирано како главна цел на владини инвестиции,премии и бенифиции.Ние сме мала земја и доволно е да го превземеме ценовникот на производи од некоја друга соседна или Европска земја.Погрешен е пристапот дека млекото на пример треба да им се плати на земјоделците по 30 денари плус да добијат бенифиција за истото,кога во Србија или било каде во Европа тоа истото е 20 или 15 денари.Пазарната економија со реални европски цени ќе си го направи своето па така и земјоделците ќе одберат сами што им се исплаќа да работат а што не,.Вака кога имаме безвезни цени на грозјето кое е поефтино одколку вода,или тутун кој е 5 пати поефтин одколку во регионот,ние не можеме да збориме за успешна земјоделска политика,додека истовремено бараме од владата акцентот да го стави на млекопреработувачките капацитети истовремено кога млекото во соседството е многу поефтино.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom