Сити v Јунајтед (0:1)

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellz Guardian
  • Време на започнување Време на започнување

Натпреварот ќе заврши со:


  • Вкупно гласачи
    109
Статус
Затворена за нови мислења.

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
7.176
Поени од реакции
1.790
Tevezrooncityutd.jpg


manchome.png
679.png
34tai46.png
680j.png
manuhome.png

Премиер Лига, 35 коло|Сабота, 17 Април 2010|Почеток: 13:45h
Стадион:
City of Manchester Stadium, Manchester
20100416185401.jpg

Четвртото Манчестер дерби сезонава, но дефинитивно најважното без размислување, поготово за нас, фановите на Јунајтед.Do or Die викаат англичаните.Игравме многу големи натпревари сезонава, но играјќи против градскиот ривал, знаејќи дека ако изгубиме веќе дефинитивно немаме никаква ни теоретска шанса за освојување на 4тата рекордна по ред титула.Вејн ми требало да се врати за овој натпревар, откако не беше ниту на клупата на ремито на Евуд Парк, но Фергусон изјавува дека сеуште не се знае за неговиот настап, исто како и за Гигс и Рио.Сити влегуваат во овој натпревар посебно мотивирани, од двата последни натпревари со вкупен резултат од 11 - 2.Сите памтиме како заврши минатиот натпревар во лигата и сигурно фановите на Сити ќе сакаат одмазда за голот во судиското продолжение.

Разорачувачки 2 недели за нас, испаѓање од Лигата на Шампионите, пораз од Челзи и нерешено со Блекбурн.Веќе титулата 90% е во рацете на Челзи, иако има уште 4 кола заедно со ова до крајот, не верувам дека Челзи би прокоцкале 4 бода предност.Доколку Руни биде фит сигурно пак ќе искочиме со 4-5-Руни формацијата, не ни сакам да помислам што ќе ни се случи ако пак играме со Бербатов.Мораме да се надеваме дека Валенсија и Нани ќе изиграат перфектно по крилата, заедно со Флечер на средината.Ќе мораме повторно да се молиме во Руни, како и цела сезона, да игра феноменално и да ги затне Сити заедно со Тевез.

Сити се во брилијантна форма.11 голови за 2 натпревари е фантастичен гол-скоринг рекорд,а и одбраната се чини дека им е многу подобрена од последниот наш натпревар.Борба за 4то место, фантастична форма, играње против градскиот ривал дома.Не постои поголема мотивација која некој тим би можел да ја има моментално, ќе играат со сите сили дефинитивно.Тевез и Адебајор во фантастична форма, Џонсон ќе мора да игра против Евра, Де Јонг и Бери во средината ќе додадат уште суровост во средината.Онуоха даде 2 гола со Бирмингем па можно е и него да го видиме во одбрана со Гаридо,Туре и Компани.

Можни состави:
Green

Onuoha - Kompany - Toure - Garrido

Johnson - De Jong - Barry - Bellamy

Adebayor - Tevez


live-match-v.gif


Rooney

Valencia - Fletcher - Scholes - Gibson - Nani

Evra - Rio - Vidic - Rafael

VDS


Мој тип:
Очекувам многу тесен натпревар, многу голови,борба на теренот и до крај на натпреварот.Сити нема да сакаат да изгубат повторно поготово кога Јунајтед е во мизерна форма, и сигурно дека ќе се борат за тоа толку посакувано 4то место кое носи во Лигата на Шампионите.Сите Манчестерски дербиња се неспоредливи за фановите на Јунајтед и Сити, поготово откако шеиците инвестираа во Сити.
Сити 2-2 Јун... шо се заебаам бе, ќе ги згазиме 0-5 :icon_lol:

Дискутирајте за натпреварот :smir:
 
Живот или смрт за двете екпи,последна шанса за Јунајтед да остане во игра за титулата доколку Челзи не победи кај Тотенхем,но доколку Тотенхем тепа на Сити му гори под нозе,со што му е загрозен пласманот во ЛШ.Се надевам на повторување на натпреварот од Олд Трафорд.Модераторите нека стават анкета?
 
Судиите ќе ја наместат утакмицата за Челзи да биде шампион.:back:
 
Очекувам интересен натпревар со многу голови, но потајно ... се надевам на победа на Јунајтед. ::D
 
мој тип 3-1 за сити :) во извонредна форма е тевез
 
Како што сите фанови ќе навиваат за Тотнем така јас навивам за Сити а и ова второво пореално ми изгледа:tv: ТЕВЕЗ ис тхе ман!
 
Очекувам натпревар со многу голови, како што знаат да изиграат и двете екипи, па нека победи подобриот(читај Сити:)).
 
Судејќи според моменталната форма и земајќи го фактот дека Тевез игра стратоен фудбал а посебно против Јунајтед тогаш ова е чиста победа за Сити и тоа со минимум 2 гола разлика ... :tv:
 
Тежок натпревар, неизвесно ќе е, сите опции се во игра:helou:
 
Очекувам Тевез да го истресе бесот врз "своите" за двата пораза кои ги претрпеа во доста неизвесни и тешки дуели, мислам дека и утре ќе биде така - динамичен натпревар со доста атрактивни потези од некои поединци и сето тоа да резултира со многу голови. Рафаел ќе има многу многу проблеми со Белами па таму и ќе биде слабата точка на Јунајтед, од друга страна Руни после повредата можеби и нема да блесне како што знае но ништо не се знае со организираната игра во средина на Јунајтед, се е можно.
 
Нема да биде лошо да се стави и 1 анкета :)
 
Натпреварот нема д аима многу голови. Премногу голем ризик е отворен натпревар за слабиот оваа сезона Јунајтед. Натпреварот може да го добие само со 0 - 1 а за тоа му е потребна д аја умртви играта. Инаку според мене веројатно ќе заврши нерешено и со тоа титулата ќе замине во ЛОндон, а Сити веројатно е 4 от патник во ЛШ
 
Да ,фали анкета за темава :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom