Сител телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Епа зошто гледа народот тогаш Сител ако велиш дека на многумина не им се свиѓа програмата? А дека народот гледа Сител и Канал 5, говорат и официјалните рејтинзи кои ги мери Нилсен како и тука така и во сите земји во регионот и во многу земји во светот. Народот гледа репризи на народни приказни, гледа репризи на Се или нешто, затоа и се дава тоа.
За домашна програма, она што го има Сител се вика лиценцирани шоу емисии како Dear or no deal и Ready steady cook, а такво нешто телевизии како МТВ и Телма не може ни на сон да си дозволат.

Порано се викаше дека лиценцирани емисии на Шител никогаш нема да има. Но има (откако ја затворија конкуренцијата).
Јас овде неколку пати побарав од еден член (не знам може си тоа ти) што многу често ги споменуваше рејтинзите да ги објави, но тој никогаш не ги објави. Еве сега ти ги спомнуваш па објави ги за да знаеме за што зборуваме.
 
https://www.youtube.com/watch?v=PIdBBln1P8s

Камерманот и тој ликот кој запишува кој број на кутија кога се отвора во тек на играта први сакаат да излезат од студио.
Ќе има барем промена во Се или нешто.
Ставиле и кутија со број 23.
 
Пред малку гледам, „на барање на гледачите“ ќе одела реприза на вчерашната емисија на Јанко Бурек на Сител 3. Не дека денес имало некој важен настан па да се дискутира за тоа. :icon_lol:
 
Пред малку гледам, „на барање на гледачите“ ќе одела реприза на вчерашната емисија на Јанко Бурек на Сител 3. Не дека денес имало некој важен настан па да се дискутира за тоа. :icon_lol:
Хахааа Јанкова работа:)
Синоќа гледав,и рече дека за вечерва ќе има гостин,и ќе разговараат за сеизмологија;)
Сега ќе испадне,по барање на гледачите,мора да ја репризира емисијата:)
 
Па тој јади бурек со професорот од изис му е најдобра емисија во неговата кариера.
Друга таква тешко дека ќе направи
 
Денес сите ќе кажат нешто.

Го бранат, демек бегал од напаѓачи некакви си, па затоа и го снемало од местото на судирот со автомобилите.
Антонио Милошоски на конференција ја фалеше работата на Спасов, и судирот со колите го маргинализираше и било тоа небитно.
 
А што е случката со Спасов? Не бев во можност да следам.
 
Па добро бе дали се нормални :гомце::гомце::гомце: од Шител? (знам прашањево е поставено сто пати)
Сега им фали уште да даваат серија за Млада Босна.
Не, им фали уште да го пренесуваат дневникот на РТС и се ќе биде комплетирано.
Кој ли им ја прави програмата, кој ли ги дава предлозите!
И најстрашно од се: КОЈ ГИ ОДОБРУВА ОВИЕ :гомце: ?
 
Што даваат, Велико српско посело?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom