Сирењето на Здравје Радово?

  • Креатор на темата Креатор на темата musketarr
  • Време на започнување Време на започнување
Здравје Радово е најголем производител на “сирење“ што не е сирење....
Или барем јас, старомодно, за сирење подразбирам нешто направено од млеко

Секоја чест на вработени луѓе, какви плати или услови дава на вработени или каде извезува, па носи некој девизен приход во државата.
Тие се едни од оние кои се криви за катастрофалната ситуација со млекарството кај нас.

Значи, произведуваа “ сирење“ со палмина или кококсова маст кое беше декларирано како СИРЕЊЕ со ознака АКЦИЈА. Ова е директна измама на купувачите, немаше никаква ознака дека е растително ( ова зборам пред години, не знам дали сега на амбалажата има декларирано)
На пазарот имаше производ со смешно нереални цени, далеку пред конкуренција.
Со таква измама растеше и имаше постојан раст во продажба.
Евтин производ предизвикуваше и другите млекари , под притисок на конкуренција, да продаваат поевтин производ, што го постигнуваа со намалување на цената на млекото кон фармерите.
Намалување на цената на сурово млеко, предизвика колапс на македонското млекопроизводство....( за ова има и Сведмилк заслуга...)

Од друга страна, Здравје има и сирење направено од млеко, кои ( барем порано ) имаа и добар квалитет, и повисока цена.
--- надополнето: 18 март 2013 во 14:18 ---


И од каде ке има млеко суровина за Суташ да работи ?
Јас за ЗДРАВЈЕ РАДОВО пишував во темата за купување на македонски производи во Август 2012 и уште тогаш кажав дека газдата е тежок мучкарош бидејки мој братучед има фирма за хемиски производи каде има снабдувано повеќе млекари и од него ја дознав правата вистина која млекара што продава.Еве го постот што го напишав тогаш:
http://forum.kajgana.com/threads/Ка...кедонски-производи.59062/page-17#post-5222368
 
За да може да просперира МК, тогаш најдобро би било граѓаните да купуваат домашни производи, (Македонски) инаку целиот приход оди во матицата од каде е производот, а граѓните се осиромашуваат. Тоа е еден вид на самокрадство.
Затоа по можност купувајте Македонски производи, мислам дека имаат нај малку конзерванти и детергенти на трајност.
Поз
 
У последно време осоговскиот кашкавал кравји/мешан е ко гума. Нема вкус на ништо, бљак.
тоа што го викате Осоговско и Здравје Радово ви е едно те исто истиот газда е уствари браќа се ;) од проверени информации еден другар работи таму и ми има кажувано дека само ѓи мењаат етикетите ако има потреба ОСОГОВСКО или ЗДРАВЈЕ РАДОВО :tapp:
 
Па тогаш подобро да не јадеме.:cuc:
До каде стигнавме?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom