Синтезис со одличен настап во Ханој

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.100
Веб-сајт
www.kajgana.com
sintezis2_0.jpg

Ханој, (22.02.2009) – Македонската етно група „Синтезис“ го одржа првиот концерт во градот Ханој, во Опера хаус.
sintezis4.jpg

„Воодушевување, изненадување и прекрасна публика, е нашиот коментар за концерот. За виетнамската публика специјално ја изведовме нивната народна песна „Кеј чук син“. Голем интерес има кај Виетнамците за нашите традиционални инструменти“, изјави Маријан Јовановски од Синтезис.

Членовите на „Синтезис“ се сретнале со студентите на Ханојскиот конзерваториум, кои студираат на отсекот етно-музика. На средбата биле презентирани сите македонски традиционални инструменти што „Синтезис“ ги користи во своите изведби.
Следно на распоредот на настапите на „Синтезис“ е концертот на 28 февруари, кој ќе се одржи во градот Хо Ши Мин, во престижниот „Сити хол“. За разлика од концертот во Ханој, настапот во Хо Ши Мин ќе биде заедно со балетско-симфонискиот оркестар под диригентската палка на маестрото Ле Фи Фи.
sintezis3_0.jpg

„Многу сме пријатно изненадени од гостопримството, љубезноста и од природните убавини на оваа земја. Следниот концерт што ќе биде во Хо Ши Мин е голем предизвик за нас, затоа што ќе настапуваме со нивната филхармонија“, изјави Анета Шуланковска од „Синтезис“.
 
Браво за Синтезис што ја претставуваат Македонија во најдобро светло. Прекрасна музика негуваат.
 
Не најдов друга тема за групава, па ќе пишам тука. Барам линк од торент или било што (ако може некој да ми upload) од целата дискографија на Синтезис. Најдов еден торент на гугла ама со 0 seeds е и треба цела недела да го чекам а ми треба поскоро.
Исто така барам линк и од дискографијата на Анастасија.
Чекам ПП
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom