„Син кит“ - опасна игра која одзема детски животи

  • Креатор на темата Креатор на темата katinakatalina
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
856
Сигурна сум дека имате чуено за оваа детска игра наречена плави кит и алармирањето на многу светски медиуми за нејзината опасност за здравјето на децата.
Оваа тема ја има на сите форуми освен на кајгана, па затоа мислев дека редно е и овде да се отвори и да продискутираме за неа, дали е навистина толку опасна, дали е можно една игра да натера некој млад човек да посегне по својот живот, да се самоповредува идр. прашања?
Дали некој од вас ја има играно оваа игра?
Можно ли е да е само повеќе медиумски исфорсирана фора?

Што и да е, сепак треба да бидеме претпазливи, да правиме контроли со што се занимаваат нашите деца за да не биде доцна за интервенирање.
 
Ниту еден здрав човек со здрав ум не би се нафатил да си се самоповредува, односно да се сече по раката и да си нацрата син кит... Односно тоа не е игра туку самоубиство. Кога викавме на шала едно време : Ке те самоубијам! Ете сега дојде и тоа време некој да те принудува сам да си пресудиш односно да се самоубиеш. Тој што ја создал оваа ``игра`` е вистински психопат. Метак во чело! Или подобро е да се најде некој што ке го натера сам да си ја игра сопствената игра!;)
 
Последно уредено:
Сигурна сум дека имате чуено за оваа детска игра наречена плави кит и алармирањето на многу светски медиуми за нејзината опасност за здравјето на децата.
Оваа тема ја има на сите форуми освен на кајгана, па затоа мислев дека редно е и овде да се отвори и да продискутираме за неа, дали е навистина толку опасна, дали е можно една игра да натера некој млад човек да посегне по својот живот, да се самоповредува идр. прашања?
Дали некој од вас ја има играно оваа игра?
Можно ли е да е само повеќе медиумски исфорсирана фора?

Што и да е, сепак треба да бидеме претпазливи, да правиме контроли со што се занимаваат нашите деца за да не биде доцна за интервенирање.
Неаме чуено дај објасни. Еве јас прогуглав.

Хмм природна селекција?

Инаку не, не треба да се контролираат децата. Треба да се направи искрен муабет со децата да им се објасни/научи што е штетно за нив и да се остави сами да направат избор.

Не можеме вечно да ги штитиме децата или да им дадеме рака секогаш кога ќе паднат. Пологично е да им објасниме дека „срањето“ е дел од животот и дека битно е кога ќе се сопнеш да станеш и да продолжиш.
 
Има еден филм Nerve(2016), истата тематика ја обработува.
Проблемот е што има многу лабилни деца кои би го направиле тоа. Страшно.
 
Уште пред неколку дена сакав да отворам тема во врска со „играта“ „Син кит“ (не Плави кит, тоа е српски), но не сакав да правам реклама на таков психопат кој ја измислил.:uzi:
 
Неаме чуено дај објасни. Еве јас прогуглав.

Хмм природна селекција?

Инаку не, не треба да се контролираат децата. Треба да се направи искрен муабет со децата да им се објасни/научи што е штетно за нив и да се остави сами да направат избор.

Не можеме вечно да ги штитиме децата или да им дадеме рака секогаш кога ќе паднат. Пологично е да им објасниме дека „срањето“ е дел од животот и дека битно е кога ќе се сопнеш да станеш и да продолжиш.

Не се согласувам со тебе, мораме да ги контролираме децата, живееме во лудо време на жалост.
Пред 20 и повеќе години вриеше деца по улици, по паркови, играа сами без присуство на родители и никој не се плашеше. Сега е језиво, незнае човек од што да се плаши, дали од реалниот живот кој врие од манијаци или пак од соц.мрежи полни со психопати кои многу добро умеат да навлечат млади неискусни деца. Како и да се завртиш, опасноста вреба од сите страни.
Треба апелирање на медиумите до родителите, до образовните установи, треба разговори и објаснување, не смее тек така безгрижно да се однесуваме.
 
Според мене луѓе што би почнале да ја играат оваа игра треба да се малку или повеќе попречени во менталното здравје, бурни реакции кај децата-нервоза, стресни ситуации, семејни проблеми, мислење дека не би можеле ништо да постигнат во животот или пак само љубопитност за Синиот кит што кажува ако си ја ставеш главата во торба тешко дека ке се врати назад... Затоа треба да бидат само оптимисти, но денес тешко се наоѓа таков возрасен или дете ...
 
Тој што ја создал оваа ``игра`` е вистински психопат. Метак во чело! Или подобро е да се најде некој што ке го натера сам да си ја игра сопствената игра!;)

Баш напротив , гениј е. Неарни се тие шо слушат наредби од порака на телефон. Баш тоа и изјави русинот кој патем е уапсен , целта на играта е сами да се истребуват слабите карактери и лабилните личности. Мислам кој нормален човек би се сечел и скокал од зграда , само заради тоа што му стигнала порака на телефон во која пише да скока? :pos:
 
Уште од кога излегоа првите така по заебани видео игри (така по gore, и насилни) веднаш почна да се тврди дека видео игрите предизвикуваат/потикнуваат криминал, насилно однесвуање, глобално затоплување итн нарушувања чеда мои божји.

Прво, нема ниедна студија која го потврдува ова (поврзаност на видео игрите со било какво насилно однесување), впрочем има многу кои го побиваат ова тврдење.

Второ, учесниците (играчите) се свесни дека тоа е видео игра - прават разлика помеѓу видео игра и реалност, реалниот свет. Тоа знаеш што значи?

Доколку неможат да ја праат таа разлика тогаш знаеш што значи тоа и плус за која болест станува збор?

Трето, да веруваш во овие глупости кои се пуштат по вестите треба да си морон или лице со психички предизвици. Секоја година има вакво нешто; игра, дрога, болест итн као демек која е тренд меѓу младите. Секоја година е тренд меѓу младите - со лоши, трајни последици (најчесто смрт), нон стоп по некоја случајност доаѓа од Русија, нон стоп по некоја случајност во ваквите глупости веруваат луѓе со краткотрајна меморија (сте ја заборавиле дрогата Крокодил) или луѓе коишто во 2017 година мислат дека земјата е рамна.

Секоја година ви пуштат "Баба Ваѓа предвиде тоа и тоа" само се менува годината, истиот рециклиран текст кој беше на мотика точка ком некаде 2006 година.
 
Последно уредено:
Нека се изтребуваат глупите бе, што... Зошто ни се?
Не е убаво така, исто и креаторот на играва, некој си 21 годишен русин го вели тоа..."биолошки отпад"така ги вика децата кои се лабилни адолесценти најлесни за манипулирање.
Само едно не ми е јасно во цела оваа приказна а тоа е дека играва треба да се игра секој ден во 04часот наутро, па зарем родителите не приметуваат дека секој ден децава им се будат рано и висат на компјутер!?
 
Логички видео игри = ДА!
Видео игри со насилство = НИКОГАШ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom