Сигурност кај плинските уреди

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.258
Поени од реакции
12.514
Синоќа гледав вести и ме замисли трагедијава.

25-годишниот Драган Стојчевски од Богданци го загуби животот, а две лица се повредени во сообракајната несреќа што се случила на патот Гевгелија-Богданци, на крстосницата кон селото Гавато.

До несреќата во 5 часот изутрина, дошло при директен судир на автомобил „Југо“ со велешки регистарски таблички управуван од починатиот Стојчевски и „Мерцедес“ со скопски таблички управуван од 41-годишната Г.Д.

При ударот „југото“ се запалило и целосно изгорело. На лице место изгорел и Драган Стојчевски а неговиот сопатник 24-годишниот Г.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен на клиничкиот центар во Скопје.

Во гевгелиската болница хоспитализирана е жената која управувала со „Мерцедесот“.

Се што можело да се запали целосно изгорело во „југото“, останале само каросеријата и плинската боца. Истражните органи се уште ги утврдуваат причините за несреќата.

bogdanci-soobrakajka.jpg


Дали мислите дека вината паѓа кај уредот, неговата "стручна" изведба или случајност е опожареното возилото, без разлика што има плински уред?
 
Мое мислење е дека е дојдено до пожар поради уредот кој го има местено некој наш сервис “стручрн“ за вградување плински уреди во возилото. Ретко се случува да се запали автомобил при сообраќајка доколку е целосно исправно и доколку сударот не се случил при огромна брзина така што мислам дека овде вината паѓа на тие кои го монтирале плинскиот уред.
 
Доколку е правилно монтиран плинскиот уред, нема шанса да остане доводот отворен доколку дојде до пожар и огнот да дојде до боцата (пред неа треба да има 3 или 4 сигурносни вентили)... Кој знае како е, можеби во Југото имало “див“ плин, а ако се сеќавате, многу пати застани до некое такво возило, се осеќа миризбата на плинот. Инаку и погоре е напишано, се е изгорено освен шасијата и плинската боца (која била доволно сигурна да не експлодира).
 
Мислам дека плинот е посигурен од бензинот .Можеби звучи чудно ама плинската боца да експлодира има помала веројатност од резерварот со бензин.Опасноста за екплозија на боцата е голема кога таа е скроз празна и тогаш иако со мала веројатност може да повлече оган и да експлодира. Сепак постојат повеќе сигурносни вентили кои спречуваат да дојде до такво нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom