Не знам колку од вас ја почувствувале темава, поминале низ таков период, и колку воопшто се сеќаваат на истиот. Ја љубам, потполно сум предаден на неа, како што не сум бил пред неа на никоја друга. Чувствувам дека не ми е возвратена љубовта. На моето „те сакам“, добивам некој недефиниран коментар. Го чувствувам студенилото на нејзините прегратки, униформираноста на бакнежот, и тоа боли. Кине, пријатели форумџии! Боли кога знаеш дека, додека ти седиш дома, потполно нефункционален поради нејзиното неприсуство, и додека непрестајно размислуваш за неа, тешко ти е, а не знаеш зошто, а всушност знаеш... Знаеш дека таа не ни помислува на тебе. Боли кога ќе ја планираш својата иднина со неа, а кога ќе сфатиш дека твојата љубов ја гуши. Ја гуши чистината на љубовта!? Се молиш и се обидуваш да добиеш некаков одговор, некаков коментар, критика, па макар и пцовка, а се што добиваш е молк. Специфичен молк. Најјезивиот молк кој некогаш постоел. И се плашиш, и те боли, и повторно си нефункционален, и повторно плачење... До кога?
Додека не посака да си оди, да биде сама, да не ја гушам, и до моето повторно молење да бидеме заедно, до моите по милион пати пронижени извинувања, а ни сам не сум свесен за што се извинувам... И жал ми е што ја мачам, затоа што во неа мислев дека сум пронашол среќа...Онаа среќа која неизмерно ми фалеше... А немам храброст да ја пуштам. И така молкот продолжува, до моето наредно извинување...