Си одам затоа што те сакам!

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
K

kat.<3

Гостин
можеби требаше темава да ја ставам во љубов, но сакам повеќе да ја гледаме од оваа другата, психолошката,страната на чувствата.
Насловот кажува се, но еве ќе кажам како е тоа за мене.

До каде може да стигне дарежливоста на љубовта. Може ли да се сака од себеси посилно, толку што кога ќе видиш во неговите очи дека веќе не си ти неговата среќа, ќе си заминеш зашто го сакаш, зашто пред твојата љубов за него доаѓа неговата среќа. Јас едноставно би замолчила и би заминала, знам дека немам сили да се борам, и на љубовта кога е вистинска не и треба борба, и нема ништо поважно за мене од неговата среќа. Како кога можеш да го погледнеш во очи и да кажеш "те сакам, го знаеш тоа, сакам се во тебе јас, од љубовта во твоите очи одамна нема траги, не можам да те принудам на сила да ме сакаш, не сакам да те повредам, ја нема во тебе љубовта. Си одам зашто те сакам од себеси посилно знаеш ти, си одам зашто те разбирам, не си одамна среќен со мене ти. По навика пак кажуваше ти дека се е како порано, но гледам јас во твоите очи од рамнодушност траги."

Што би направиле вие тогаш, колку може вашата љубов да биде дарежлива, дури и да боли, може ли да се сака од себеси посилно, можете ли да кажете на вашата љубов, си одам затоа што те сакам ??
 
Така е. Секој нормален и зрел човек треба да најде сила во себеси да го ослободи тој што го сака, не да го гуши. Имав и јас такво искуство со таа разлика што јас бев гњаваторот :). А она имаше и премногу трпение према мене. Но полека полека созреав и јас. Но сега после повеќе години ситуацијата се смени, таа ме сака мене :), но не фала веќе. А не мора да биде љубов, може и пријателство. Еден човек не сфаќа дека ми е проклето досаден и антипатичен и мисли дека сме уште пријатели како порано. Но јас се сменив, он не, уште исти идеи, сфаќања и комплекси го држат а тој мисли дека тоа е во ред. Жал ми е да го откачам, а и некако глупо бидејќи долго се знаеме и доста имаме проживеано, но имам механизам против него... :)
 
Па вака... Точно е тоа што викаш во вистинската љубов дека личноста повеќе го сака партнерот од себе и го става пред себе (барем кај мене така стојат работите :)) и ако гледаш дека од нејзина/негова страна нема љубов треба да го ослободиш од стегите затоа што го сакаш повеќе од себе и не сакаш да не му наштетиш. Но... од друга страна и себе си си правиш услуга (иако на почетокот е болно)така што и ти се ослободуваш од стресот (сепак поболно е да не знаеш на што си и цело време да си ја удираш главата во ѕид). Значи поентата ми е точно - си одиш затоа што ја сакаш личноста и не сакаш да ја гушиш но сепак со тоа и ти се ослободуваш од стегите па макар и биле многу болни на почетокот.
 
Вакви Ромео - Јулија напади не ми се својствени и многу ми делуваат лажни:)
Љубовта е љубов, ако некој го сакам ќе сакам да сум со него секој момент, а можам да го сакам само оној кој ми возвраќа на тоа...Така да оваа ситуација за мене е навистина чиста филозофија:)
 
секако дека љубовта е вистинска само кога постои љубов од двете страни, и дека можеш да го сакаш само оној во чии очи ја гледаш љубовта за тебе. но во тоа да си заминеш кога гледаш во очите на оној кој си го сакал дотогаш од себеси посилно, дека љубовта ја нема повеќе нема никаква филозофија, и да постапиш така за мене е дарежливо, и не е воопшто лажно.

сепак секој мисли различно за тоа, и јас го почитувам твоето мислење:smir:.
 
Е па ако нема веќе љубов, разделбата веќе се подразбира:toe:
 
Been there, done that.
Бев (и уште сум) убеден дека требаше да сме заедно. Верував во заедничка иднина. Во непостоење на друг кој ќе не замени нас како пар, како целина, како едно...
Но, по пат увидов дека тешко ќе опстоиме на овој начин на кои ни беа наместени работите а таа не беше спремна (доволно "печена"?) за да поработи на нивно менување. Гледав тага во нејзините очи премногу често.
И ја пуштив да си оди на крај. Но не на начин на кој и двајцата ќе се разделиме и ќе ја сносиме болката, туку така што го сменив мојот однос према нејзе последните неколку месеци. Го влошив, за да прекине да ме сака иако длабоко во себе посакував да не се однесувам така бидејќи тоа не сум јас.
Одбрав јас да тагувам за двајцата. Таа сакам да е среќна. Во моментов и засекогаш. Го заслужува тоа како никој друг.
Бидејќи ја сакам.

Догледање. Се гледаме во спомените.
 
секако дека љубовта е вистинска само кога постои љубов од двете страни, и дека можеш да го сакаш само оној во чии очи ја гледаш љубовта за тебе. но во тоа да си заминеш кога гледаш во очите на оној кој си го сакал дотогаш од себеси посилно, дека љубовта ја нема повеќе нема никаква филозофија, и да постапиш така за мене е дарежливо, и не е воопшто лажно.

сепак секој мисли различно за тоа, и јас го почитувам твоето мислење:smir:.
Искрено, муабетов ама ич не ви држи вода. Прва работа-за да направи ваква ствар човек треба да е издигнат над ствари ко себичност, егоизам и да е апла емпат, а тоа никад нема да се деси, освен нормално на шпанска серија и во некое corny дело со лесно-еротска содржина.

Еве ви ја реалноста (демек не ја знаевте)-сите сме исти гомна. Програмирани сме да делуваме онака како што е најдобро за нас, и да го задржиме она што го сметаме за свое по секоја цена.

Поголема е веројатноста да се правиме слепи пред нељубовта на саканиот, и да го користиме секој момент што е со нас во надеж дека работите утре ќе се сменат.
 
Програмирани сме да делуваме онака како што е најдобро за нас, и да го задржиме она што го сметаме за свое по секоја цена.

Нема благе везе. Некои од нас пред својот "интерес" го гледаат "интересот" на партнерот (заб. ав. интерес замени го со среќа).
Во оној момент кога ќе осетам дека онаа што ја сакам повише од себеси е несреќна, а јас ја правам несреќна и немам моќ да ја направам среќна, го жртвувам мојот "интерес" поради нејзиниот.
Знаеш, не сакам да видам тага во очите на партнерот поради состојбата во која во моментов сме па одбирам да ја пуштам.
Кукавица сум?
Буљаш?
Се тоа држи вода дур не се докаже спротивното...
 
Искрено, муабетов ама ич не ви држи вода. Прва работа-за да направи ваква ствар човек треба да е издигнат над ствари ко себичност, егоизам и да е апла емпат, а тоа никад нема да се деси, освен нормално на шпанска серија и во некое corny дело со лесно-еротска содржина.

Еве ви ја реалноста (демек не ја знаевте)-сите сме исти гомна. Програмирани сме да делуваме онака како што е најдобро за нас, и да го задржиме она што го сметаме за свое по секоја цена.

Поголема е веројатноста да се правиме слепи пред нељубовта на саканиот, и да го користиме секој момент што е со нас во надеж дека работите утре ќе се сменат.

можеби во овие денешни денови поголема е таквата веројатност за мнозинството, но затоа што познавам несебични луѓе на кои среќата на другиот им е поважна од нивната, за мене и за нив друга е веројатноста.

Нема благе везе. Некои од нас пред својот "интерес" го гледаат "интересот" на партнерот (заб. ав. интерес замени го со среќа).
Во оној момент кога ќе осетам дека онаа што ја сакам повише од себеси е несреќна, а јас ја правам несреќна и немам моќ да ја направам среќна, го жртвувам мојот "интерес" поради нејзиниот.
Знаеш, не сакам да видам тага во очите на партнерот поради состојбата во која во моментов сме па одбирам да ја пуштам.
Кукавица сум?
Буљаш?
Се тоа држи вода дур не се докаже спротивното...

за мене не си кукавица, но си личност во целата смисла на зборот, сега гледам дека иако малку се постојат на земјата луѓе како ти:smir:.
 
Во оној момент кога ќе осетам дека онаа што ја сакам повише од себеси е несреќна, а јас ја правам несреќна и немам моќ да ја направам среќна, го жртвувам мојот "интерес" поради нејзиниот.
Болдираното е најважниот момент. Некои луѓе баш тој дел никогаш не го сфаќаат, тоа ми е поентата. Се поправам. Не некои, повеќето.:)
 
Види скул, јас и ти се знаеме. Сме пиеле кафе, буквално :)
Е сега, потсети се на некои работи кои ги носам јас со себе дури и кога пиевме кафе. Тоа се некои работи што јас постојано ги носам со мене, без разлика дали ги сакам или не. Додај малку зачин на тие работи (плус уште неколку) и ќе ја добиеш приближната слика во која јас и ти се наоѓаме. Неспорен е фактот дека те сакам премногу и дека ти мене ме сакаш премногу, но, оние работи те гушат. Несреќна си. Несреќна си поради оние работи што не можам јас кај мене да ги сменам, а за оние другине неспремна си "да ни помогнеш" на двајцата. Збориме за неспремност, не за несакање. А знам дека ме сакаш многу. И ти го знаеш тоа.
И знаеш, мене ме пизди тоа што секој пат кога ќе те видам ти наместо да ме бакнуваш, ми плачеш. Ме пизди и да го слушам твојот плач премногу често кога зборуваме на телефон. Знаеш, тажна навистина си. И според моите пресметки така ќе треба да си уште некое време.
И одбирам да те пуштам, заради твое добро.
Немој да речеш дека тоа го правам бидејќи не те сакам. Мојата душа најдобро го знае тоа.
 
Оф, тешка тема, ама многу вистинита. И како и секогаш, луѓето повеќе сакаат да веруваат во лагите, отколку во вистината, бидејќи вистината во овој случај подразбира борба и надвладување на самиот себеси, на своите егоистични и себични потреби.

Да, постои оваа состојба, но ретка е. Тоа е онаа вистинска љубов, безрезервна, кога нема задршки, бариери и страв, целосно предавање на битието (не е потчинување, да не ме разберете погрешно). Кога човек е спремен да оди до крајот на вселената, кога има сила да го преврти наопаку целиот свет, кога е спремен да го даде и сопствениот живот за среќата на другиот.

Не можам да опишам, а не се ни трудам. Да го оградиш таквото доживување во зборови е неможно. Блажени се оние кои ја искусиле ваквата љубов, бидејќи после тоа се менува целиот став и перцепција на она што дотогаш значело "вистински да љубиш".
 
Значи сме ставени во точка на размислување за љубови кои се неможни за нивен опстанок...Спречени од овој или оној фактор...А тоа го дефинираме како за доброто на другиот, и откажување од таа љубов...
Мене тука пак ми фали некој процент за да се нарече истата голема, вистинска, исконска, племенита или како и да ја наречете љубов? Во таквата љубов не постои откажување...
 
Тоа ми беше и мене целта да го разбудам кај "неверниците" :)
Љубовта е многу моќно и силно чувство. Не можете ни да замислите што се може таа да направи за и од вас. Најголемиот дел од вас го немаат осетено тоа чувство во право светло, во она во кое има најголема смисла. Осигурете се да не отсуствувате наредниот час и слушајте внимателно. И научете.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom