Да!! пред една година сонував еден сон.. не е битно шо како се одвиваа настаните во сонот, зашто и не запамтив. единствено нешто што запамтив беше местото (како изгледаше и се тоа наоколу)...
после 3-4 месеци се случи да идам за прв пат на истото место од сонот. -за кое не ни знаев дека постои
Хмм... не верувам дека ми се прикажала, тоа повеќе би го нарекол коинциденција
Пред неколку години сонував цела недела земјотреси, рушевини пред да се случи еден поголем земјотрес во Скопје (околу 6 степени мислам дека беше).
Дали во сонот сте сонувале луѓе кои подоцна во реалноста навистина сте ги запознале?
Сакам да знам дали вас ви се случило да сонувате човек(кој досега не сте го виделе) подоцна во реалниот живот да го запознаете? На пример сонувате дете кое досега не сте го виделе,а потоа во училиште или факултет доага од друг град и го запознавате? <----Ова беше пример!!
Тоа не... ама сум сонувал цели настани кои подоцна се реализирале... еднаш цела лекција по историја ја иамв сонувано и наредниот ден кога раскажуваше наставничката и реков : Наставничке ние ја имаме работено оваа лекција
Сонував едно бебенце како го штитам од една стара жена облечена во црно, после 2-3 дена седев на плажа со другарките и дотрча едно малечко до мене, истото, со црно виткано косиче и плави очиња, ме гушеше цело време, баба му и дедо му кажаа дека инаку не дозволувало некој непознат да го гушка.
Ептен бев зачудена...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.