Што ви е најчудно во сонот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Да, ми се има случено да сонувам сон и утредента да ми се оствари на ист или сличен начин. Така еднаш сонував пред едно 2-3 години како се удирам во школо во тој што ми се допаѓаше, затоа што и двајцата бевме свртени со грб еден кон друг,и како на него му паѓаат книгите што ги држи во рака...Утредента само што и го раскажав сонот на една другарка, ѕвонеше за одмор, и тргнавме да смениме кабинет и сонот ми се оствари исто како што го сонував:)
 
Многу пати...е сега не мора баш исто како шо си го сонувал,на пример можи според преносното значење.Велат дека најмногу ти се остварува она што го сонуваш од Недела кон Понеделник.. е сега не знам.Јас имам сонувано од недела кон понеделник дека сум си купувала патики-тоа значи дечко.И во Петокот си фатив дечко и носеше исти такви патики какви шо сонував дека сум си купила.Смешки... :vozbud:
 
Мене ми се случува исто како што ќе го сонам истата сцена ама до детал да ми се повтори дури многу ме чуде тоа :nesvest: ја па си мислав некоа моќ имам даа :nesum: :wink:
 
Мене ми се случува исто како што ќе го сонам истата сцена ама до детал да ми се повтори дури многу ме чуде тоа :nesvest: ја па си мислав некоа моќ имам даа :nesum: :wink:
А бе преку сонот можам да предвидам нешто (некоа случка од иднина), па тоа ми се дешава дури и кога сум буден особено кога сум завеслан негде сепак мислам на нешто во иднината (СКРОС ИСТО :tapp:) и после се чудам кога ќе се деси таа случка и си викам ова го имам предвидено??? Особено во хороскопот шкорпиите (Јас сум шкорпија) можат да предвидуват некако...Со тоа се уверив кога кажа Драгче (Онаа што предвидува за хороскоп) Кажа што е посебно кај нивните хороскопски знаци...Чудно нели? :toe:
 
Да повеќе пати ама баш истата случка што сум ја сонувал се имаше случено после сонот :toe:
 
Сонував како јас и другарките ми(4), се бркаме на Исарот- Штип, во сокачињата меѓу куќите, каде никогаш не сум била и на крај дојдовме до пред една црква со балкон, а на балконот св.Јован Крстител во фармерки и црвена блуза на него, стои и со насмевка на лицето ни вели одозгора, застанете на плочава да ви кажам уште колку години ќе живеете.Плочата на која бевме почна да се клати и крши во броеви. Јас стоев помеѓу кецот и двојката, а десно од мене другите.Едно време во стравот да не пропаднам, сите до мене се најдоа во црквата внатре, се свртев и видов вратата беше отворена, свеќи запалени и ми мавтаат со рака како да ме повикуваат да дојдам таму. Не се мрднав од плочата- неможев и се разбудив. Мајка ми ми кажа дека таму имало црква Св.Јован Крстител и тргнавме натаму. И реков да ме остави јас да водам и по истите тие сокачиња кои ги сонував навистина стигнавме пред црквата, но таа беше подолу и не изгледаше исто како на сонот. Зборувавме со попот и замислете, ми кажа дека порано таму каде што покажав била црквата св.Јован, но разрушена. Се фрапирав начисто! А за броевите на плочата или годините како што кажа светецот, попот само ми кажа дека не се овдешните броеви исти како на "небесата" -кај светците.
Дали не е сонот дека од претходноста иднината сторила- направила нешто друго- идно ?!? Мислам, да.
А за дежа ву ? - има колку сакаме слични сокачиња, куќи, ридчиња кои навистина си личат едни со други, па да си помислиме дека е веќе видено и тоа без разлика дали на јаве или тв., а не се сеќаваме, па да индетификуваме.Но не сите тие сличности водат до конкретен детал како што ете сонот ни го покажал и сведочи за тоа.
Има нешто, верувам!
 
многу пати порано повеќе сеа слабо
 
мене ми се случи еднаш, ама доста вредно:pos2:
шо беше работата. имав една комшивка која е некои 5 години постара од мене, ама се имавме онака ко пријатели и неколку пати се случуваше пред да си иде од диско она, да ме праша дали ќе си одам и да си одиме заедно т.е. да ја испратам. и се случуваше тоа така 3-4 пати без да се случи ништо повеќе, со едно чао и бакнеж во образ за добра ноќ. потоа една вечер сонував, како се случува истото т.е. ја испраќам јас неа, но кога стигнавме пред нејзината куќа, јас и викам као, може ќе ми се лутиш, ама ова морам да го направам и после страсно ја залапувам. и Што се случи? следниот викенд или по 2 недели не е битно, доаѓа она во диското до мене и ми вика, ајде не си одиме? и јас и викам, па ајде. и си одиме и мене ми се враќа сонот во главата и се двоумам дали да го направам тоа. и стигнуваме пред нејзината куќа, и таа ми вика ајде чао, ќе се видиме, и да ме бакне...ама наместо во образ, ме залапува...уфф шо се не поминавме после заедно...битно, на темава, ми се има ова случено, можда не е идентично сонот со случката, ама главниот дел е ист.
 
Да! Еве доказ...
11rw9.png

Инаку натпреварот заврши нерешено и на крајот победија Фени - не го памнам резултатот, а постот го пишав пред 7-8 дена пред натпреварот :nesum:
 
За оваа појава има научно објаснување.
Имено, под одредени услови (замор, недоволна наспаност - кошмар, лоша исхрана итн) доаѓа до непрецизна перцепција (зборувам за тоа кога човекот е свесен), т.е. перцепцијата (информацијата) која преку нашите очи стигнува до мозокот не е синхронизирана. Едното око побрзо ја пренесува и потоа доаѓа до преклопување со информацијата од другото око која доцни. Бидејќи нашата меморија работи и по аналогија (ги поврзува старите искуства со новите), ни се причинува дека ни се случува deja vu. Веруваме во она што сакаме да веруваме, а не во тоа што навистина е. Преку тој филтер работи нашата перцепција и ум, затоа ни се случува тоа.
Ова е еден начин на објаснување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom