- Член од
- 11 декември 2023
- Мислења
- 54
- Поени од реакции
- 151
Во време кога редпил подкастите се множат како стаорци во Скопје, сфатив дека како жена која е речиси во средината на 30 тите години и без стабилен партнер, дека можеби се во право кога велат дека со растење ( зголемување ) на стандардите - се потешко и потешко е да најдеш соодветен маж. Во овие години сфатив и дека физичката привлечност на одреден маж многу брзо ми „ветрее“ како аргумент да го задржам и од овој аспект сакам да ве прашам драги мои дами, колешки сопатнички во потрагата по маж - кои се вашите 3 нешта преку кои не би преминале т.е. заради кои би исклучиле маж од селекцијата.

