Има повеќе работи што ме нервираат...
на пример неконтролирано манијачко свирење на возачите, што у принцип си го објаснувам со тоа што голем дел од 'граѓаните' скокнале фаза од еволуцијата (од магаре-оп у кола) па едноставно не знаат како софистицирано да изразат возачка емоција.
Второ што ме нервира (у ствари повеќе ме вреѓа) е расфрлано ѓубре, особено околу контејнерите во центарот на градот-тука може да се најдат остаоци во разни фази на распаѓање (24/7).
Потоа како некои граѓани (во зградите во центар) ги хранат локалните животинки (мачки, голуби и остали) со едноставно лиснување на помии низ прозор-од повисоките катови. Ова у ствари е и поучно, бидејќи на дело може да се види животинска кохабитација-кучиња, мачки и поситна живина, иако дел од еден ланец на исхрана, заедно мирно си живеат и се хранат (од иста чинија).
Да не зборам за другите "хигиенски" навики на градските станари-слободно може некој да ти истресе чаршав на глава, после ручек нели треба да се истресе чаршавот, особено док шеташ покрај блокот од Градски Ѕид...
Ме нервира простаклук, кога човек што прв пат те гледа ти се обраќа со ТИ, тоа што постарите госпоѓи ги ословуваат со "бабо" (и уште полошо -"мајче")-подобро си прошол со "тетко", тоа што и младо и старо го има заборавено зборот ИЗВИНИ и БЛАГОДАРАМ, тоа што луѓе гардеробата за на плажа ја шетаат низ град...и многу други "ситници" кои немилосрдно не потсетуваат од каде у ствари сме...