Што ве нервира во вашиот град?

  • Креатор на темата Креатор на темата Kvendolin
  • Време на започнување Време на започнување
Како што проаѓа времево така откривам колку е мало Скопјево а тоа ужасно ме нервира. Секој секого знае, знае што направил, со кого направил,... дур да трепнеш цело Скопје дознало, колку шпански серии се дешаваат нешто неверојатно, таман ќе си речеш си заознал некој нов стално испаѓа абе бил бивши на онаа или сестра му се мувала со другар ти или на другарка ти другарка го свигала идел со бившата на дечко ти абе свашта...
 
kurvite narkomanite bilderite mentalitetot nacinot......momentalno se
 
Me nervira gjubreto i guzvata.....skopje e prenatrupano so naroddd :nesum:
 
Ѓубрето, улиците, тротоарите и голем дел од народот заради начинот на кој размислува!
 
Me nervira sto se ogovaraat megusebno site eden so eden vo grad Kavadarci :pishtoldz
 
прашај ме ...што не ме нервира!!!!
 
Народов пред се ! Мислам одредени фаци што продале ниви, дошле во Скопјево земале стан кола и мислат дека господ за муда го фатиле ( со извинување ).... Понатаму гужвата аууф посебно кај 4 или 5 поручек кога има река од коли... Автобусине ( се молам некогаш да ми дојде пристоен автобус да не мора да оглувам до дома од брмчењето ), за народот внатре мислам секогаш се поединци нели што можат од такт да те извадат... Педофилине, неизмиени луѓе со голема буѓа под мишка па коа ќе дигне рака те усмртува на место и уште мн други ситници што знаат да те извадат од такт.. За градов и неговите недвижнини што да кажам ?! Згради никнуваат од сегде, како пример може да послужи
К. Вода која сега моментално е голема затка, посебно улиците нема место за кола а да не збориме за пешаци....
 
И плус чадот и смогот, загаденоста и некултурата на граѓаните, посебно сообраќајната.
 
Mе нервира што е толко мал...:uvo:
 
најмногу во Охрид ме нервираат "пацерите" што свиркаат и псотојано повторуваат : срце шо прајш ма? зш ма не ми зборвиш? важна се прајш? ела ма врати се...:uvo:
и ме нервираат бабичкине од сокачињана: ојте си дома, касно е, немојте да ми се дрогирате под балконов ѓубре да ми прајте...во "милиција" ке се јавам бегајте ( и излегува со метлата во раце)
 
Има повеќе работи што ме нервираат...
на пример неконтролирано манијачко свирење на возачите, што у принцип си го објаснувам со тоа што голем дел од 'граѓаните' скокнале фаза од еволуцијата (од магаре-оп у кола) па едноставно не знаат како софистицирано да изразат возачка емоција.
Второ што ме нервира (у ствари повеќе ме вреѓа) е расфрлано ѓубре, особено околу контејнерите во центарот на градот-тука може да се најдат остаоци во разни фази на распаѓање (24/7).
Потоа како некои граѓани (во зградите во центар) ги хранат локалните животинки (мачки, голуби и остали) со едноставно лиснување на помии низ прозор-од повисоките катови. Ова у ствари е и поучно, бидејќи на дело може да се види животинска кохабитација-кучиња, мачки и поситна живина, иако дел од еден ланец на исхрана, заедно мирно си живеат и се хранат (од иста чинија).
Да не зборам за другите "хигиенски" навики на градските станари-слободно може некој да ти истресе чаршав на глава, после ручек нели треба да се истресе чаршавот, особено док шеташ покрај блокот од Градски Ѕид...
Ме нервира простаклук, кога човек што прв пат те гледа ти се обраќа со ТИ, тоа што постарите госпоѓи ги ословуваат со "бабо" (и уште полошо -"мајче")-подобро си прошол со "тетко", тоа што и младо и старо го има заборавено зборот ИЗВИНИ и БЛАГОДАРАМ, тоа што луѓе гардеробата за на плажа ја шетаат низ град...и многу други "ситници" кои немилосрдно не потсетуваат од каде у ствари сме...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom